Агенција на Република Словенија за животна средина
Агенцијата на Република Словенија за животна средина (словенечки: Agencija Republike Slovenije za okolje или АРСО) ― главната организација за животна средина во Република Словенија. Основана е во 2001 година со реорганизација на Хидрометеоролошкиот завод на Словенија. Од 2012 година е дел од Министерството за земјоделство и животна средина; претходно било дел од Министерството за животна средина и просторно планирање. Од мај 2012 година, нејзин генерален директор е Силво Жлебир. Опсегот на должности на оваа организација се во областа на следење, анализа и предвидување на природните појави и процеси во животната средина и намалување на опасноста за луѓето и нивниот имот и тоа:
- национална служба за метеорологија
- национална служба за хидрологија
- национална служба за сеизмологија
- следење на загадувањето на животната средина и обезбедување квалитетни јавни податоци за животната средина
- ги остваруваат барањата за заштита на животната средина, кои произлегуваат од насилните регулативи, зачувувањето на природните ресурси, биоразновидноста и обезбедувањето одржлив развој на земјата.
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- Службена мрежна страница
- Ние сме дел од околината, животната средина е дел од нас (Презентациска книшка) Архивирано на 15 јули 2022 г.. Агенција на Република Словенија за животна средина. август 2006 година. Посетено на 17 април 2022 година.
46°3′54.78″N 14°30′48.65″E / 46.0652167° СГШ; 14.5135139° ИГД