Когнитивна психологија
Когнитивната психологија е наука за менталните процеси како внимание, говор, меморија, перцепција, решавање проблеми, креативност, и размислување. Резултатите извлечени од когнитивната психологија се интегрирани во многу други современи дисциплини на психолошки студии, вклучувајќи ги психологија на образование, социјалната психологија, психологија на личноста, психопатологија, развојната психологија и економија.
Историја
уредиИнтересирањата на човекот за човечкиот ум и менталните процеси се стари уште од времето на Старите Грци. Во 387 п.н.е, Платон е познат по тоа што кажал дека мозокот е седиште на менталните процеси. Во 1637, Рене Декарт изјавува дека луѓето се раѓаат со вродена идеја, и проследена идеја на ум-тело дуализам, кој ќе дојде да биде познат како супстанција дуализам (во основа идејата дека умот и телото се две одделни материи). Големи дебати се водат од тоа време за тоа дали човековата мисла е исклучиво искуствена или вклучува и вродено познавање.Некои од кои се вклучени во оваа дебата се Џорџ Беркли и Џон Лок од страната на емпиристите и Емануел Кант од сраната на нативистите.
Филозофска дебата продолжува, од средината до крајот на 19 век е клучен момент во развојот на психологија како научна дисциплина. Двете откритија кои подоцна ќе одиграат значајна улога во когнитивната психологија се откритието на Паул Брока за подрачјето во мозокот кое во голема мера е одговорно за продукција на говорот, и откритието Карл Верник на област во мозокот за која сметало дека е главно одговорна за разбирањето на јазикот. Двете области подоцна се официјално именувани по нивните откривачи, и пореметувањата на поединецот во продукцијата на говор или во разбирањето поради траума или минимални оштетувања на фетусот се познати како Брокова-афазија и Верникова-афазија.
Од 1920-тите до 1950-тите, главниот пристап во психологија е бихејвиоризмот. Првично, неговите приврзаници гледаа на менталните процеси, како што се мислиње, верувања, внимание, и свеста како нешто што не може да се испита, односно надвор од областа на психологијата. Еден од пионерите на когнитивната психологија, кои работеле надвор од тие границите на бихејвиоризмот е Жан Пјаже. Од 1926 до 1950-тите и во 1980-тите години, ги изучувал мислите, јазикот и интелигенцијата на деца и возрасни.