Чуј Петел (Дукатино)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Чуј Петел

Карта

Местоположба 41°32′36″N 22°32′39″E / 41.54333° СГШ; 22.54417° ИГД / 41.54333; 22.54417
Основни податоци
Место Дукатино
Општина Василево
Тип

 населба  базилика


Период доцноантичко време
старохристијанско време
Портал „Археологија“

Чуј Петелархеолошко наоѓалиште во Дукатино, Општина Василево.

Претставува населба од доцноантичко време и старохристијанско време. На 1,5 км јужно од селото, на границата со атарот на селото Радичево се наоѓа високо зарамнето плато со површина од 700 × 500 м, на кое се среќаваат остатоци од населбинска керамика, питоси, тегули и друг градежен материјал. Во нивите на Г. Велков и В. Лазаров биле откриени темели од објекти, земјоделски алатки (српови, ножеви, мотики, секири), како и римски монети. На западниот крај на наоѓалиштето има темели од базилика од која биле откопани база и големи стебла од столбови. Едно стебло било однесено во селската црква[1].

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069