Економска благосостојба
Економската благосостојба е гранка на теоретската економија која употребува микроекономски техники во проценката на благосостојбата во економијата, особено во однос на конкурентната општа рамнотежа во склоп на економијата како економска ефикасност и резултатот од распределбата на приходот[1] поврзан со нејзе. Ја анализира општествената заштита како економска активност на разни поединци кои го сочинуваат теоретското општество земено впредвид. Соодветно на тоа, поединците, со поврзани економски активности, се основна единица за сумирање на општествената благосостојба, без разлика дали се работи за група, заедница или општество и не постои „општествена благосостојба“ одделна од „благосостојбата“ поврзана со нејзините поединечни единици.
Економската благосостојба обично зема дадени поединечни одлики и зацртува благосостојбено подобрување во услови на паретова ефикасност од општествена состојба А во општествена сосотојба B, доколку најмалку едно лице претпочита B, а никој друг не се противи на тоа. Нема потреба од единствена квантитативна мерка на благосостојбените подобрувања имплициарни од ова. Друг аспект на благосостојбато гледано преку распределбата на приходот/добрата, вклучува еднаквост како дополнителна динемзија на благосостојбата.[2]
Општествената благосостојба се однесува на севкупната благосостојба во општеството. Со доволно силни претпоставки може да биде специфицирана како збир на благосостојбата на сите поединци во општеството. Благосостојбата може главно да биде мерена во единици наречени „корисности“ или во денари или, пак, да се мери во единици на паретова ефикасност. Методот со мерење преку „корисности“ денес ретко се користи во чистата теорија поради множеството проблеми кои го прават методот нејасен, освен во широко распространетите основни претпоставки. Во применетата економска благосостојба, како на пример во анализата на трошоци и добивка, често се употребуваат претпоставки засновани на парична вредност, особено кога ефектите од распределбата на приходот се вклучени во анализата или се верува дека веројатно нема да ја намалат точноста.
Два пристапа
уредиПостојат два главни пристапа во економијата на благосостојба: раниот неокласичен пристап и нов пристап во економската благосостојба
Раниот неокласичен пристап бил развиен од Франсис Исидро Еџворт, Хенри Сидвик, Алфред Маршал и Артур Сесил Пигу. Тој го претпоставува следново:
- Корисноста е кардинална, таа е мерлива преку набљудување или оценување;
- Одликите се егзогено дадени и стабилни;
- Додатните претпоставки даваат сè помали и помали порасти во корисноста (намалување на маргиналната корисност)
- Сите поединци имаат меѓусебни споредливи функции на корисноста (претпоставка која Еџворт ја избегнал во неговата „Математичка физика“)
Со овие претпоставки, возможно е да се конструира општествена благосостојбена функција, едноставно, преку сумирање на сите поединечни функции на корисноста.
Пристапот на новата економија на благосостојба се заснова на работата на Вилфредо Парето, Џон Хикс и Николас Калдор. Експлицитно ги препознава разликите помеѓу аспектот на ефикасноста на дисциплината и аспектот на распределбата и поединечно ги обработува. Прашањата на ефикасноста се оценуваат со критериуми како паретова ефикасност и Калдор-Хиксовиот тест за компензација, додека прашата на распределбата на приходот се обработени во спецификацијата на функцијата на општествената заштита.
Ефикасност
уредиСе смета дека ситуациите имаат дистрибутивна ефикасност кога добрата се распределени до луѓето кои можат да ја придобијат најголемата корисност од нив.
Многу економисти ја користат паретовата ефикасност како нивна цел за ефикасност. Според ова мерење на општествената благососотојба, ситуацијата е оптимална само кога ниту еден поединец не би можел да извлече поголема корисност без да направи некој друг да извлече помала.
Оваа идеална состојба може да биде постигната само доколку се исполнети четири критериуми:
- Маргиналната стапка на супституција во конзумирањето е идентична за сите потрошувачи. Ова се појавува кога ниту еден потрошувач не би можел да извлече поголема корисност без да направи другите да извлечат помала.
