Економско поведение

гранка на економијата
(Пренасочено од Економско однесување)
Економија

Општи аспекти

Историја на економските теории
Микроекономија · Макроекономија

Методологија

Поведение · Информациска
Економетрија · Развојна
Опитна · Теорија на игрите
Математичка

Специјалности и субспецијалности

Развој · Раст · Историја
Меѓународна трговија · Трудова
Благосостојба · Финансиска
Монетарна теорија · Јавен сектор
Индустриска организација · Право
Еколошка · Економски системи
Природни ресурси · Аграрна
Животна средина · Регионална наука
Урбана · Култура · Здравство

Списоци

Журнали · Публикации
Категории · Теми · Економисти

Портал економија

Поведението во економијата и сличните истражувани полиња, финансиското поведение, ги проучуваат социјалните, когнитивните и емоционалните фактори на поединечните и институционалните економските одлуки, како и последиците од промената на пазарната цена, профитот и алокацијата на ресурси. Примано, овие две полиња се насочени кон истражување на ограничената рационалност на хомоекономистите. Моделот на поведение е интегриран од психологијата на нео-класичната економска теорија. Притоа, тоа покрива спектар на концепти, методи и истражувачки полиња.[1]

Анализата на поведението не е целосно сконцентрирана кон ефектите на пазарните одлуки, туку и кон потрошувачкиот избор, што, пак, опишува друг извор на економски одлуки со сродни предрасуди кон промовирањето на личниот интерес.

Постојат три истражувани теми кои преовладуваат во финансиското поведение:

Проблеми во економското поведение

уреди

Финансиско поведение

уреди

Главниот проблем на финансиското поведение е објасувањето зошто учесниците во пазарот прават систематски грешки кои влијаат на цените и на профитот создавајќи пазарна неефикасност. Исто така, финансиското поведение истражува и како останатите учесници ја арбитрираат таквата пазарна неефикасност.

Финансиското поведение го потенцира преценувањето или потценувањето на реакциите од разни информации што предизвикува пазарен тренд (и во екстремни случаи финансиски меур или пад на берзата). Таквите реакции им се припишуваат на ограничото внимание на инвеститорите, преголемата самодоверба, преголемиот оптимизам, групните инстикти и бучното тргување.

Други клучни набљудувања ја вклучуваат асиметријата помеѓу одлуките да се стекнат или задржат ресурси (позната и како парадоксот „птица во грмушка“) и загубена аверзија, неподготвеноста да се изгубат вредни поединечни или институционални поседи. Загубената аверзија се манифестира во поведението на инвеститорите како неподготвеност да се продадат хартии од вредност или друга сопственост доколку тоа резултира со номинална загуба.[2] Може да помогне и во објаснувањето зошто цените на недвижнините ретко/полека опаѓаат до ниво на пазарно расчистувње за време на периоди со мала побарувачка.

Бенарѕи и Тајлер во 1995, применувајќи верзија на перспективната теорија, тврдат дека ја решиле загатката на капитална премија, нешто што конвенционалните финансиски модели до сега не успеале да го решат. опитните финансии се засноваат на опитен метод, на пример: создавајќи вештачки пазар, со соодветен софтвер за симулација, да би го проучувале процесот на донесување одлуки и поведението на луѓето вклучени во финансиските пазари.

Квантитативно финансиско поведение

уреди

Квантитативното финансиско поведение се служи со математичка и статистичка методологија за да ги разбере предрасудие во поведението. Во маркетиншкото истражување, една студија придонела малку докази за тоа дека ескалацијата на предрасудите влијае врз маркетиншките одлуки.[3] Помеѓу најголемите придонесители се вклучени и: Гундуз Чагиналп (уредник во „Journal of Behavioral Finance“ од 2001-2004) и неговите соработници вклучувајќи го и нобеловецот од 2002 Вернон Смит, Дејвид Портер, Дон Баленович[4], Владимира Илиева и Ахмет Дјуран[5] и Реј Стурм[6]

Финансиски модели

уреди

Некои финансиски модели употребувани во менаџментот и во вреднувањето на средствата вклучуваат и параметри на финансиско поведение, како на пример:

  • Моделот на Тајлер за ценовната реакција од информациите со две фази - потценување-прилагодување-преценување, создавајќи пазарен тренд
Едно карактеристично преценување се воочува во ситуација кога просечните приходи се намалуваат по објавена добра вест, но по објавена лоша вест истите се зголемуваат. Со други зборови, преценувањето се појавува кога пазарот реагира пресилно или предолго на одредена вест, што бара прилагодување во спротивната насока. Како резултат на тоа, средствата кои се зголемуваат во еден период најчесто се намалуваат со периодот кој следи;

Критики

уреди

Критичарите како Јуџин Фама изразуваат типична поддршка за ефикасните пазарни хипотези. Тие тврдат дека финансиското поведение е повеќе збир од аномалии отколку вистинска гранка на финансиите и дека овие аномалии се или брзо ценовно исфрлени од пазарот или, пак, објаснети со засновање на аргументите на пазарната микроструктура. Како и да е, поединечната когнитивна склоност се разликува од социјалната склоност; претходникот може да биде отфрлен од пазарот, додека другиот може да создаде позитивна повратна врска која би го однела пазарот подалеку од рамнотежната објективна вредност. Слично на тоа, за аномалија да ја повреди пазарната ефикасност, инвеститорот мора да биде способен да тргува против нејзе и да заработи абнормален профит, што не е случај кај повеќето аномалии.[7]

Конкретен пример на овие критики се појавува во некои објаснувања на загатката за капитална премија. Дебатирано е дека причината се влезните бариери (и физичките и психолошките) и дека повратокот на средства помеѓу акциите и обврзниците треба да биде изедначен како отворен електронски ресурс за повеќе трговци на пазарот на хартии од вредност.[8] Како одговор на ова, други тврдат дека повеќето лични инвестициони фондови се менаџираат преку пензиските фондови, минимизирајќи го ефектот на овие наводни влезни бариери. Како додаток на ова, професионалните инвеститори и менаџерите на фондовите се чини дека поседуваат повеќе обврзници отколку што некој би очекувал со оглед на разликите при враќањето на средствата.

Однесување во теоријата на игри

уреди

Однесувањето во теоријата на игри е тема кој ги анализира интерактивните стратешки одлуки и поведението при употребата на методи во теоријата на игрите,[9] опитната економија и опитната психологија. Опитувањето вклучува отстапување од типичните поедноставување на испробувањето на економската теорија, како на пример независноста на нерелевантните алтернативи[10] и алтуризам[11], фер поделба[12] и ефекти на кадрирање[13]. На страната на позитивната економија методот се применува за интерактивно учење[14] и социјални предности.[15][16] Како истражувачки програм, темата е во подем во последните три декади[17]

Економско резонирање кај животни

уреди

Голем број на компаративни психолози на универзитетите во САД се обиделе да демонстрираат економско резонирање кај животните. Раните обиди на ова поле биле фокусирани кон поведението на лабораториските стаорци и гулабите. Овие изучувања се направени за постулати од психологијата на поведението, каде главната цел е да се открие аналогија со човековото поведение кај опитно приспособени животни. Тие се, исто така, методолошки слични со работата на Чарлс Ферстер и Б. Ф. Скинер.[18] Покрај методолошките сличности, раните истражувања врз животните отстапуваат од бихевиоризмот во нивната терминологија. Исто така, ваквите истражувања се спроведуваат во управувани комори, употребувајќи храна како награда за пробивање или странично притискање, а истражувачите, страничното притискање и пробивањето, не го опишуваат како засилување и стимулансен одговор, туку како работа, побарувачка, буџет и работна сила. Неодамнешните истражувања приспособиле малку поразличен пристап употребувајќи поеволутивно, перспективно и споредливо економско поведение на луѓето со примати.[19]

Животните како човечки аналог

уреди

Многу рани истражувања на животинското економско резонирање биле спроведени на глувци и гулаби во стручно управувани комори. Овие истражувања се насочувале кон работи како број на пробивања (во случајот на гулабите) и број на странични притискања (во случајот на глушецот) во строго одредени услови и наградувања. Раните истражувачи тврдат, на пример, дека шемата на дејствието (пробивање/странично притискање) е соодветна аналогија на човековиот паричен надоместок за одредена извршена работа.[20] Истражувачите од ова поле се залагаат за соодветна употреба на економското поведение на животните за да би се разбрале елементарните компоненти на човековото економско поведение.[21] Во книга на Баталио, Грин и Кегел од 1981, на страна 621 тие напишале:

Просторното размислување не дозволува детална дискусија за причините зошто економистите треба сериозно да ги прифатат истражувањата на економските теории направени врз нечовечки субјекти...(Изучувањата на економското однесување направени врз животни) обезбедуваат лабораторија за идентификување, испробување и подобро разбирање на оптите закони на однесувањето во економијата. Употребата на овие лаборатории се темели врз фактот што однесувањето, како и структурата, континуирано варира кај разни видови и дека принципите на економското однесување ќе бидат единствени помеѓу принципите на однесување доколку тие не се приспособат, со некои промени, се разбира, на однесувањето на животните.

Исплата за вложен труд

уреди

Типичното лабораториско окружување за изучување на трудовата понуда кај гулабите е поставена на следниов начин: најпрво гулабите се лишени од храна; откако тие ќе огладнат, храната станува силно посакувата; потоа се сместуваат во комора со строго управувани услови и се учат на ориентирање и истражување на околината во комората осозавајќи дека доколку ги клукнат малите предмети (кои се претходно поставени) поставени на кошевите од комората ќе им биде доделена храна. По одреден временски период, собирањето на предметите станува сè позасилено, асоцирајќи ги на храна.

Во овие услови, се вели дека гулабот „работи“ за да добие храна. Во овој случај храната кореспондира со валутата која ја употребува човекот. Вредноста на валутата може да биде приспособена на неколку начини, вклучувајќи го и количеството кое им се доставува на гулабите, временското растојание од една до друга достава и видот на храна која им се дава (некоја храна е по посакувана од друга).

Истражувањето покажало и дека гулабите прекинуваат/работат помалку кога ќе им биде намалена храната. Истражувачите тврдат дека тоа е истото економско поведение кое се појавува и кај човечката трудова понуда.[20]

Побарувачка

уреди

Кај економијата на луѓето, стандардната крива на побарувачка е негативна. Ова значи дека како што цената на одредено добро расте, така побарувачката на истото добро се намалува. Истражувачите кои ја изучуваат кривата на побарувачката кај животни како глувците, забележале дека таа има негативна наклонетост во согласност со наклонот на кривата на побарувачката кај луѓето.

Истражувачите ја изучувале побарувачката кај глуците на начин различен од истражувањето на трудовата понуда кај гулабите. Да речеме дека имаме екпериментален предмет, глушец, во управувана комора и дека сакаме да притиснат дугме за да добијат награда. Наградата може да биде храна, вода или некој друг пијалак. За разлика од истражувањата на гулабите каде аналогијата беше клукање, а монетарната аналогија беше награда, во овие студии на побарувачка кај глувците, монетарната аналогија е притискање. Во овие услови, истражувачите тврдат дека менувањето на бројот на притискања побаран за да се добие одреден производ е аналогно на менувањето на цената на добрата кај економијата на луѓето.[22]

Резултатите од истражувањата на побарувачката кај животните покажале дека како се зголемуваат побараните задолжителни притискања (цена), така животното го притиска дугмете поретко (исплата).

Однесување на мајмун при тргување

уреди

Поновите истражувања за економското поведение на животните се фокусираат на мајмуните. Тука, истражувачите се помалку склони кон бихевиористичката традиција на аналогијата на поведение помеѓу лабораториските животни и човекот. Наместо тоа, тие се обидуваат да приспособат повеќе еволутивни перспективи, потенцирајќи дека економското резонирање може да биде основно, вродено и да служи за некои адаптивни функции.

Едно неодамнешно истражување вклучува претставување на валутен систем во колонија на заробени мајмуни. Валутата е во форма на монета и е разменлива за храна и други куповни предмети кога се разменуваат со истражувачот. Во овие услови, истражувачите проучиле три одлики на мајмунот при тргување: побарувачка, загуба на аверзија и отфрлање на ризик.

