Трудова економија
Трудовa економија — дисциплина која обидува да го разбере функционирањето и динамиката на пазарите на труд. Пазарите на труд функционираат преку интеракција помеѓу работодавците и работниците. Трудовата економија се насочува кон добавувачите на трудови услуги (работниците), побарувачите на трудови услуги (работодавците) и се обидува да ги разбере резултатите од промените во платата, вработеноста и приходот.
Во економијата, трудот е мерка за завршената работа од страна на луѓето. Тој е во контраст со другите фактори на производство како на пример земјата и капиталот. Постојат теории кои развиле концепт наречен човечки капитал (се однесува на вештините кои работниците ги поседуваат, без разлика на нивната моментална работа), како и теории од макроекономските системи кои се спротиствуваат на овој начин на размислување.
Компензација и мерење
уредиПлатата е основна компензација за платениот труд, а компензацијата за вложениот труд во одреден временски период се нарекува стапка на плата.
Помеѓу останатите често употребувани изрази се:
- плата = исплата за единица време (најчесто еден саат)
- заработка = собрана испалата за одреден временски период (најчесто недела, месец или година)
- целосна компензација = заработка + други надоместоци за вложениот труд
- приход = целосна компензација + непристигнат приход
- економска рента = целосна компензација + опортунитетен трошок
Економистите го мерат трудот преку сработени саати, вкупни плати или ефикасност.
- вкупен трошок = фиксни трошоци + варијабилни трошоци
Побарувачка за работна сила и одредување на плата
уредиТрудовата побарувачка е извлечена побарувачка: така е поради тоа што ангажирањето на работна сила не се случува по нечива сопствена волја, туку се случува поради неговото влијание врз производниот аутпут, што, пак, придонесува до обостран профит. Побарувачката за додатна работна сила зависи од маргиналниот приход од продуктивност (МПП) и од маргиналниот трошок (МТ) за работникот. МПП-то се пресметува со множење на цената на крајниот производ или услуга со маргиналниот физички производ на работникот. Доколку МПП-то е поголемо од маргиналниот трошок на претпријатието, тогаш истото ќе го вработи работникот со оглед на тоа што оваа постапка ќе го зголеми приходот. Во економската теорија се вели дека фирмата вработува работници сè до точката каде се израмнуваат МПП-то и МТ, односно МПП=МТ.
Платната разлика постои, особено во мешаните и целосно/делумно флексибилните пазари на труд. На пример, платата на доктор и медицинска сестра, двајцата вработени во иста институција, има голема разлика. Зошто? Има многу фактори кои се поврзани со овој проблем. Тука е вклучен и МПП-то (види погоре) на работникот. МПП-то на докторот е далеку поголем од тоа на медицинската сестра. Додатно на тоа, пречките во постанување на доктор се далеку поголеми од оние за постанување медицинска сестра. Имено, да се стане доктор е потребно многу повисоко образование и пракса, што само по себе чини многу повеќе пари и само оние со социјална и интелектуална предност можат да успеат во оваа професија. Во споредба со тоа, образованието и тренингот за медицинска сестра бара далеку помало вложување на труд и парични средства. Со оглед на претходно изнесените фактори, понудата на доктори ќе биде понееластична за разлика од понудата на медицински сестри. Побарувачката, исто така, ќе биде нееластична со оглед на тоа што докторите се основна потреба на институцијата. Следствено на тоа, истата ќе понуди многу повеќе пари за вработување на доктори, отколку за вработување на медицински сестри.
МПП-то од работникот е под влијание на други инпути на производството со кои работникот би можел да ја извржува својата должност (на пример: машинерија), често сумирани под поимот „капитал“. Типично за економските модели е тоа што поголемата достапност до капиталот на претпријатието го зголемува МПП-то на работникот. Образованието и тренингот на работникот се вбројуваат во „човечки капитал“. Со оглед на тоа што количината на физички капитал влијае врз МПП-то и приливот на финансиски капитал се одразува врз количината на достапниот физички капитал, МПП-то и платите можат да бидат под влијание на приливот на финансиски капитал во една и помеѓу повеќе држави, како и степенот на капитална мобилизација во една и помеѓу повеќе држави.[1]
Макро и микро анализи на пазарите на труд
уредиПостојат две страни на трудовата економија. Трудовата економија може генерално да биде сметана како примена на микроекономските или макроекономските техники во пазарот на трудот. Микроекономските техники на изучуваат улогата на поединците и поединечни претпријатија во пазарот на труд. Макроекономските техники ја изучуваат интерактивноста помеѓу пазарот на труд, пазарот на добра, финансискиот пазар и странските пазари. Поточно, изучуваат како овие интеракции влијаат врз макро варијабилите како ниво на вработеност, стапка на учество, вкупен приход и БДП.