- Маргиналната стапа на трансформација во производството е идентична за сите производи. Ова се појавува кога е невозможно да се зголеми производството на било кое добро без да се намали производството на други добра.
- Маргиналниот трошок на ресурсите е еднаков на маргиналниот приход од продуктивноста за сите производствени процеси. Ова се случува кога маргиналниот физички производ на еден фактор мора да биде ист за сите претпријатиеја кои го произведуваат доброто.
- Маргиналната стапка на супституција во конзумирањето е еднаква на маргиналната стапка на трансформацијата во производството, како кога производствениот процес мора да се совпаѓа со желбите на потрошувачот.
Постојат голем број на услови кои, повеќето економисти ги поддржуваат, можат да доведат до неефиканост. Тука се вклучени:
- Несовршени пазарни структури како монопол, монопсонија, олигопол, олигопсонија и монополистичка конкуренција.
- Фактори за неефикасна алокација во основите на теоријата на производство.
- Пазрни неуспеси и екстерналии; постои и општествен трошок.
- Ценовна дискриминација.
- Асиметрична информација.
- Краткорочни и долгорочни опаѓања на просечниот трошок во природниот монопол.
- Одредени видови на даноци и тарифи.
Да би се одредило дали некоја активност ја поместува економијата накај паретовата ефикасност, развиени се два компензациони теста. Секоја промена, обично, прави некои луѓе да извлечат поголема корисност со што други извлекуваат помала, па во овие тестови се поставува прашањето што ќе се случи доколку победниците се компензираат со губитниците. Употребувајќи го калдоровиот критериум, активноста ќе придонесе во паретовата оптималност доколку максималната количина која добитниците се спремни да ја платат е поголема од минималната количина која губитниците се спремни да ја прифатат. Според хиксеровиот критериум, активноста ќе придонесе до паретова оптималност доколку максималната количина која губитниците се спремни да ја понудат на добитниците со цел да ја спречат промената е помала од минималната количина која добитниците се спремни да ја прифатат како поткуп да се откажат од промената. Хиксовиот компензационен тест започнува од гледната точка на губитниците, додека калдоровиот компензационен тест започнува од гледната точка на добитниците. Доколку двата услови се задоволени, и добитниците и губитниците ќе се сложат дека предложената активност ќе ја помести економијата поблиску до паретовата оптималност. Ова се нарекува и Калдор-Хиксова ефикасност или Скитовски критериум.
Распределба на приход
уредиПостојат многу комбинации за корисноста на потрошувачите, производствените миксови и комбинации на факторите од инпутите кои се во согласност со ефикасноста. Фактички, постојат безброј потрошувачки и производствени рамнотежи кои придонесуваат до резултатите од паретовата оптималност. Постојат толку оптимуми колку што постојат и точки на границата на производствените можности. Оттука, паретовата ефикасност е неопходна, но не и доволен услов за општествена благосостојба. Секој паретов оптимум кореспондира со различна распределба на приходот во економијата. Некои вклучуваат и големи нееднаквости кај приходот. Како одлучуваме кој паретов оптимум е најпотребен? Ова одлука се прави, или тактички или отворено, кога ја специфицираме функцијата на општествената заштита. Оваа функција ги отелотворува вредносните расудувања на меѓусебните корисности. Функцијата на социјалната заштита ја покажува релативната важност на поединците кои го сочинуваат општеството.
Утулитарната социјална функција (нарекувана и бентамова социјална функција) ги сумира корисностите на секој поединец со цел да добие целосна социјална заштита. Кон сите луѓе се постапува исто, без разлика на нивното почетно ниво на корисност. Една плус единица на корисност за човек кој гладува не се зема за поголема вредност од една плус единица на корисност за човек кој е милионер. Како друг екстрем се јавува максимум-минимум или раулсианова функција на корисност. Според критериумот на максимум-минимум, заштитата е максимизирана кога корисноста на оние членови од општеството кои имаат најмала корисност е најголема. Ниту една економска активност нема да ја зголеми социјалната заштита доколку не ја подобри позицијата на членовите на општеството кои извлекуваат помала корисност. Повеќето економисти наведуваат функции на социјална заштита кои посредуваат помеѓу овие два екстреми.
