Дорис Лесинг
Дорис Меј Лесинг CH, OBE (родена Тајлер, на 22 октомври 1919 година) — зимбабвеанско-британска писателка, автор на дела како The Grass is Singing и The Golden Notebook. Во 2007 година, Лесинг ја доби Нобеловата награда за литература[1]. Шведската академија ја опиша како: "Таа е раскажувач на женското искуство, кој со скептицизам, оган и визионерска моќ на поделената цивилизација и даде критички поглед". Лесинг е единаесеттата жена која ја добила оваа престижна награда во нејзина 106-годишна историја[2]
Дорис Лесинг Doris Lessing | |
---|---|
Дорис Лесинг во 2006 | |
Псевдоним | Џејн Сомерс |
Занимање | Писател |
Националност | британско |
Период | XX век, 21 век |
Книжевно движење | Модернизам, Постмодернизам, Суфизам, Социјализам, Исламска литература, Феминизам, Научна фантастика |
Значајни дела | The Grass is Singing, The Golden Notebook, Briefing for a Descent into Hell, The Good Terrorist, Canopus in Argos, The Cleft |
Значајни награди | Нобелова награда за литература 2007 |
Сопруг/а | Френк Чарлс Виздм (1939-1943) Готфрид Антон Николај Лесинг (1945-1949) |
мрежно место | |
http://www.dorislessing.org/ |
Животопис
уредиЛесинг е родена во Керманшах, Персија (Иран) на 22 октомври 1919 година, како ќерка на капетанот Алфред Тајлер и Емили Мод Тајлер (родена Меквеа), обајцата со англиска и британска националност[3]. Нејзиниот татко, кој ја загубил ногата за време на Првата светска војна, ја запознал неговата идна сопруга, медицинска сестра, во болницата Ројал Фри каде што заздравувал од ампутацијата.[4][5] Алфред Тајлер и неговата сопруга се преселиле во Керманшах, Иран, каде што тој се вработил како службеник во банката Империјал во Персија, и тука во 1919 година се раѓа Дорис.[6][7] Потоа, во 1925 година, семејството се сели во британската колонија, Јужна Родезија (денешно Зимбабве), да одгледува пченка, откако нејзиниот татко купил земјиште од околу илјада хектари. Нејзината мајка се обидувала да живее модерен живот во грубото општество, што немало да биде толку тешко ако семејството било богато, но не било. Фармата не била успешна и не успева на Тајлерови да им го донесе очекуваното богатство. Лесинг се школувала во Доминикан Конвент, женско римско-католичко манастирско училиште во Солсбери (денешно Хараре).[8] Лесинг го напушта училиштето на 14-годишна возраст, и потоа се самообразува. Таа го напушта домот на 15-годишна возраст и оди да работи како помошничка, и во ова време започнува да чита политичка и социјална материја, која ѝ ја давал нејзиниот работодавател. Приближно во ова време започнува и со пишување. Во 1937 година Лесинг се сели во Солсбери, се вработува како телефонистка и медицинска сестра.[9] Набрзо се мажи за својот прв сопруг Френк Виздом, со кого ќе има две деца, пред нивниот брак да се распадне во 1943 година.[5] По нејзиниот развод, Лесинг буди интерес за Лефт Бук Клуб (Left Book Club), комунистички книжевен клуб[10], каде што ќе го запознае својот втор сопруг Готфрид Лесинг. Наскоро по пристапувањето во групата, тие ќе стапат во брак и ќе добијат дете, за бракот повторно да заврши со развод во 1949 година. Готфрид Лесинг подоцна станува амбасадор на Источна Германија во Уганда, и бил убиен во немирите што избувнале против Иди Амин Дада во 1979 година.[5]
Писателска кариера