Макроекономија на пазарите на труд
уредиРаботната сила е дефинирана како број на поединци од 18 или повеќе години, со исклучок на оние во војската, кои се или вработени или активно бараат работа. Стапката на учество е бројот на луѓе во работната сила поделен со големината на возрасната цивилна неинституционализирана популација (со популацијата која е на дозволена возраст за да стапи во работен однос, а не е институционализирана). Неработната сила ги вклучува оние кои не бараат работа, оние кои се институционализирани во места како затвор или психијатриска болница, сопруги кои работат само дома, деца и оние кои служат во војска. Нивото на невработеност е дефинирано како разлика помеѓу работната сила и бројот на моментално вработени луѓе. Стапката на невработеност е дефинирана како количник помеѓу нивото на невработеност и работанта сила. Стапката на вработеност е дефинирана како количник помеѓу моментално вработените луѓе и бројот на луѓе кои се доволно возрасни за да стапат во работен однос. Во овие статистички податоци, самовработените луѓе се сметаат за вработени.
Варијабилите како ниво на вработеност, ниво на невработеност, работна сила и неисполнети места се нарекуваат стоковни варијабили бидејќи се квантитативно мерени во одредени временски периоди. Тие можат да бидат во контаст со тековните варијабили кои ја мерат количината за одреден период. Промените во работната сила се должат на тековните варијабили како природен популационен пораст, нето имиграција, нови исполнувања на возрасната граница и пензионирања. Промените во невработеноста зависат од: приливи составени од невработени луѓе кои започнале да бараат работа и вработени луѓе кои го загубиле своето работно место и се во потрага по ново; одливи на луѓе кои нашле работа и луѓе кои престанале активно да бараат работа. Гледајќи во целокупноста на макроекономијата се идентификувани неколку видови на невработеност, меѓу кои:
- Неусогласена невработеност. Се одразува на фактот што на луѓето им е потребно време да најдат и да се приспособат на новите работни места. Доколку 12 поединци, секој посебно, земе одмор од еден месец пред да започне на новото работно место, статистиката за вкупна невработеност ќе го означи ова како еден невработен работник. Технолошките напредоци често ја намалуваат неусогласената невработеност, како на пример: интернет пребарувачите ги намалија трошоците и времето за пронаоѓање на работодавач.
- Структурална невработеност. Се одразува на несогласувањето помеѓу вештините и другите атрибути на работната сила и оние кои ги бара работодавачот. Доколку 4 работници, секој посебно, земе шест месеци пауза од работа за дополнителен тренинг пред да почне да работи на новото работно место, статистиката за вкупна невработеност ќе го регистрира ова како двајца невработени работници. Брзите индустријални промени на техничката и/или економската природа обично го зголемуваат нивото на структурална невработеност, на пример: широко распространетата имплементација на нова машинераја или софтвер бараат од работникот да ги изучува овие новости пред да бара работа. Процесот на глобализација има придонес во структуралните промни во работната сила, некои домашни индустрии како текстилното производство се прошириле и имаат глобална побарувачка, додека дргуите индустрии како земјоделството се намалуваат поради големата конкуренција од интернационалните производители.
- Природна стапка на невработеност. Ова е збир на неусогласената и структуралната невработеност каде не се вклучени цикличните придонеси на невработеност, како на пример рецесијата. Таа е најниската стапка на невработеност која една стабилна економија може да очекува да ја постигне.
- Побарана дефицитарна невработеност. Во кејнсијанската економија, секое ниво на невработеност над природната стапка е најчесто причинето поради недостаток на побарувачка во целокупната економија. За време на рецесија, агрегатната потрошувачка е дефицитарна предизвикувајќи недоволно користење на инпутите (меѓу кои и работната сила). Агрегатната потрошувачка (АП) може да биде зголемена, според Кејнс, со зголемувањето на потрошувачката (C), зголемување на трошоците на конзументите (I), зголемени инвестиции (G) или со зголемување на разликата помеѓу извозот и увозот (X−M).
AП = C + I + G + (X-M)
Неокласична микроекономија на пазарите на труд
уредиНеокласичните економисти гледаат на пазарот на трудот слично како и на останатите пазари во поглед на тоа што силите на понудата и побарувачката заедно ја детерминираат цената (во овој случај платежната стапка) и количината (во овој случај бројот на вработени луѓе.)