Социјалната индиферентна крива на корисноста е линеарна и накривена надолу на десно. Максимум-минимум социјалната индиферентна крива зема облик на две здружени прави линии формирајќи агол од 90 степени. Социјалната индиферентна крива нацртана од меѓусебните функции на социјална заштита е крива која е накривена десно надолу.
Посредничките форми на социјалната индиферентна крива можат да бидат толкувани како приказ на нееднаквото зголемување, подобрувањето во корисноста на релативно богатите поединци е потребно да би се компензирала загубата во корисноста на релативно сиромашните поединци.
Упростен модел на седум равенки
уредиОсновниот проблем на економијата на благосостојба е да пронајде теоретски максимум на функцијата на општествената благосостојба, тема со разни ограничувања како состојбата на технологијата во производството, достапните природни ресурси, националната инфраструктура и ограничувањата во однесувањето како максимизацијата на корисноста кај потрошувачите и максимизација на профитот кај производителите. Во наједноставната можна економија ова може да биде направено со симултано решавање на седум равенки. Оваа едноставна економија би имала само два потрошувачи (потрошувач 1 и потрошувач 2), само два производи (производ X и производ Y) и само два фактори на производство кои влијаат врз овие производи (труд (L) и капитал (K)). Моделот може да биде изразен како:
- максимизација на општествена благосостојба: W=f(U1 U2) предмет на следниот збир ограничувања:
- K = Kx + Ky (Количината на капитал употребен во производството на добрата X и Y)
- L = Lx + Ly (Количината на труд употребен во производството на добрата X и Y)
- X = X(Kx Lx) (Производствената функција за производот X)
- Y = Y(Ky Ly) (Производствената функција за производот Y)
- U1 = U1(X1 Y1) (Привилегии на потрошувачот 1)
- U2 = U2(X2 Y2) (Привилегии на потрошувачот 2)
Решението на овој проблем лежи во паретовиот оптимум. Во пореален пример каде постојат милиони потрошувачи, милиони производи и неколку фактори на производството, математиката станува многу покомплицирана. Исто така, наоѓањето решение на апстрактна функција не е директно поврзано со јавната политика. Со други зборови, решавањето на равенка не ги решава општествените проблеми.
Ефикасност помеѓу производство и потрошувачка
уредиОдносот помеѓу производството и потрошувачката во едноставен модел на седум равенки (2x2x2 модел) може да биде графички изразен. Во графиконот подолу, агрегатната граница на производствените можности, означена со PQ ги покажува сите точки на ефикасноста во производството на добрата X и Y. Доколку економијата произведува мешавина од добрата X и Y, покажано во точката А, тогаш маргиналната стапка на трансформацијата (MRT), X за Y, е еднаква на 2.
Точката А ги дефинира границите на еџвортовиот дијаграм на потрошувачка. Тоа е истата мешавина на производи кои се произведени во точка А и можат да бидат конзумирани од двајца потрошувачи во едноставната економиј. Заедничките привилегии на потрошувачите се прикажани преку индиферентните криви во внатрешноста на еџвортовиот дијаграм. Во точката B, маргиналната стапка на супституција (MRS) е еднаква на 2, додека во точката C, маргиналната стапка на супституција е еднаква на 3. Само во точката В потрошувачката е во баланс со производството (MRS=MRT). Кривата 0BCA, во внатрешноста на еџвортовиот дијаграм, го дефинира жариштето на точки на ефикасноста во потрошувачката (MRS1=MRS ²). Како што се движиме низ кривата, ја менуваме мешавината од добрата X и Y кои поединците 1 и 2 избираат да ги конзумираат. Податоците за корисноста поврзани со секоја точка на оваа крива можат да бидат употребени во создавањето на функции на корисноста.
