Грамота — повелба, диплома, официјален документ.[1][2] Зборот доаѓа од грчкиот збор „γράμματα“ - писмо. Зборот се користи со значење:

  • владетелско писмо, повелба;
  • документ со кој се доделуваат некои привилегии.
„Грамота на манастирот Хиландар“, напишана меѓу 1200 и 1202 година. Документот го потврдува правот на манастирот за владение со земјата подарена од Стефан Немања и Стефан Првовенчани

Подоцна, од почетокот на 18 век, во Црна Гора, зборот „грамота“ се поврзува со руските царски писма (грамота на царот Петар Велики до епископот Данило Петровиќ од 1711 година, со повик за војна против Отоманското Царство, се смета за почеток на руско-црногорските дипломатски односи).

Наводи

уреди

Литература:

уреди
  • Група аутора: Историјски лексикон Црне Горе, књига 3 „Daily Press-Вијести“, 2006.
  • Трифуновић, Ђорђе (1990). Азбучник српских средњовековних књижевних појмова (2.. изд.). Београд: Нолит.CS1-одржување: ref=harv (link)