Драва

река во Италија, Словенија, Хрватска и Унгарија
(Пренасочено од Драва (река))
45°32′38″N 18°55′31″E / 45.54389° СГШ; 18.92528° ИГД / 45.54389; 18.92528

Драва или Драве[1] (германски: Drau; словенечки: Drava; хрватски: Drava; унгарски: Dráva [ˈdraːvɒ]; италијански: Drava) — река во јужниот дел на Средна Европа. Со должина од 710 км,[2] 724 км ако е додаден изворот Секстнер Бах, таа е петтата или шестата најдолга притока на реката Дунав, после Тиса, Сава, Прут, Муреш, и можеби Сирет. Драва има сливна површина од 40,154 км2[2] Нејзиниот среден истек е сезонски од 500 м3 до 670 м3 Нејзиниот извор е близу гратчето Инихен/Сан Кандидо, долината Пустер во Јужен Тирол, Италија. Реката тече кон исток низ Источен Тирол и Корушка во Австрија кон регионот Штаерска во Словенија. Таа тогаш врти кон југоисток, минувајќи низ Хрватска и, спојувајќи се со нејзината главна притока Мура, го обликува поголемиот дел од границата помеѓу Хрватска и Унгарија, пред да се влее во Дунав во Осиек.

Драва
Drau, Drave, Dráva
Река
Земји Италија, Австрија, Словенија, Хрватска, Унгарија
Градови Лијенц, Шпитал на Драва, Филах, Ферлах, Дравоград, Вузеница, Мута, Руше, Марибор, Птуј, Ормож, Вараждин, Барч, Белишќе, Осиек
Извор Северно од Нојнеркофел/Чима над Тоблахер Фелд/Села ди Добјако
 - место Тоблах/Добјако, Јужен Тирол, Италија
 - височина 1.450 м
 - координати 46°43′9″N 12°15′16″E / 46.71917° СГШ; 12.25444° ИГД / 46.71917; 12.25444
Утока Дунав во близина на Осиек
 - координати 45°32′38″N 18°55′31″E / 45.54389° СГШ; 18.92528° ИГД / 45.54389; 18.92528
Должина 707 км
Слив 11.828 км2
Карта на реката Драва
Карта на реката Драва
Карта на реката Драва

Во античко време, реката била позната како Дравус (Dravus) или Драус (Draus) на латински, а на грчки како Драос (Δράος)[3][4] и Дравос (Δράβος). Средновековните споменувања на името се Дравис (Dravis) (ок. 670 година), Драува (Drauva) (во 799 година), Драуус (Drauus) (во 811 година), Трауум (Trauum) (во 1091 година) , и Трах (Трах) (во 1136 година). Името е предримско и предкелтско, но веројатно од индоевропско потекло, од коренот *dreu̯- 'проток'.[5] Реката го дава своето име на дравитот кој е врста на турмалин.[6]

Преглед

уреди

Драва и Шпељ се единствените две реки кои потекнуваат од Италија и се влеваат во базенот на Дунав. Реката е четврта најголема и најдолга притока на Дунав.[7] Главни притоки на Драва се:

Драва тече низ градовите: Иничен во Италија, Лијенц, Шпитал, Филах, и Ферлах во Австрија, Дравоград, Вузеница, Мута, Руше, Марибор, Птуј, и Ормож во Словенија, Вараждин и Осиек во Хрватска, и Барч во Унгарија.[8]

Хидролошките параметри на Драва редовно се следат во Хрватска кај Ботово, Терезино Поле, Долни Михољач и Осиек.[9]

Држава Должина (км) Површина (км2) Среден истек (м3/с)
Италија 10.6 354 (0.9%) 4
Австрија 254.7 22,162 (55.2%) 280
Австрија–Словенија 4.2 граница
Словенија 117.7 4,662 (11.6%) 292
Словенија–Хрватска 23.3 граница
Хрватска 166.4 6,822 (17.0%) 544
Хрватска–Унгарија 133.0 граница
Унгарија 0 6,154 (15.3%) 544
Вкупно 709.8 40,154 (100%) 544

Средниот истек е за последната точка во државата спомената во изворот.[2]

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. Utrata Fachwörterbuch: Geographie - Englisch-Deutsch/Deutsch-Englisch by Jürgen Utrata (2014). Посетено на 2 февруари 2023.
  2. 2,0 2,1 2,2 Joint Drava River Corridor Analysis Report Архивирано на 10 јуни 2016 г., 27 ноември 2014
  3. Roesler, R. (1873). „Einiges über das Thrakische“. Zeitschrift für die österreichischen Gymnasien. Виена: Carl Gerold's Sohn. 24: 111.
  4. Melich, J. (1932). „Über slavische Flußnamen fremden Ursprungs. Milan von Rešetar zum 70. Geburtstag gewidmet“. Zeitschrift für Slavische Philologie. 9 (1/2): 97. JSTOR 24000481. Посетено на 2 февруари 2023.
  5. Snoj, Marko (2009). Etimološki slovar slovenskih zemljepisnih imen. Љубљана: Modrijan. стр. 124.
  6. Deer, William Alexander; Howie, Robert Andrew; Zussman, Jack (1997). Rock-Forming Minerals: Volume 1B, Disilicates and Ring Silicates. London: The Geological Society. стр. 559.
  7. Klement Tockner, Urs Uehlinger, Christopher T. Robinson (2009), Rivers of Europe, Academic Press, no nr., ISBN 978-0-12-369449-2
  8. „Reke, dolge nad 25 km, in njihova padavinska obmocja“ [Rivers, longer than 25 km, and their catchment areas] (словенечки и англиски). Статистичко биро на Словенија. 2002. Архивирано од изворникот на 2007-10-20.
  9. „Daily hydrological report“. Хидрометереолошко биро на Хрватска. Архивирано од изворникот на 2010-05-30. Посетено на 2010-09-09.

Дополнителна книжевност

уреди

Надворешни врски

уреди