Сињак или Снежник (грчки: Άσκιο, Аскио) — планински венец во северозападниот дел на Кожанскиот округ и источниот дел на Костурскиот округ во Егејска Македонија. Највисок врв е Сињак со 2.111 м.[1] Северниот дел е шумовит. Се протега од селото Клисура на северозапад до Сахинлар на југоисток, во должина од околу 30 км. Најблиски други планини се Нередска Планина на северозапад, Црвена Гора на југ и Каракамен на североисток. Реките по западните и јужните падини на планината планината извираат се влеваат во Бистрица, а оние на североисток завршуваат во Островското Езеро.

Сињак
Άσκιο
Највисока точка
ВрвСињак
Надм. височина2.111 м [1]
Координати40°24′23″N 21°33′24″E / 40.40639° СГШ; 21.55667° ИГД / 40.40639; 21.55667
Величина
Должина30 км СЗ-ЈИ
Ширина20 км СИ-ЈЗ
Географија
Сињак is located in Грција
Сињак
ЗемјиГрција
ОкрузиКокжани и Костур

Населени места уреди

Поголеми населени места во околината на Сињак се: Сачишта на југ, Кајлар на североисток и Кожани на југоисток. На самата планина се среќаваат селата Влашка Блаца (во средиштето), Селица и Деделер во јужниот и Ланга, Дебрец, Мокрени и Клисура на северниот дел. Јужно од венецот минува автопатот „Егнатија“ (Игуменица - Јанина - Кожани - Солун) низ малата област Карајанија, вгнездена во јужните падини и обиколена со разни други планини.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 „Oreivatein.com“. Архивирано од изворникот на 2013-10-16. Посетено на 2014-03-26.

Надворешни врски уреди