Покер е група на игри со карти кои имаат слични правила за обложување и најчесто (но не секогаш) и слични покер комбинации. Покер игрите се разликуваат според тоа, како се делат картите, можноста за формирање покер комбинации, дали појаките или послабите карти победуваат кога има тесна борба за победа (во некои игри добивката се дели), ограничувањата на големината на облогот, и колку рунди на обложување се дозволени.

Тексас холдем покер - еден од најпопуларните видови покер.

Во повеќето модерни покер игри, првата рунда започнува со некој вид на приморан облог од страна на еден од играчите. Во стандардниот покер секој играч се обложува дека неговата покер комбинација ќе биде најсилна. Акцијата потоа продолжува надесно и секој играч на ред ако сака да продолжи мора или да го достигне максималниот претходен облог или да се откаже губејќи ја дотогашната обложена сума и откажувајќи се од делењето. Играчот којшто ќе продолжи има можност и да го зголеми облогот. Кругот завршува кога сите играчи или се откажале или продолжиле понатака. Доколку сите освен еден играч се откажат во било која рунда, тогаш играчот што останал ги добива дотогаш вложените пари и може да бира дали ќе ја покаже или не својата покер комбинација. Доколку повеќе од еден играч остане на соочување после последната обложувачка рунда , нивните комбинации се откриваат и играчот со победничката комбинација го добива влогот. Со исклучок на првите принудни облози, пари се вложуваат доброволно од страна на секој играч кој (барем е така во теоријата) има основано верување дека неговиот облог има позитивна очекувана вредност. Иако, исходот на секое посебно делење значително зависи од можноста да се добие или не, долгорочните очекувања на играчите зависат од нивните акции преземени врз основа на можности, психологија и теорија.

Покерот станува популарен уште од почетокот на дваесеттиот век, и преминува од рекреативна активност практикувана од мали групи на мажи, до широко популарна активност со интернационална публика и мултимилионски награди на покер турнирите, со женскиот дел од публиката кој постојано се зголемува.

Интернет-покер уреди

Главна страница: Интернет-покер

Интернет-покер (online poker) е всушност играта покер играна преку Интернет. Интернет-покерот е причината за драматичниот пораст на бројот на покер играчи низ целиот свет. Christiansen Capital Advisors соопштиле дека добивката во интернет-покерот порасанала од 82,7 милиони американски долари во 2001 на 2,5 милјарди американски долари во 2005.

Накратко уреди

Традиционалните места за играње покер, како што се казината и покер собите, може да бидат застрашувачки за новите играчи и најчесто се сместени во географски пооддалечени локации. Исто така, обичните казина не се подготвени да го промовираат покерот затоа што е тешко за нив да профитираат од тоа. Иако временските трошоци на традиционалните казина се најчесто многу високи, опортунитетните трошоци за водење на една покер соба се уште поголеми. Обичните казина честопати прават повеќе пари со отстранување на покер собите и додавање на повеќе слот машини.

Од друга страна пак, играњето на интертнет е значително поевтино затоа што има далеку помали трошоци. На пример, додавање на нова маса нема да зазема значителен простор како што тоа би било случај кај обичните казина. Исто така интернет-казината им дозволуваат на играчите да играат со мали влогови (почнувајќе дури и од 1 или 2 центи) и честопати нудат безплатни турнири, привлекувајќи на тој нашин почетници и/или помалку богата клиентела.

Наводи уреди

Надворешни врски уреди

Список на покер-соби на интернет