Сепак, пазарот на трудот се разликува од останатите пазари (како пазарите на добра и финансиските пазари) во неколку погледи. Можеби најважната од сите разлики е функцијата на понудата и побарувачката во одредувањето на цената и квантитетот. Во пазарите на добра, доколку цената е висока, постои долгорочна тенденција за прозиводство на повеќе добра сè додека не се задоволи побарувачката. Кај работната сила, прекумерната понуда не може делотворно да биде произведена поради тоа што дневните часови на луѓето се ограничени, а луѓе не се произведуваат.
Пазарот на трудот, исто така, игра улога на пазар кој не се чисти. Додека повеќето пазари имаат рамнотежна точка без вишок на понуда или побарувачка, за пазарот на трудот се очекува секогаш да има одредено ниво на невработеност. Во споредба со другите пазари, пазарот на трудот секогаш има и компензациони диференцијали помеѓу сличните работници. Конкурентната претпоставка води кон јасни заклучоци - работниците ја заработуваат маргиналниот прозивод на трудот.[2]
Неокласичен микроекономски модел - Понуда
уредиДомаќинствата се понудувачи на работна сила. Во микроекономската теорија, се претпоставува дека луѓето се рационални во обидот да ја максимизираат нивната корисност. Во овој модел на пазар на труд, нивната функција на корисност е одредена од изборот помеѓу приход и слободно време. Сепак, тие се ограничени од определените работни часови.
Нека w ја означува платата за еден час, k ги означува вкупно изработените часови, L да ги означува работните часови. π да ги означува другите приходи и придобивки и A да ги означува слободните часови.
Функцијата на корисноста и буџетските ограничувања можат да бидат изразени на следниов начин:
- макс U(w L + π, A) кога L + A ≤ k.
Ова може да биде прикажано во графа која го илустрира балансот помеѓу распределбата на времето помеѓу слободните активности и активностите кои генерираат приход. Линијата на линеарните ограничувања укажува на тоа дека постојат само 24 часа во денот и поединците мораат да изберат колку од ова време да го распределат за слободно активности, а колку за работа. (Доколку повеќе дена се земат како максимален број на часови кои можат да бидат распределени во работење и слободни активности, исите би биле околу 16 поради потребата за спиење) Оваа одлука за распределба е одредена од искривената индиферентна крива означена со IC. Кривата укажува на тоа дека комбинацијата на слободните активности и работата ќе му даде на поединецот одредено ниво на корисност. Точката каде највисоката индиферентна крива е само тангента на линијата за ограничување (точка А) ја илустрира краткорочната рамнотежа за овој нудител на работни услуги.
Доколку склоноста на потрошувачот е измерена од вредноста на стекнатиот приход, наместо работното време, овој дијаграм може да биде употребен да би се покажале различни ефекти на интересот. Тоа е поради тоа што искривувањето на буџетските ограничувања постанува платежна стапка. Точката на оптимизација (точка А) ја изразува еквивалентноста помеѓу платежната стапка и маргиналната стапка на супституција, одмор за приход (искривувањето на индиферентната крива). Бидејќи маргиналната стапка на супституцијата, одмор за приход, е, исто така, односот на маргиналната корисност на одморот (MUL) до маригиналната корисност на приходот (MUY) може да заклучиме::
Доколку платата порасне, линијата за поединечните ограничувања се поместува нагоре од X,Y1 до X,Y2. Тој/таа може сега да купи повеќе добра и услуги. Неговата/ нејзината корисност ќе порасне од точката А на IC1 до точката B на IC2. За да разбереме кои ефекти може ова да ги има врз одлуката на тоа колку часови да се работат, мораме да ги погледнеме и ефектите на приходот и супституцијата.
Порастот на платата искажан во претходниот дијаграм може да биде поделен во два различни ефекта. Ефектот на чист приход е прикажат како движење од точка А кон точка C во следниот дијаграм. Зголемената конзумација од YA кон YC и — под претпставка дека одморот е нормално добро - времето за одмор се зголемува од XA до XC (времето за вработување опаѓа за иста мера; XA кон XC)
Но, тоа е само еден дел од сликата. Како што платежната стапка се зголемува, работникот ќе супституира работни часови за часови за одмор, што значи дека ќе работи повеќе часови за да ја искористи повисоката платежна стапка или, кажано со други зборови, заменува дел од слободното време поради неговите поголеми опортунитетни трошоци. Овој супститиционен ефект е претставен со промената од точка C во точка B. Вкупното влијание на овие два ефекти е прикажано со промената од точка А во точка В. Релативната големина на двата ефекти зависи од условите. Во некои случаи, супститициониот ефект е поголем од приходниот ефект (во кој случај, повеќе време е распределено за работа), но во други случаи приходниот ефект е поголем од ефектот на супституција (во кој случај, помалку време е распределено за работни активности). Интуицијата позади вториот случај е тоа што работникот ја достигнал точката каде неговата маргинална корист на одморот ја надминува неговата маргинална корисност на приходот. Кажано на поедноставен начин (и помалку точен), истот би звучело: нема зошто да се заработуваат повеќе пари кога немаш време истите тие да ги потрошиш.