Максимизирање на општествена благосостојба
уредиФункциите на корисноста можат да бидат изведени од точките на кривата. Бројни функции на корисноста можат да бидат изведени, по една за секоја точка, од границата на производствените можности (означено со PQ во дијаграмот погоре). Општествена граница на корисноста може да биде добиена преку надворешните кругови на сите овие функции на корисноста. Секоја точка на општествената граница на корисноста претставува ефикасна алокација на економски ресурси: тоа е паретов оптимум во факторите на алокацијата, во производството, потрошувачката и во интеракцијата помеѓу понудата и побарувачката. Во дијаграмот подолу, кривата MN е граница на општествената корисност. Точката D кореспондира со точката С од претходниот дијаграм. Точката D се наоѓа на границата на општествената корисност бидејќи маргиналната стапка на супституција при точката С е еднаква на маргиналната стапка на трансформација при точката А. Точката Е кореспондира со точката В во претходниот дијаграм и лежи внатре во границата на општествената корисност (индицирајќи на неефикасност) бидејќи MRS при точката С не е еднакво со MRT при точката А.
Иако сите точки на границата на општествената корисност се паретова ефикасност, само една точка го означува местото каде општествената благосостојба е максимизирана. Таа точка се нарекува „точка на блаженство“. Оваа точка е Z каде општествената граница на корисноста MN е тангента на највисоката можна општествена индиферентна крива означена со SI.
Економска благосостојба во однос на другите теми
уредиЕкономијата на благосостојба употребува многу исти техники како и микроекономијата и може да се нарече посредник или напредна микроекономска теорија. Нејзините резултати се применливи во макроекономските проблеми што ја прави економијата на благосостојба мост помеѓу двете гранки на економијата.
Анализата на трошоци-добивка е специфична примена на техники на економијата на благосостојба, но не го вклучува видувањето за распределба на приходот.
Теоријата за човеков развој, исто така, ги истражува овие проблеми и ги смета за фундаментални во самиот процес на развивањето.
Критики
уредиНекои, како економисти од традиционалната Австриска школа, не се сигурни дали основните функции на корисноста или основните функции на општествената благосостојба имаа каква било вредност. Причината за ова, велат, е тоа што е тешко да се агрегираат корисностите на различни луѓе кои имаат различна маргинална корисност за парите, на пример сиромашните и богатите луѓе.
Исто така, економистите од австриската школа се сомневаат во релевантноста на паретовата оптимална алокација, земајќи ги врепдвид околнистите каде системот на значење и извршување не е совршено познат, за разлика од неокласичната теорија која претпоставува дека истиот систем е одлично познат.
Некои дури се сомневаат во вредноста на редните функции на корисноста. Тие предлагаат други средства за мерење на благосостојбата како алтернатива на ценовниот индекс, функција на „спремност (волја) за плаќање“ и други ценовно насочени мерки. Овие ценовно засновани мерки, од многу критичари, се посочуваат како промовирање на потрошуваштвото и продуктивизмот. Треба да се напомене и дека е возможно да се оствари економска благосостојба без употреба на цени, но тоа ретко се употребува.
Како и да е, можеби најзначајната од сите е грижата за ограниченоста на практичниот пристап во економијата на благосостојба. Според оваа граница на расправијата, корисноста не е единствената важна работа, па еден сеопфатен пристап во економијата на благосостојба треба да вклучува и други фактори. Пристапот со користење на можности во благосостојбата е обид за конструирање на сеопфатен пристап кон економијата на благосостојба, пристап каде дејноста, среќата и можностите се трите клучни аспекти на благосостојбениот резултат кој луѓето треба да се трудат да го искажат и поттикнат.
Наводи
уреди- ↑ Дердорфовиот речник за меѓународна економија (2006). „Економска благосостојба“.
- ↑ М. Д. Литл, Критика за економската благосостојба (1950). Амартија Сен, За економската нееднаквост, Анекс со Џејмс И. Фостер (1997), „Clarendon Press“, Оксфорд, ISBN 0-19-828193-5.