уредиПоради нејзината кампања против јадреното оружје и јужноафриканскиот апартхејд, Лесинг била протерана оттаму и од Родезија на подолг период.[11]. Во 1949 година, Лесинг со својот најмлад син се сели во Лондон и истата година го објавува својот прв роман „Тревата пее“ (The Grass Is Singing). Сепак, поширока слава стекнала со делото „Златната тетратка“ (The Golden Notebook) од 1962 година.[7] Во 1984 година, Лесинг прави обид да објави два романи под псевдонимот Џејн Сомерс, со цел да докаже колку е тешко да излезат од печат новите автори. Романите биле одбиени од страна на британскиот издавач на Лесинг, но биле прифатени од друг англиски издавач, Мајкл Џозеф, и во САД од страна на Алфред А. Кнопф.[12] Лесинг ја одбила витешката титула, но го прифатила Орденот на честа, кон крајот на 1999 година за „истакнати национални заслуги“.[13] Исто така, добива и Companion of Literature од страна на Royal Society of Literature.[14] На 11 октомври 2007 година, таа ја добила Нобеловата награда за литература со образложението дека таа е авторка „со исклучителна наративна дарба за женското искуство, која со скептицизам, страст и визионерска сила ја набљудува цивилизацијата која е поделена.“[9] На 87-годишна возраст таа станува најстариот добитник на престижната награда во тоа време, како и трет најстар нобеловец во сите категории. Исто така, во тој миг, таа била само единаесеттата жена која ја добила Нобеловата награда за литература во нејзината 106-годишна историја. Пред својот дом, на новинарите саркастично ќе им изјави: „Ги добив сите награди во Европа, секоја проклета награда и ми причинува задоволство што ги имам сите. Тоа е како да имате најсилна рака во покер“. Таа ја наслови својата пригодна беседа „За недобивањето на Нобеловата награда“ (On Not Winning the Nobel Prizе) и ја искористила за да привлече внимание на глобалната нееднаквост за можностите и да ја истражи промената на состојбата во раскажувањето и литературата. Подоцна, беседата е објавена во ограничено издание со цел да се соберат средства за децата изложени на опасност од ХИВ/СИДА. Во интервју од 2008 година за радио програмата Front Row на BBC, Лесинг изјавува дека зголемениот интерес од страна на медиумите по добивањето на наградата не ѝ оставил време за пишување.
Литературен стил
уредиПриказните на Лесинг обично се делат на три различни фази: комунистички теми (1944-1956), кога радикално пишува за социјалните прашања (на кои ќе се наврати и во делото The Good Terrorist од 1985 година), психолошки теми (1956-1969) и потоа следат теми од Суфизмот, кој го истражува во научно-фантастичните рамки на серијалот романи Canopus.Преминот на Лесинг кон научната фантастика не беше добро прифатен од страна на повеќето критичари. На пример, во врска со романот The Making of the Representative for Planet 8 во весникот New York Times, 1982 година, критичарот Џон Леонард ќе напише: "Еден од многуте гревови кои ќе му се препишат на 20 век е дека ја обесхрабри госпоѓицата Лесинг...таа сега врши пропаганда за нашата беззначајност во космичката измама"[15]. На ова Лесинг ќе одговори: "Тие не сфатија дека научната фантастика претставува една од најдобрите социјални приказни на нашето време. Исто така и се восхитувам на класичната научна фантастика како Blood Music, на Грег Бер. Тој е одличен писател". За разлика од некои автори главно познати по своите мејнстрим дела, таа никогаш не се двоумела да признае дека пишува научна фантастика. Таа беше почесен гостин-писател на World Science Fiction Convention (Worldcon), одржан 1987 година, на кој ќе одржи одлично прифатен говор во кој го опишува своето научно-фантастично дело Memoirs of a Survivor како "обид за автобиографија. Нејзиниот роман The Golden