Доколку ефектот на супституција е поголем од ефектот на приход, кривата на понудата на труд (дијаграмот од лево) ќе се искриви нагоре на десно, како што прави од точката Е. Овој поединец ќе продолжи да ја зголемува неговата понуда на работна сила и услуги како што се зголемува платежната стапка до точката F каде тој/таа работи HF часа. Над оваа точка тој/таа ќе почне да ја намалува понудата на работни часови (на пример: во точката G ги намалил неговите работни саати до HG). Каде што кривата на понудата се искривува нагоре на десно (позитивна платежна еластичност на понудата на труд), ефектот на супституција е поголем од приходниот ефект. Каде што се искривува нагоре на лево (негативна еластичност), пеиходниот ефект е поголем од супституциониот ефект. Правецот на искривување може да се промени повеќе од еднаш кај некои поединци и кривата на понудата на труд најчесто се разликува кај различни поединци.
Други варијабили кои влијаат врз оваа одлука се и оданочувањето, благосостојбата, работното окружување и приходот како сигнал за способностите и социјалните придонеси.
Неокласичен микроекономски модел - Побарувачка
уредиВо претходниот дел беше опишана кривата на понудата на труд која ја прикажува секоја платежна стапка за максимум часови кои работникот е волен да ги понуди во економијата за определен временски период. Економистите, исто така, треба да го знаат и максимумот часови кои работодавачот ќе ги побара за секоја платежна стапка. За да се разбере количината на побараните часови за одреден временски период, неопходно е да се истражи производството на доброто. Побарувачката на труд е извлечена побарувачка, односно извлечена е од нивото на аутпут на пазарот на добра.[се бара извор]
Побарувачката за труд на едно претпријатие се заснова на неговиот маргинален физички производ на трудот (MPPL). Ова е дефинирано како додатен аутпут (или физички производ) кој резултира од пораст на единица труд (или од многу мал пораст на труд). Доколку не сте запознаени со овие концепти, би било добро најпрво да прочитате за теорија на производство пред да продолжите со читање на оваа статија.
Во повеќето индустрии, маргиналниот физички производ на труд опаѓа. Тоа е поради причината што како повеќе и повеќе единици на труд се вработуваат, така нивниот дополнителен аутпут започнува да опаѓа. Тоа е прикажано со искривувањето на кривата MPPL во дијаграмот од десно. Доколку маргиналниот физички производ на труд се помножи со вредноста на аутпутот која ја произведува, се добива вредноста на маргиналниот физички производ на труд:
Вредноста на маргиналниот физички производ на работна сила ( ) е вредност на дополнителниот аутпут произведен од дополнителна единица на труд. Ова е илустрирано во дијаграмот со кривата VMPPL која е над MPPL.
Во конкурентните индустрии, VMPPL-то е идентично со Маргиналниот приход од продуктивноста на работната сила (MRPL). Ова е поради причината што во конкурентните пазари цената е еднаква со маргиналниот приход и маргиналниот приходен производ е дефиниран како маргинален физички производ помножен со маргиналниот приход од аутпитот (MRP = MPP * MR).
Маргиналниот приход од продуктивноста на работната сила може да биде употребен како крива за побарувачка на труд на кратко рок за ова претпријатие. Во конкурентните пазари, претпријатиесо се соочува со совршено еластична понуда на труд која кореспондира со платежната стапка и мартиналниот ресурсен трошок за труд (W = SL = MFCL). Во несовршените пазари, дијаграмот би морал да биде прилагоден бидејќи MFCL тогаш би било еднакво со платежната стапка поделена со маргиналниот трошок. Бидејќи оптималната алокација на ресурси бара факторот на маргиналниот трошок да биде еднаков со маргиналниот приходен прозивод, ова претпријатие би побарало L единици на труд како што е прикажано во дијаграмот.