Во ова истражување, на мајмуните им се дава одредена количина на пари и им се прикажува одредена количина на храна и други добра. Мајмуните мораат да ги земат парите и да му ги дадат на истражувачот во замена за одредено добро. При еден зададен услов, откако мајмунот ќе ги предадел парите во замена за некое добро, можел да бира дали да ја подигне купената количина веднаш или да чека додека истражувачот не ја замени количината на презентираната храна. Ова им овозможило на истражувачите да ги набљудуваат способностите за коцкање кај мајмуните. Според тоа, истражувачите можат да ги постават следниве прашања: дали мајмунот ќе ја подигне сигурната количина на храна? Дали мајмунот ќе се коцка чекајќи истражувачот да за смени количината на понудената храна? Дали одлуката на животното зависи од условите? Резултатите укажуваат на тоа дека мајмуните го избегнуваат ризикот, односно тие најчесто ја земаат понудената количина на храна, а потоа чекаат истражувачот да ја замени понудената количина.

Истражувачите искористиле и други манипулативни методи, како менување на алоцираниот буџет, менување на цената на одредени добра и менување на понудените производи. Истражувачите откриле зголемена побарувачка и конзумација кај производите со намалена вредност, резултат што е ист и кај луѓето.[19]

Земено заедно, резултатите од ова истражување укажуваат на тоа дека мајмуните не само што избегнуваат ризик, туку и се осетливи на цената, буџетот и на очекувањата при исплата. Според истражувачите, животните не се тренирани на вакво поведение, ова поведение се изразува природно во трговска околина. Како резултат на ова, истражувачите тврдат дека основното економско поведение и резонирање е вродено и е предмет на природна селекција.

Историја

уреди

За време на класичниот период, микроекономијата била тесно поврзана со психологијата. На пример, Адам Смит ја напишал книгата „Теоријата на моралните чувства“ која нуди психолошки објаснувања за поединечното поведение, вклучувајќи фер работа и економска правда.[23] Како и да е, за време на развивањето на неокалсичната економија, економистите се обиделе да ја реструктуираат дисциплината како природна наука, отфрлајќи го економското поведение од претпоставките за природата на економските агенти. Тие го развиле концептот на хомоекономист чија психологија била фундаментално рационална. Ова довело до несакани и непредвидени грешки.

Како и да е, многу еминентни неокласични економисти изработиле пософистицирани психолошки објаснувања, меѓу кои и Френсис Еџворт, Вилфредо Парето и Ирвинг Фишер. Економската психологија се појавила во 20. век во делата на Габриел Тард,[24] Џорџ Катона[25] и Лазло Гараи[26] Моделите на очекувана и намалена корист добиле на внимание генерирајќи хипотези подложни на испробување соодветни на донесувањето одлуки врз основа на несигурноста и привремената потрошувачка. Забележаните и повторливите аномалии со тек на времето се соочиле во тие хипотези и понатамошните истражувања биле изведени од нобеловецот Маурис Алајас, на пример во поставувањето на Алајасовиот парадокс, презентиран во 1953, кој се спротивставил на хопотезата за очекувана корист.

 
Даниел Канемен

Во 1960-тите, когнитивната психологија започнала да се насочува кон мозокот како уред за процесирањ на информациите (во контраст на бихевиористичкиот модел). Психолозите од ова истражувачко поле како Вард Едвардс,[27] Амос Тверски и Даниел Канемен започнале да ги споредуваат нивните когнитивни модели на донесување ризични одлуки и несигурноста на економските модели за рационално поведение.

Перспективна теорија

уреди

Во 1979, Канемен и Тверски ја напишале „Перспективна теорија: Анализа на одлуката под ризик“, значајно дело кое ја користело когнитивната психологија за да ја објасни различноста на донесувањето економски одлуки од нео-класичната теорија. Перспективната теорија е пример од теоријата за генерализирана очекувана корист. Иако не е конвенционален дел од економското поведение, теоријата за генерализирана очекувана корист има слични мотиви преземени од загриженоста околу описната неточност на теоријата за очекувана корист.

Во 1968, нобеловецот Гери Бекер го издал делото „Криминал и казна: Економски пристап“, плодотворна работа на психолошки елементи во економското донесување одлуки. Бекер, сепак, одржувал строга доследност на параметрите. Нобеловецот Херберт А. Сајмон ја развил теоријата за ограничена рационалност да би објаснил како луѓето ирационално бараат задоволство, наместо да ја максимизираат користа како што претпоставува конвенционалната економија. Маурис Алајас го изработил алајасовиот парадокс, клучен предизвик за очекуваната корист.

Психолошките особини како преголема самодоверба, проектирана пристрасност и ефектите од ограниченото внимание не се дел од теоријата. Другите случувања од оваа област ја вклучуваат конференцијата во универзитетот во Чикаго, специјалното издание „Во меморија на Амос Тверски“, издадено од „Quarterly Journal of Economics“, и Нобеловата награда од 2002 на Канемен за поседување на „интегрален увид од психолошки истражувања во економската наука, особено во врска со човечкото расудување и донесувањето одлуки во неизвесност“[28]

Други облaсти на истражување

уреди

Другите гранки на економското поведение го збогатуваат моделот на функцијата на очекувањето без имплементирање на недоследноста во параметрите. Ернст Фер, Армин Фолк и Метју Рабин ја изучувале дистрибутивната правда, нееднаквата аверзија и меѓусебниот алтруизам слабеејќи ги нео-класичните претпоставки за совршената себичност. Во практиката, ова дело е применливо во одредувањето на платите. Делата „Внатрешна мотивација“ од Гринзи и Растичини и „Идентификувај“ од Акерлоф и Крентот претпоставуваат дека агентите ја обезбедуваат користа од приспособувањето на личните и општествените норми во прилог на условената очекувана корист.

„Условената очекувана корист“ е форма на резонирање каде единката има илузија на контрола и ги калкулира веројатностите за надворешни настани и оттука, користа ја одредуваат како функција од сопствената акција, дури и кога тие немаат можност да влијаат на тие надворешни настани.[29][30]

Економското поведение е доближено до општата јавност со успехот на книгите како „Очекувано ирационален“ од Ден Арли. Практичарите од оваа дисциплина проучувале квазијавни политички теми како што е широкопојасното компјутерско мапирање.[31][32]

Критики

уреди

Критиките за економското поведение обично ја нагласуваат рационалноста на економските агенти.[33] Тие тврдат дека опитно забележаното поведение има ограничена примена во ситуации на пазарите.

Други бележат дека когнитивните теории, како перспективната теорија, се модели на одлучувањето, а не генерализирано економско поведение, и се приспособливи само на видови како проблеми од еднаш донесена одлука претставена да би се испробувале учесниците во истражувањето или испитаниците.[се бара извор]

Традиционалните економисти се, исто така, скептични во однос на опитите и прашалниците засновани на техники кои економското поведение опширно ги употребува. Економистите обично ја нагласуваат откриената предност над искажаната предност (од прашалниците) во детерминирањето на економската вредност. Опитите и прашалниците се во ризик од систематска пристрасност, стратешко поведение и недостаток на поттикната подносливост.[се бара извор]

Рабин ги отфрла критиките, тврдејќи дека доследните резултати се обично добиени во повеќе ситуации и географски предели и можат да создадат добар теоретски преглед. Економското поведение, исто така, одговорило на овие критики фокусирајќи се на теренски истражувања, а помалку на лабораториски опити. Некои економисти гледаат фундаментален раскол помеѓу опитната економија и економското поведение, но истакнатото поведение и опитните економисти имаат тенденција да споделуваат техники за пристап во одговарање на најчесто поставуваните прашања. На пример, економистите кои го застапуваат економското поведение активно ја истражуваат невроекономијата која е наполно опитна и не може да биде потврдена при теренско истражување.[се бара извор]

Останатите застапници на економското поведение бележат дека неокласичниот модел често е неуспешен во предвидувањето на резултати во реалниот свет. Увидот во поведението може да влијае на нео-класичните модели. Економистите кои го застапуваат економското поведение, исто така, бележат дека овие ревидирани модели не само што ја погодиле предвидената точност на традиционалните модели, туку и исправно предвиделе некои резултати кои традиционалните модели не успеале да ги погодат.[да се провери]

