Диркоп Адлер (германски: Dürkopp Adler AG ) — германски производител на индустриски машини за шиење со седиште во Билефелд, Германија. Компанијата е именувана според еден од основачите на компанијата, Николаус Диркоп, и брендот за швајцарска марка Адлер. Акциите на компанијата се тргуваат на Франкфуртската берза.

MAX PFAFF Industrial
ISINDE0006299001 Уреди на Википодатоците
ДејностManufacture of machinery for textile, apparel and leather production
Автомобилска индустрија
machinery industry and plant construction
vehicle construction
металство Уреди на Википодатоците
Основано1860
ОсновачНиколаус Диркоп
Распуштено1990 Уреди на Википодатоците
СедиштеБилефелд, Германија
Доход142 милиони евра (31 декември 2015)[1]
Вработени
1321 (31 декември 2015)[1]
Мреж. местоduerkopp-adler.com

Порано, подружницата Dürkopp Fördertechnik GmbH произведувала транспортни системи за текстилната и автомобилската индустрија. Овој бизнис денес е дел од австриската Knapp AG.

Историја уреди

 
Велосипед Dürkopp
 
Мотоцикл Dürkopp
 
Автомобил Dürkopp
 
Машина за шиење Dürkopp

Двајца бравари, Карл Баер и Хајнрих Кох ја основале првата фабрика за машини за шиење во Билефелд во 1860 година. Под името Koch & Co, тие во 1865 година го вработиле механичарот за машини за шиење Николаус Диркоп и мајсторот Карл Шмит. Диркоп веќе ја имал направено својата прва машина за шиење во 1861 година и започнал сопствен бизнис на 22 октомври 1867 заедно со Шмит како Dürkopp & Schmidt. Компанијата Dürkopp го направи својот пробив по 1876 година. Фердинанд Каселовски, директор на Ravensberger Spinnerei, а потоа и еден од најбогатите луѓе во Билефелд, станал негов деловен партнер. Карл Шмит се повлекол со значителна компензација, со што ја основал Anker-Werke. Веќе 1880 година биле активни 19 компании во текстилната индустрија и Билефелд станал една од најважните локации за производство на машини за шиење во Германија.

По заминувањето на Шмит во 1876 година, името на компанијата била променето во Dürkopp & Co. Во 1880-тите, компанијата доживеала голема криза. Во 1885 година, Dürkopp станала првата германска компанија која започнала со сериско производство на велосипеди. Велосипеди под името Dürkopp биле произведувани и дистрибуирани од страна до 2006 година. Но компанијата по 1920 година главно повторно се фокусирала на производството на машини за шиење. Од 1897 година, компанијата исто така произведувала и автомобили, следејќи го моделот на Panhard & Levassor, како и на камиони.

Производството на машини за шиење продолжило да се намалува до 1930 година кога истото било преземено од Кох Адлер. Работната сила на Dürkopp се намалила на 700 вработени. На почетокот, компанијата, која по смртта на нејзиниот основач го променила своето име во Dürkoppwerke, била вклучена во производството на оружје на Вермахтот. Во средината на 1930-тите, работната сила на Dürkoppwerke повторно се зголемила на повеќе од 2000 луѓе. Компанијата произведувала, меѓу другото, странични пушки, иглести и валчести лежишта за тенкови, митралези, гранати, противавионски пушки, лесни пиштоли, противтенковски пушки итн. Поради големиот пораст на работа од 1933 година од производство на воена опрема, компанијата повторно започнала да остварува профит од 1934 година. Во 1933 година во Кунсебек била формирана фабрика за производство на оружје со повеќе од 2.000 работни места. Во истата година компанијата била преземена од семејството Бартел (Kommerzienrat Herrmann Barthel). Министерството за одбрана на Рајхот обезбедила бесплатни машини за да го зголеми производството на оружје. Во 1944 година Dürkopp бил најважниот производител на тркалачки лежишта за германските тенкови.

Во текот на војната во компанијата работеле над 3.000 принудени работници и воени заробеници, главно од Советскиот Сојуз. Во тешките бомбашки напади на градот од 1944 година, седиштето било разрушено и официјално затворено на 31 март 1945 година. По завршувањето на војната бил изграден погон од Георг Бартел.

По Втората светска војна, Dürkoppwerke AG се ограничил главно на производство за индустриски машини за шиење, велосипеди и мотори. Во 1962 година, поголемиот дел од Dürkoppwerke Aktiengesellschaft (1889-1967) бил купена од Schaeffler-Gruppe. Во 1967 година, на 100-годишнината од основањето, се извршило преобраќање на компанијата во друштво со ограничена одговорност. Во тоа време, Dürkopp произведувал машини за шиење, велосипеди, мотоцикли, автомобили со седиште во Билефелд. Во 1987 година Schaeffler-Gruppe исто така го презел мнозинскиот удел на Kochs Adler AG. Двете фабрики производство на машини за шиење се споиле во 1990 година под името како што е денес, Dürkopp Adler AG.

Во 2002 година Schaeffler-Gruppe бил купен од ИНА Холдинг.

Надворешни врски уреди

  1. 1,0 1,1 Geschäftsbericht 2015 (PDF)