Драгош (грчки: Ζευγολατειό или Ζευγολατιό, Зевголатио; до 1927 г. Δραγόσι, Драгоси[2]) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Долна Џумаја на Серскиот округ, Грција.

Драгош
Ζευγολατειό
Драгош is located in Грција
Драгош
Драгош
Местоположба во областа
Драгош во рамките на Долна Џумаја (општина)
Драгош
Местоположба на Драгош во Серскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 41°5.8′N 23°16.58′E / 41.0967° СГШ; 23.27633° ИГД / 41.0967; 23.27633
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаДолна Џумаја
Општ. единицаОрљак
Надм. вис.&1000000000000003000000030 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно450
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Селото се наоѓа во североисточното подножје на Богданска Планина. Лежи блиу јужниот брег на реката Струма, на помалку од 3 км источно од Турица.[3]

Историја

уреди

Во средниот век

уреди

Селото е спомнато во грамоти на царот Стефан Душан од 1349 г. како село Драгошта, и во 1349 г. како село Драгошт(у).

Во Отоманското Царство

уреди

Во XIX век Драгош било македонско село во Серската каза на Серскиот санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Драгош (Dragoch) било село во Серската каза со 70 домаќинства сочинети од 160 муслимани и 30 Македонци.[4][5]

Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:

Драгош, чифлик близу до Струма. Од Турбеш на СЗ 1 час. Истата состојба; 25 македонски куќи.[6][7]

Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото имало 460 жители, од кои 400 Македонци и 60 Роми.[4][8]

Сите христијани во Драгош биле под врховенството на Цариградската патријаршија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Драгош (Dragoche) живееле 320 Македонци под Патријаршијата.[4][9]

Во Грција

уреди

За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 494 жители.[3] Во 1918 г. во селото се доселени грчки колонисти од селото Пелевун кај Ортаќој (денешен Ивајловград), Бугарија. На пописот од 1920 г. Драгош имал само 155 жители.[3] Во 1920-тите Турците/муслиманите во селото се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор. Во 1922-1923 г. во селото се доселиле и неколку семејства од Епир.[10] Во 1927 г. селото е преименувано во Зевголатио.[11] Според пописот од 1928 г. селото било етнички мешано, од кои 407 жители (95 семејства) биле дојденци.[12] Во 1932 г. во Драгош са доселиле и Каракачани од Епир.[10]

Месности во Драгош преименувани со службен указ на 6 јули 1968 г.
Име Грчки Ново име Грчки Опис
Чал[13] Τσάλ Λόφος Перасма Πέρασμα[14] возвишение на Ј од Драгош и на СЗ од Орляк (141 м)[13]
Шејтан[13] Σεϊτάν Дјаволу Рема Διαβόλου Ρέμα[14] рекичка на Ј од Драгош, десна притока на Струма[13]
Дурпесина[13] Ντουρπεσινέ Дисватон Рема Δύσβατον Ρέμα[14] рекичка на Ј од Драгош, десна притока на Струма[13]
Адичка[13] Άντιτσκα Ризома Ρίζωμα[14] месност на ЈИ од Драгош, по десниот брег на Струма[13]
Иляз Мезари[13] Ίλιάζ Μεζαρί Мнимата Μνήματα[14] месност на ЈИ од Драгош, по десниот брег на Струма[13]
Гуру Чешме[13] Γκουρού Τσεσμέ Ксери Вриси Ξερη Βρύση[14] месност на ЈЈЗ од Драгош[13]
Деве Тепе[13] Ντερέ Τεπέ Камилокорифес Καμηλοκορυφές[14] возвишение на Карадаг на ЈЗ од Драгош (556 м)[13]

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 401 525 706 556 395 441 480 450
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  3. 3,0 3,1 3,2 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 253. ISBN 9989-9819-6-5.
  4. 4,0 4,1 4,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 118–119. ISBN 954-8187-21-3.
  6. Нарекувајќи ги „бугарски“ под влијание на бугарската пропаганда.
  7. Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“ (PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Седма (XXXVI): 845.
  8. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 180. ISBN 954430424X.
  9. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 198–199.
  10. 10,0 10,1 Δήμος Στρυμωνικού. Ζευγολατιό Архивирано на 11 август 2010..
  11. Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
  12. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
  13. 13,00 13,01 13,02 13,03 13,04 13,05 13,06 13,07 13,08 13,09 13,10 13,11 13,12 13,13 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
  14. 14,0 14,1 14,2 14,3 14,4 14,5 14,6 „Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 427. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος. Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 146): 1042. 1968. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)