Манастир „Рождество на Пресвета Богородица“ - Дреново (Населичко)

манастир во Дреново, Населичко, Егејска Македонија

Рождество на Пресвета Богородица (грчки: Μονή Γέννησης της Θεοτόκου) — женски манастир во селото Дреново, Населичко, Егејска Македонија. Влегува во состав на Шишанско-сачишката епархија на Цариградската патријаршија.[1]

Рождество на Пресвета Богородица
Γέννησης της Θεοτόκου
Карта
40°22′20.9″N 21°26′50.6″E / 40.372472° СГШ; 21.447389° ИГД / 40.372472; 21.447389
МестоДреново, Населичко
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Културнонаследна категоријаспоменик на културата
Завршена1969
Управа
ЕпархијаШишанско-сачишка

Манастирската црква е еднокорабна градба. Нема точен податок за основањето на манастирот, но се смета дека тоа било некаде во XIII век и дека манастирот тогаш бил машки. Затворен е во 1835 г. и негов последен игумен бил Дионисиј од Сачишта. Останала стамо црквата, во чиј жртвеник има вредни византиски фрески. Околу 1960 г. црквата се урнала поради запоставување и неодржување. На нејзино место во 1969 г. е изграден нов храм. Во 1990 г. манастирот е обновен од митрополитот Антониј Шишанско-сачишки, а во 1993 г. е прогласен за женски.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Το Δρυόβουνο Βοΐου Κοζάνης (φωτο)“. Βήμα Βοΐου. Посетено на 3 јануари 2015.