Дреново (Населичко)
Дреново (грчки: Δρυόβουνο, Дриовуно; до 1927 г. Δρυάνοβο, Дрјаново[2]) — село во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Горуша на Кожанскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 211 жители (2021).
Дреново Δρυόβουνο | |
---|---|
Координати: 40°22.14′N 21°26.36′E / 40.36900° СГШ; 21.43933° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Кожански |
Општина | Горуша |
Општ. единица | Лапчишта |
Надм. вис. | 800 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 211 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 50003 |
Повик. бр. | 2465 |
Географија
уредиСелото е смесетено на левиот брег на реката Бистрица, во западното подножије на планината Сињак. Лежии југоисточно од, Костур северозападно од Сачишта и околу 12 км североисточно од Лапчишта.[3]
Историја
уредиВо Отоманското Царство
уредиНа крајот на XIX век Дреново било село во Населичката каза. Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Дреново било село во Костурската каза со 240 Македонци и 100 Грци.[4][5]
Во селото силно работела грчката пропаганда и успеала да го погрчки македонското население. На почетокот на XX век Дреново потпаднало под врховенството на Цариградската патријаршија. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Дреново живееле 155 „Грци“ под патријаршијата.[6]
Во Грција
уредиПо Балканските војни во 1913 г. Дреново е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога населението броело 666 жители.[3] На пописот 1920 г. населението се намалило на 546 лица. Во 1927 г. селото е преименувано во Дриовунон. Во 1928 г. населението се накачило на 650 жители кои во 1940 г. достигнале 740 лица.[3] Во 1960-тите населението почнало да се намалува. Најголем пад доживеало во 2000-те, кога нагло се преполовило во рок од десет години.
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 740 | 656 | 717 | 537 | 510 | 531 | 402 | 251 | 211 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство
уредиСелото произведува жито, тутун и компири, а застапено е и сточарството.[3]
Знаменитости
уреди- Црква „Св. Мина“ од 1509 г.
- Манастир „Св. Преображение“ од 1592 г.
- Манастир „Рождество на пресв. Богородица“ од средниот век, но наполно распаднат и преизграден во 1969 г.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Δρυάνοβο - Δρυόβουνον
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 338.
- ↑ Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 267 - 268.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 182-183.