Евристика (од грч. heurisko; најде/наоѓа) е наука за методите во истражувањето на новите сознанија и вештина за пронаоѓање на вистината.[1] Во информатичките науки, евристиката се дефинира како пристап за изнаоѓање соодветен алгоритам што би нѐ довел до точно решение.[2] Во поважните евристички методи се вбројуваат хипотезата, здравиот разум или пак донесување одлука врз основа на претходно стекнатото искуство. Оваа наука е поврзана со многу природни и хуманистички науки кои бараат решение на некој постоен проблем, а меѓу нив се математика, информатика, логика, психологија, филозофија и право.

Литература уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Преземено од речникот Babylon“. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2013-01-12.
  2. Од речникот TermWiki (превод и дефиниција)[мртва врска]

Надворешни врски уреди