Литература
уреди- Кенет Џ. Ароу, (1951, второ издание, 1963). Социјален избор и поединечни вредности, „Yale University Press“, „New Haven“.
- Кенет Џ. Ароу и Жерард Дебро, 2002. Патоказни дела во теоријата за општа рамнотежа, социјален избор и благосостојба. „Edward Elgar Publishing“, ISBN 978-1-84064-569-9. Опис и преглед на содржина. Архивирано на 21 јуни 2013 г.
- Ентони Аткинсон (1975). Економијата на нееднаквост, „Oxford University Press“, Лондон.
- Франсис М. Батор (1957). „Едноставна анализа на благосостојбената максимизација“, American Economic Review, 47(1), стр. 22-59.
- Хавиер Калсамиглија и Алан Кирмен (1993). „Единствена инфромациона ефикасност и децентрализиран механизам со фер резултати“, Econometrica, 61(5), стр. 1147-1172.
- Џон С. Чипмен и Џејмс Мур (1978). „Новата економија на благосостојба“ 1939-1974, International Economic Review, 19(3), стр. 547-584.
- Џ. Мишен (1980). „Новата економија на благосостојба: Алтернативен преглед“, International Economic Review, 21(3), стр. 691-705.
- Алан М. Филдмен (1987). „Еднаквост“ The New Palgrave: A Dictionary of Economics, второ издание, стр. 183–84.
- _____ (1987 „The New Palgrave Dictionary of Economics“). „Економија на благосостојба“, The New Palgrave: A Dictionary of Economics, четврто издание, стр. 889–95. Апстракт.
- Алан М. Филдмен и Роберто Серано, [1980] 2006. Економија на благосостојба и теорија на социјален избор, второ издание. ISBN 0-387-29367-1, ISBN 978-0-387-29367-7 Arrow-serachable прегледи на поглавје.
- Јоханес де Вилиерс Грааф, (1957; преглед на изданието, 1968). Теоретска економија на благосостојба, ISBN 978-0-521-09446-7 Кембриџ, ОК: „Cambridge University Press“.
- Арнолд Харбергер (1971) „Три основни постулати за применета економија на благосостојба: Интерпретација на есеј“, Journal of Economic Literature, 9(3), стр. 785-797.
- Ричард Џаст (2004), Економијата на благосостојба на јавната политика, „Edward Elgar Publishing“, Чилтенхем и Нортемптон.
- М. Д. Литл (1950; 2002). Критика за економијата на благосостојба, Оксфорд. Преглед. ISBN 0-19-828119-6.
- Ју Кванг (1979; преглед на издание, 1983). Економија на благосостојба. Лондон, „Macmillan“.
- Џон Ф. Оконел (1982) Теорија на економија на благосостојба, „Auburn House Publishing“, Бостон.
- Пол Семјуелсон (1947, проширено издание, 1983). „Економија на благосостојба“, Основи на економската анализа, „Harvard University Press“, Кембриџ, поглавје 8, стр. 203–53.
- _____ (1977). „Реафирмирање на постоењето на „разумна“ функција на Бергсон-Семјуелсоновата општествена благосостојба“, Economica, 44(173), стр. 81-88. Реиздадено во (1986) Собрани научни трудови на Пол А. Семјуелсон, стр. 47-54.
- _____ (1981). „Бергсонова економија на благосостојба“, Економската благосостојба и економијата на советскиот социјализам: Есеј во чест на Абрам Бергсон, „Cambridge University Press“, Кембриџ, стр. 223–66. Реиздадено во (1986) Собрани научни трудови на Пол А. Самјуелсон, стр. 3 -46.
- Амартија Сен (1963). „Дистрибуција, преодност и мала критика за благосостојбата“, Economic Journal, 73(292), стр. 771-78.
- _____ (1982). Избор, благосостојба и мерење, „MIT Press“. Опис Архивирано на 10 октомври 2012 г. и мотај надолу преглед на поглавје - врска.
- Одржлив национален приход на „wikinfo“.