Notebook, некои проучувачи на нејзиното дело го сметаат за феминистичка класика, но не и самата авторка, која подоцна ќе напише дека темата за духовната анализа како начин за лекување и ослободување од сопствените илузии не била забележана од страна на критичарите. Таа исто така ќе изрази жалење што критичарите не успеале да ја увидат несекојдневната структура на романот. Како што објаснува во романот Walking in the Shade, Лесинг го моделира ликот на Моли, по терк на нејзината добра пријателка Џоан Родкер[16], ќерка на авторот и издавачот Џон Родкер. На Лесинг не и се допаѓа идејата да биде класифицирана како феминистички автор. На прашањето зошто, таа одговара:
„Она што феминистите го бараат од мене е нешто непроверено, бидејќи доаѓа од религијата. Тие сакаат да сведочам. Она што навистина го посакуваат е да речам "Ха, сестри, стојам со вас рамо до рамо во вашата борба за златниот ден, каде што сите оние мажи-ѕверови повеќе не постојат". Дали навистина сакаат луѓето да прават претерано упростени искази за мажи и жени? Всушност, да, сакаат. За жал дојдов до тој заклучок.“
— Дорис Лесинг, The New York Times, 25 јули 1982
На прашањето која од нејзините книги ја смета за најважна, Лесинг ја избра Canopus in Argos, од серијалот научна фантастика (1979–1983). Овие книги преку различни перспективи ги покажуваат напорите на едно напредно општество за присилна еволуција (исто така види и Progressor и Uplift). Canopus серијалот делумно е заснован на концептите на Суфизмот, со кој Лесинг се запознава кон средината на 60те години, преку нејзиниот "добар пријател и учител", Идриз Шах. Поранешни дела за "потсвестна" фантастика како Briefing for a Descent into Hell (1971) и Memoirs of a Survivor (1974), исто така се блиско поврзани со оваа тема (интересите на Лесинг се вртат кон Суфизмот, по сфаќањето дека Марксизмот ги игнорира духовните прашања, оставајќи ја разочарана).
Архива
уредиНајголемиот архив од делата на Лесинг се наоѓа во Хери Ренсом Хјуманитис Рисрч Центар, во Тексашкиот Универзитет во Остин, Тексас. 45-те архивски кутии со материјали од Лесинг, ги содржат речиси сите нејзини постоечки ракописи и печатени дела, до 1999 година. Се претпоставува дека не постои оригинален материјал од нејзиното рано творештво, бидејќи Лесинг не зачувала ниту еден од нејзините рани ракописи. Други институции, како на пр.: Библиотеката МекФарлин на Универзитетот во Тулса, поседуваат помали колекции[17].
Награди
уредиЛесинг е добитничка на поголем број награди:
- Наградата „Сомерсет Мом“ (Somerset Maugham Award, 1954)
- Prix Médicis étranger (1976)
- Австриската државна награда за европска литература (1981)
- Shakespeare-Preis der Alfred Toepfer Stiftung F. V. S., Hamburg (1982)
- W. H. Smith Literary Award (1986)
- Наградата на Палермо (1987)
- Premio Internazionale Mondello (1987)
- Premio Grinzane Cavour (1989)
- James Tait Black Memorial Prize for biography (1995)
- Los Angeles Times Book Prize (1995)
- Premi Internacional Catalunya (1999)[3]
- Order of the Companions of Honour (1999)
- Companion of Literature of the Royal Society of Literature (2000)
- Наградата „Дејвид Коен“ (David Cohen Prize, 2001)
- Premio Príncipe de Asturias (2001)
- S.T. Dupont Golden PEN Award (2002)
- Нобеловата награда за литература (2007)
Дела
уредиРомани:
• „Тревата пее“ (The Grass is Singing) (1950)
• „Златната тетратка“ (The Golden Notebook) (1962)
• Briefing for a Descent into Hell (1971)
• „Летото пред мракот“ (The Summer Before the Dark) (1973)
• Memoirs of a Survivor (1974)
