Војводство Холштајн

Војводство Холштајн (германски: Herzogtum Holstein, дански: Hertugdømmet Holsten) — најсеверна држава на Светото Римско Царство, сместено во денешната германска покраина Шлезвиг-Холштајн. Било основано, кога кралот Кристијан I на Данска ја издигнал својата Грофовија Холштајн-Рендсбург на ниво на војводство со одобрување на светиот римски цар Фридрих III во 1474 година. Холштајн бил заедно владеен со Војводството Шлезвиг од членови на данската олденбуршка династија во целиот период на неговото постоење.

Војводство Холштајн
Herzogtum Holstein
Hertugdømmet Holsten
1474–1864
Flag of Холштајн
Flag
Coat of arms of Холштајн
Coat of arms
Војводството Холштајн во 1789 г.
Војводството Холштајн во 1789 г.
СтатусВазал на Светото Римско Царство (до 1806), Феуд на Данска (делумно, 1460-1864), Дел од Германскиот Сојуз (делумно, 1815-1864)
Главен градГликштат
Говорени јазицигермански, дански
Вероисповед
лутеранство
Уредувањевојводство
Историски периодрана современа
• Договор од Рибе
5 март 1460
14 февруари 1474
1 февруари 1864
30 октомври 1864
Валутаригсдалер
Претходници
Наследници
Грофовија Холштајн
Покраина Шлезвиг-Холштајн

Од 1490 до 1523 и повторно од 1544 до 1773 година, Војводството било поделено помеѓу различни линии на Олденбург, најпознати меѓу нив војводите од Холштајн-Гликштат (истите со данските кралеви) и Холштајн-Готорп. Војводството престанало да постои кога било припоено од Кралството Прусија во 1866 година по Втората шлезвишка војна.

Историја

уреди

Северната граница на Холштајн долж реката Ајдер веќе претставувала северна граница на Каролиншкото Царство, откако царот Карло Велики по Саксонските војни постигнал договор со кралот Хеминг во 811 година. Поседите на Шлезвиг зад реката останале феуд на данската круна, додека Холштајн станал составен дел на Источна Франачка, Кралството Германија и Светото Римско Царство.

Основање

уреди

Адолф VIII, последниот гроф на Холштајн-Рендсбург и војвода на Шлезвиг умрел без наследници во 1459 година. Бидејќи Шлезвиг бил дански феуд, припаднал назад на кралот Кристијан I на Данска, кој, самиот внук на Адолф, исто така сакал да го поседува Холштајн. Бил одбиен од локалното благородништво, кои поддржувале заедничка администрација на обете земји и со Договорот од Рибе од 1460 година се прогласил себеси како нов гроф на Холштајн.

Сепак, поседите на Холштајн јужно од реката Ајдер официјално останале феуд на асканиските војводи на Саксо-Лауенбург. Во 1474 година, царот Фридрих III му дал царска непосредност на Кристијан и го издигнал на ниво на војвода на Холштајн.

Поделба

уреди

Во 1544 година, Војводствата Шлезвиг и Холштајн, биле поделени на три дела помеѓу внукот на Кристијан, Кристијан III на Данска, и неговите двајца помлади полубраќа, кои се откажале од данскиот престол:

  • Кралскиот дел („Холштајн-Гликштат“), држен од Кристијан III и неговите наследници (исти со данските кралеви). Од 1648 година, кралските делови во Шлезвиг и Холштајн биле администрирани од Гликштат и станале познати како Војводство Шлезвиг-Холштајн-Гликштат. Пред 1773 година, неговата територија во Холштајн се состоела од следниве делови: Рендсбург, јужен Дитмаршен, Штајнбург, Зегеберг и Плен.
  • Војводството Шлезвиг-Холштајн во Хадерслев, држено од војводата Ханс Постариот. Ханс немал наследник и по неговата смрт во 1580 година, неговите територии биле поделени помеѓу неговите браќа.
  • Војводството Шлезвиг-Холштајн во Готорп, држено од војводата Адолф и неговите наследници.

Дополнително, значајни делови на Холштајн биле заеднички управувани од војводите на Холштајн-Гликштат и Холштајн-Готорп, главно на брегот на Балтичкото Море.

Во 1640 година, Грофовијата Холштајн-Пинеберг, чија династија исчезнала, била споена со кралскиот дел на Војводството Холштајн.

Повторно обединување

уреди
 
Алегириски приказ на Кристијан VII на Данска обединувајќи ги кралските и војводските делови на Холштајн, насликан од Николај Абилдгор

Во 1713 година, поседите на војводите на Шлезвиг-Холштајн-Готорп во Шлезвиг, вклучувајќи го замокот Готорф, биле освоени од кралските дански трупи во текот на Големата северна војна и во 1720 година со договорот од Фредериксборг, војводата Карл Фридрих морал да ги предаде поседите на данската круна.

Неговите преостанати територии го создале Војводството Холштајн-Готорп управувани од Кил. Во 1773 година, внукот на Карл Фридрих, Павле, царот на Русија, конечно ги предал неговите делови во Холштајн на данскиот крал, како војвода на Холштајн, во замена за Грофовијата Олденбург и Холштајн бил повторно обединет како една држава.

Со распуштањето на Светото Римско Царство во 1806 година, Војводството Холштајн стекнало сувереност.

По Виенскиот конгрес, Војводството Холштајн на данската круна станало член на Германскиот Сојуз, предизвикувајќи неколку дипломатски и воени конфликти околу т.н. „прашање на Шлезвиг-Холштајн“. Данска успеала да го одбрани нејзиното право на Холштајн во Првата шлезвишка војна во периодот 1848-51 против Кралството Прусија, меѓутоа кога при Втората шлезвишка војна во 1864 година, пруските и австриските трупи ја поминале Ајдер и го освоиле Шлезвиг, Кристијан IX на Данска морал да се повлече од Шлезвиг и од Холштајн со Виенскиот договор од 1864 година. Холштајн бил предаден на австриска администрација до завршувањето на Австриско-пруската војна, кога конечно припаднал на Прусија во 1866 година.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди