Линорез (француски: linogravure, германски: linolschnitt, англиски: linocut) — графичка техника која се создава во техника на висок печат.

Изработка на цртеж во линолеумот
Рачно печатење во линорез техника
"Огледало", линорез од Питер Алик

Историја

уреди

Линорезот се појавил благодарение на откривањето на линолеумот во Англија во 1863 година. Линолеумот, бил користен за обложување на подови, а во графиката започнал да биде употребуван од 1900 година.

Некои од најпознатите уметници кои ја користеле оваа графичка техника оставајќи значајни ликовни дела биле: Анри Матис (1869—1854) и Пабло Пикасо (1881—1973). Пикасо, својот прв линорез го направил 1954 година и е автор кој изградил посебна техника, создавајќи ги своите повеќебојни линорези само со една плоча[1].

Метод

уреди

Линорезот е своевидна алтернативна техника за дрворезот. За разлика од неа, каде што се употребуваат дрвени матрици - плочи, при линорезот се користат помеки матрици од линолеум. Како и во дрворезот, линорезот може да се печати рачно или со преса за висок печат (линогравура). Нанесувањето на бојата се врши со печатарски валјак. Повеќебојниот линорез се добива со употреба на повеќе плочи од линолеум со различни бои и пасирани со прецизност и точна милиметарска позиционираност и преклопување[2].

Литература

уреди
  • Џевад Хозо, Уметноста на мултиоргиналот , Прва книжевна комуна Мостар, 1988.
  • Андре Бегуин - Технички речник за печатење |editor = Андре Бегуин (ревидирано и проширено издание) | година = 1998 година isbn=2-90331-902-2.

Наводи

уреди
  1. „linoleum cut“. Архивирано од изворникот на 2019-09-30. Посетено на 2019-09-30.
  2. Linocut

Надворешни врски

уреди