• The Diary of a Good Neighbour (под псевдонимот Џејн Сомерс, 1983)
• If the Old Could... (под псевдонимот Џејн Сомерс, 1984)
• „Добриот терорист“ (The Good Terrorist) (1985)
• „Петтото дете“ (The Fifth Child) (1988)
• Playing the Game (графичка новела со илустрации на Чарли Адлард, 1995)
• Love, Again (1996)
• Mara and Dann (1999)
• Ben, in the World (2000) – продолжение на The Fifth Child
• „Најслаткито сон“ (The Sweetest Dream) (2001)
• The Story of General Dann and Mara's Daughter, Griot and the Snow Dog (2005) – продолжение на Mara and Dann
• The Cleft (2007)
• Alfred and Emily (2008)
Збирки раскази:
• Five Short Novels (1953)
• The Habit of Loving (1957)
• A Man and Two Women (1963)
• African Stories (1964)
• Winter in July (1966)
• The Black Madonna (1966)
• The Story of a Non-Marrying Man (1972)
• This Was the Old Chief's Country: Collected African Stories, Vol. 1 (1973)
• The Sun Between Their Feet: Collected African Stories, Vol. 2 (1973)
• To Room Nineteen: Collected Stories, Vol. 1 (1978)
• The Temptation of Jack Orkney: Collected Stories, Vol. 2 (1978)
• Through the Tunnel (1990)
• London Observed: Stories and Sketches (1992)
• The Real Thing: Stories and Sketches (1992)
• Spies I Have Known (1995)
• The Pit (1996)
• The Grandmothers: Four Short Novels (2003)
Сериите Children of Violence
• Martha Quest (1952)
• A Proper Marriage (1954)
• A Ripple from the Storm (1958)
• Landlocked (1965)
• The Four-Gated City (1969)Сериите Canopus in Argos: Archives
• Shikasta (1979)
• The Marriages Between Zones Three, Four and Five (1980)
• The Sirian Experiments (1980)
• The Making of the Representative for Planet 8 (1982)
• The Sentimental Agents in the Volyen Empire (1983)
Приказни за мачки
• Particularly Cats (stories and nonfiction, 1967)
• Particularly Cats and Rufus the Survivor (stories and nonfiction, 1993)
• The Old Age of El Magnifico (stories and nonfiction, 2000)
Non-fiction
• Going Home (мемоари, 1957)
• In Pursuit of the English (1960)
• Prisons We Choose to Live Inside (есеи, 1987)
• The Wind Blows Away Our Words (1987)
• African Laughter: Four Visits to Zimbabwe (мемоари, 1992)
• A Small Personal Voice (есеи, 1994)
• Conversations (интервјуа, издадени од Ерл Г. Ингерсол, 1994)
• Putting the Questions Differently (интервјуа, издадени од Ерл Г. Ингерсол, 1996)
• Time Bites (есеи, 2004)
• On Not Winning the Nobel Prize (Пригодна беседа, 2007, објавена 2008)
Опери
• The Making of the Representative for Planet 8 (музика на Филип Глас, 1986)
• The Marriages Between Zones Three, Four and Five (музика на Филип Глас, 1997)
Драми
• Each His Own Wilderness (три драми, 1959)
• Play with a Tiger (1962)
Поезија
• Fourteen Poems (1959)
• The Wolf People - INPOPA Anthology 2002 (поеми од Лесинг, Роберт Твигер и Т.Х. Бенсон, 2002)
Автобиографии
• Under My Skin: Volume One of My Autobiography, to 1949 (1994)
• Walking in the Shade: Volume Two of My Autobiography, 1949 to 1962 (1997)
Поврзано
уредиЛитература за Лесинг
уреди• Fahim, Shadia S. (1995). Doris Lessing: Sufi Equilibrium and the Form of the Novel. Basingstoke, UK/New York, NY: Palgrave Macmillan/St. Martins Press. ISBN 0-312-10293-3. • Galin, Müge (1997). Between East and West: Sufism in the Novels of Doris Lessing. Albany, NY: State University of New York Press. ISBN 0-7914-3383-8.
Надворешни врски
уреди„Дорис Лесинг“ на Ризницата ? |
- Пригодната беседа на Дорис Лесинг по повод доделувањето на Нобеловата награда за литература Архивирано на 16 февруари 2008 г.
