Ситарија
Ситарија (грчки: Σιταριά) — село во Република Грција, општина Пајонија во област Централна Македонија. Селото има население од 148 жители според пописот од 2001 година.
Ситарија Σιταριά | |
---|---|
Координати: 40°57′N 22°39′E / 40.950° СГШ; 22.650° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Кукуш |
Општина | Пајонија |
Општ. единица | Ругуновец |
Надм. вис. | 10 м |
Население (2001)[1] | |
• Вкупно | 148 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото се наоѓа на околу 4 километри источно од градот Ругуновец (Поликастро) во Солунско Поле.
Историја
уредиСелото е основано во 1930-те години заедно со Нова Кавала од доселеници од Кавала, ослободено со пресушување на Аматовското Езеро.[2] До 1940 година го носи името Неја Кавала 62.[3]
Наводи
уреди- ↑ Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
- ↑ Από την Καβάλα στη Νέα Καβάλα, Πρωινή του Κιλκίς, 7 Μαΐου 2010
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Νέα Καβάλλα 62 - Σιταριά