Неокласичен микроекономски модел - Рамнотежа
уредиПобарувачката за труд на ова претпријатие може да биде сумирана со побарувачката на труд на сите останати претпријатија во економијата да би се добила вкупната побарувачка на труд. На тој начин, кривите на понудата на сите поединечни рабоници (спомнати погоре) можат да бидат сумирани да би се добила понудата на труд. Овие криви на понудата и побарувачката можат да бидат анализирани на ист начин како и било која друга индустриска крива на понуда и побарувачка со што би се одредила рамнотежната плата и нивото на вработеност.
Економија на кадрите: вработување и стимулација
уредиНа микро ниво, една под-дисциплина која го зголемува вниманието во последните неколку декади е анализата на внатрешните пазари на труд, пазари на труд во претпријатие (или организација), изучувани во личната економија од перспектива на личен менаџмент. Во контраст, надворешните пазари на труд „наведуваат на тоа дека работниците на некој начин течно се движат помеѓу претпријатијата и платите се одредени од некој целосен процес каде претпријатијата немаат значајна дискреција во одредувањето на платите“.[3] Фокусот е насочен кон тоа „како претпријатијата воспоставуваат, одржуваат и прекинуваат работни односи и на тоа како претпријатијата ги стимулираат работниците“, вклучувајќи модели и емпиријална работа на стимулациони системи, ограничени од економската ефикасност и ризични/стимулирани размени поврзани со лична компензација.[4]
Пристап до информации
уредиВо многу реални ситуации ова е далеку од вистинскиот случај. Претрпријатието не секогаш знае колку напорно работникот работи или колку е истиот продуктивен. Ова им овозможува на работниците да не вложуваат целосен напор во работата. Со оглед на тоа што работодавачот не може да идентификува кои работници работат напорно а кои се мрзеливи, не постои причина работниците да работат напорно со што производството опаѓа, а тоа води кон вработување на повеќе работници и пониска стапка на невработеност.
Критики
уредиМногу социолози, политички економисти и економисти на австриската школа тврдат дека трудовата економија има тенденција на губење на значајноста поради комплексноста на поединечните одлуки за вработување.[се бара извор] Овие одлуки, особено на страната на понудата, се често натоварени со емотивен товар и чисто бројчените анализи можат да пропуштат значајни димензии на процесот, како социјални придобивки на високиот приход или платежната стапка без оглед на маргиналната корисност од зголемената конзумација или одредените економски цели.
Од многуте анализи на пазарот на труд, исто така, недостасува и улогата на неплатениот труд. Иако овој труд не е платен, може да игра важна улога во општеството. Најдраматичен пример е израснувањето на деца. Во последните 25 години, зголемениот број на книжевни дела, обично насочени кон семејната економија, се обидуваат да го изучат процесот на донесување одлуки во домаќинствата, вклучувајќи ги и здружените понуди на труд, плодноста, израснувањето на деца, како и други области од тоа што генерално се смета за домашно производство.[5]
Наводи
уреди- ↑ Хакер, Р. Скот (2000). „Влијанието на интернационалната капитална мобилизација врз нестабилноста на трудовиот приход“. „Annals of Regional Science“. 34 (2): 157–172. doi:10.1007/s001689900005.
- ↑ Ранис Густав (1997). „Микроекономија на вишокот труд“ (PDF). „Yale University“.
- ↑ • Едвард П. Лазир и Пол Оиер, 2004. „Внатрешни и надворешни пазари на труд: Личен економски пристап“, Labour Economics, 11(5), стр. 527 и 528. [стр. 527–554 Архивирано на 1 февруари 2014 г..]
• JEL водич на класификациони шифри за JEL:M5]. - ↑ Пол Оиер и Скот Шафер, 2011. „Лична економија: Вработување и стимулации“, поглавје 20, Handbook of Labor Economics, в. 4B, стр. 1769-1823. Апстракт и пред-издание PDF[мртва врска].
- ↑ (Сандијага С. Уно, Аниндија Н. Бакри, Росан Перкаса, Моренди Октора: Младата стратешка ренесанса во Азија)
Литература
уредиНадворешни врски
уреди- Возрасни работници „EU-OSHA“
- Портал на трудовата економија Архивирано на 17 февруари 2008 г. - Збир на мрежни места со содржина за трудова економија
- Labour & Worklife Program at Harvard Law School, Changing Labour Markets Project
- ILO: Клучни индикатори на пазарот на труд. 5. издание септември 2007
- LabourFair Resources Архивирано на 30 јуни 2017 г.
- Мрежа на истражување на трудот Архивирано на 5 август 2013 г.