- Doris Lessing homepage created by Jan Hanford* Interview with TIME Архивирано на 15 јуни 2009 г.
- Lessing Nobel Prize Lecture
- Profile and overview of works Архивирано на 15 декември 2018 г. in Bookmarks magazine
- Doris Lessing on MySpace* Дорис Лесинг на Curlie (англиски)
- Joyce Carol Oates on Doris Lessing* Doris Lessing's papers at the Harry Ransom Humanities Research Center at the University of Texas at Austin Архивирано на 18 февруари 2012 г.
- Doris Lessing's papers at the University of East Anglia
- University of Tulsa McFarlin Library's inventory of Doris Lessing manuscripts housed in their special collections department. Архивирано на 13 јули 2017 г.
- Doris Lessing Page at Guardian Unlimited contains links to all available articles and reviews by Lessing to appear at Guardian Unlimited, including audio, streaming video, and interviews, and additional articles focusing on Lessing from other writers
- "The TLS on Doris Lessing"[мртва врска]: a collection of pieces on Doris Lessing from TLS, October 11 2007.
- 'The Knife by the Handle at Last' Tim Parks review of Alfred and Emily from The New York Review of Books
Наводи
уреди- ↑ "NobelPrize.org". http://nobelprize.org/nobel_prizes/literature/laureates/2007/index.html. Посетено на 2007-10-11.
- ↑ Crown, Sarah. Look at her face.Doris Lessing wins Nobel prize. Look at her face.. The Guardian.
- ↑ Hazelton, Lesley (2007-10-11). „`Golden Notebook' Author Lessing Wins Nobel Prize“. Bloomberg. Посетено на 2007-10-11.
- ↑ Klein, Carole. „Doris Lessing“. The New York Times. Посетено на 2007-10-11.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 „Doris Lessing“. kirjasto.sci.fi. Архивирано од изворникот на 2008-06-08. Посетено на 2007-10-11.
- ↑ Hazelton, Lesley (1982-07-25). „Doris Lessing on Feminism, Communism and 'Space Fiction'“. The New York Times. Посетено на 2007-10-11.
- ↑ 7,0 7,1 „Author Lessing wins Nobel honour“. BBC News Online. 2007-10-11. Посетено на 2007-10-11.
- ↑ Carol Simpson Stern. Doris Lessing Biography. biography.jrank.org. Посетено на 2007-10-11.
- ↑ 9,0 9,1 Riba, patka, vodozemac: Priče o životinjama (Priredila Ljubica Arsić). Beograd: Laguna, 2014, стр. 88.
- ↑ „Biography“. A Reader's Guide to The Golden Notebook & Under My Skin. HarperCollins. 1995. Посетено на 2007-10-11.
- ↑ Billinghurst, Kevin (2007-10-11). „British Author Doris Lessing Wins Nobel Prize for Literature“. Voices of America. Архивирано од изворникот на 2007-10-12. Посетено на 2007-10-15. Не се допушта закосување или задебелување во:
|publisher=
(help) - ↑ Hanft, Adam. When Doris Lessing Became Jane Somers and Tricked the Publishing World (And Possibly Herself In the Process). Huffington Post. Посетено на 2007-10-11. The Diary of a Good Neighbour[1] бил објавен во 1983.
- ↑ „Doris Lessing interview“ (Audio). BBC Radio. Посетено на 2007-10-11.
- ↑ „Companions of Literature list“. Архивирано од изворникот на 2007-07-07. Посетено на 2007-10-11.
- ↑ Leonard, John. „The Spacing Out of Doris Lessing“. The New York Times. Посетено на 2008-10-16.
- ↑ Lessing's Early and Transitional Novels: The Beginnings of a Sense of Selfhood Retrieved 2007-10-17
- ↑ „Harry Ransom Center Holds Archive of Nobel Laureate Doris Lessing“. hrc.utexas.edu. Архивирано од изворникот на 2008-10-11. Посетено на 2008-03-17.