Значајни теоретичари на економското поведение

уреди

Економија

уреди
  • Ден Арли[34]
  • Колин Камерер
  • Ернст Фер
  • Даниел Канемен
  • Дејвид Либсон
  • Џорџ Ловенстејн
  • Сендил Мулејнтан[35]
  • Дразен Прелек
  • Метју Рабин
  • Херберт А. Сајмон
  • Пол Словик
  • Вернон Смит
  • Лери Самерс[36]
  • Ричард Тајлер
  • Амос Тверски

Финансии

уреди
  • Малком Бејкер
  • Николас Барберис
  • Гундуз Чагиналп
  • Дејвид Хиршлифер
  • Ендру Ло
  • Мајкл Мобусин
  • Теренс Один
  • Ричард Л. Питерсон
  • Чарлс Плот
  • Херш Шифрин
  • Роберт Шилер
  • Андреј Шлифер
  • Ричард Тајлер

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. Истражување на однесувањето во економијата спроведено од 2008 до .. „The New Palgrave Dictionary of Economics“ - онлајн .[1]
  2. Џенисови & Маер, 2001
  3. Џ. Скот Армстронг, Никол Ковило и Барбара Сафранек (1993). „Ескалациони предрасуди: Дали влијае на маркетингот?“ (PDF). „Journal of the Academy of Marketing Science“. 21: 247–352.
  4. „Д-р. Доналд А. Баленович“. „Indiana University of Pennsylvania“, математички отсек.
  5. „Ахмет Дјуран“. Математички отсек на „University of Michigan“.
  6. „Д-р. Реј Р. Стурм“. „College of Business Administration“. Архивирано од изворникот на 2006-09-20. Посетено на 2012-09-05.
  7. http://www.dimensional.com/famafrench/2009/08/fama-on-market-efficiency-in-a-volatile-market.html Архивирано на 24 март 2010 г. Фама за ефикасноста на пазарот во услови на повреден пазар
  8. За преглед погледнете Фримеен, 2004
  9. Роберт Омен. „теорија на игри“, The New Palgrave Dictionary of Economics, второ издание. извадок.
  10. Колин Ф. Камерер и Тек-Хуа Хо (1994). „Прекршување на меѓузаемната аксиома и нелинеарноста во веројатноста“, Journal of Risk and Uncertainty, 8(2), стр. 167[мртва врска]-196.
  11. Џејмс Андреони (2008). „Алтуризмот во опитите“, The New Palgrave Dictionary of Economics, второ издание. Апстракт.
  12. Х. Пејтон Јанг (2008). „Општествени норми“, The New Palgrave Dictionary of Economics, второ издание. Апстракт.
  13. Колин Ф. Камерер (1997). „Напредок во однесувањето во теоријата на игри“, Journal of Economic Perspectives, 11(4), стр. 172 [стр. 167-188 Архивирано на 31 мај 2012 г..
  14. • Вилијам Х. Сендхолм (2008). „Учење и еволуција на игрите: преглед“, The New Palgrave Dictionary of Economics, второ издание. Апстракт.
       • Тек Х. Хо (2008). „Поединечно учење во игри“, The New Palgrave Dictionary of Economics, второ издание. Апстракт.
  15. Мартин Дафенберг и Џорџ Кирштејгер (2004). „Теорија на секвенцијален реципроцитет“, Games and Economic Behavior, 47(2), стр. 268-298. Апстракт.
  16. • Фарук Гол (2008). „Однесување во економијата и теорија на игри“, The New Palgrave Dictionary of Economics, второ издание. Апстракт.
       • Колин Ф. Крамер (2008). „Однесување во теоријата на игри“, The New Palgrave Dictionary of Economics, второ издание. Апстракт.
  17. • Колин Ф. Камерер (2003). „Однесување во теоријата на игри“, „Princeton“. Опис Архивирано на 14 мај 2011 г. и преглед ([ctrl]+), и поглавје 1 врска.
       • _____, Џорџ Ловенстејн и Метју Рабин, (2003). „Напредок во однесувањето во економијата“, „Princeton“. 1986-2003. Опис, содржина и преглед.
       • Дру Фуденберг (2006). „Напредување над напредокот во однесувањето во економијата“, Journal of Economic Literature, 44(3), стр. 694-711.
       • Винсент П. Крафорд (1997). „Теорија и опит во анализата на стратешката интеракција“, во Напредок во економијата и економетријата: Теорија и употреба, стр. 206-242. „Cambridge“. Реиздадено во „Напредок во однесувањето во економијата“ од Кармер (2003), „Princeton“, поглавје 12.
       • Мартин Шјубик (2002). „Теорија на игри и опитни игри“ во Прирачник за теоријата на игри со економски употреби од Р. Омен, „Elsevier“, в. 3, стр. 2327-2351. Апстракт.
       • Чарлс Р. Плот и Вернон Л. Смит, (2008). Прирачник од опитни економски резултати, в. 1, „Elsevier“, четврти дел, Игри преглед и поглавје 45-66 преглед врска[мртва врска].
       • Игри и економско однесување, „Elsevier“. Aims and scope и, преглед на статиајта врски по година и проблеми.
  18. Ферстер, К. Б. (1957). Распоред на засилување. Њујорк: „Appleton-Century-Crofts“.
  19. 19,0 19,1 Чен, М. К. (2006). „Како основите се склоност на однесувањето?“ Доказ од однесувањето при тргување на мајмун. „J. Political Economy“, 114 (3) 517-537.
  20. 20,0 20,1 Р. К. Баталио (1981). „Income–leisure tradeoffs of animal workers“. Am. Economic Review, 71 (4) 621-632.
  21. Џ. Х. Кегел (1995). Теорија на економски избор:: Опитна анализа на однесувањето на животните. Њујорк: „Cambridge University Press Syndicate“.
  22. Џ. Х. Кегел, (1981). „Крива на побарувачката за животини“. Quarterly Journal of Economics, 96 (1), 1-16.
  23. Нава Ашраф, Колин Ф. Камерер и Џорџ Ловенстејн (2005). „Адам Смит, економско однесување“, Journal of Economic Perspectives, 19(3), стр. 142. [стр. 131-145 Архивирано на 17 април 2012 г..
  24. Г. Тард Економска психологија (1902),
  25. Моќниот потрошувач: Психолошки изучувања на американската економија. 1960.
  26. Л. Гараи Идентификувај економија – Алтернативна економска психологија. 1990–2006.
  27. „Дела на Вард Едвардс“. „Archival Collections“. Архивирано од изворникот на 2008-04-16. Посетено на 25 април 2008.
  28. „Нобелова награда, 2002“. Nobelprize.org. Архивирано од изворникот на 2008-04-10. Посетено на 25 април 2008.
  29. Р. Графстејн (1995). „Рационалноста како максимизација на условената очекувана корист“. „Political Psychology“. 16 (1): 63–80. doi:10.2307/3791450. JSTOR 3791450.
  30. И. Шариф и А. Тверски (1992). „Мислејќи низ несигурноста: непоследователно размислување и избор“. „Cognitive Psychology“. 24 (4): 449–474. doi:10.1016/0010-0285(92)90015-T. PMID 1473331.
  31. „Национален план на САД за широкопојасно мапирање: добро во теорија“. Telco 2.0. 17 март 2010. Посетено на 23 септември 2010. ... Лошото искуство на Сара Ведмен со ова е поучно.... Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  32. Гордон Кук, Сара Ведмен (1 јули 2009). „Врска, петте слободи и просперитет“. Community Broadband Networks. Посетено на 23 септември 2010. Во овој извештај Гордон Кук ја интервјуира Сара Ведмен, експерт за мапирање кој работел и на економското однесување Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  33. погледни Мијагков и Плот (1997) покрај другите
  34. „Предвидливо ирационален“. Ден Арли. Архивирано од изворникот на 2008-03-13. Посетено на 25 април 2008.
  35. Сендил Мулејнтан: Решавање на општествени модели со туркање. Архивирано од изворникот на 2013-06-02. Посетено на 2012-09-05.
  36. Како Обама ја користи науката на промена Архивирано на 5 јуни 2013 г.. Мајкл Гранвалд, Time, 2 април 2009.