Дакота Фенинг

(Пренасочено од Дакота Фанинг)

Хана Дакота Фенинг (англиски: Hannah Dakota Fanning, 23 февруари 1994 година Конерс, Џорџија, САД) е американска глумица. Таа се здобила со глумечка репутација како дете, а првпат се истакнала во филмот „Моето име е Сем“ на седумгодишна возраст. Нејзината сестра е Ел Фенинг.[1]

Детство и семејство

уреди

Дакота е родена во Конерс, Џорџија, САД, на 23 февруари 1994 година, во спортско семејство. Таа се школувала во Конвигтон. Нејзината мајка Хедер Џој била професионална тенисерка, а нејзиниот татко Стивен Фенинг играл бејзбол во пониските лиги. Дедо и по мајка на Дакота е Рик Аригтон, поранешен американски фудбалер. Таткото на Дакота продавал електроника, додека нејзината помлада сестра Ел Фенинг, по примерот на Дакота, е исто така позната глумица.[1][2][3]

Глумечка кариера

уреди

Како многу мала, Дакота покажала интерес за глума и била запишана во работилница за глума каде играла во претстави.[4]

 
Дакота Фенинг на премиерата во 2005 година на „Војна на световите“ во Лондон

Својата професионална кариера ја започнала во 1999 година каде се појавила во реклама за детергент Тајд. Следната година добила споредна улога во телевизиската серија „Ургентен центар“, на куќата Ен-Би-Си како нејзина прва голема и една од нејзините омилени улоги.[5] Ова било проследено со гостувања во серии како што се: Али МекБил, Истрага на местото на злосторството, Адвокатура, Малком во средина, Семеен тип и други.

Во 2001 г. таа била избрана да глуми заедно со Шон Пен во филмот „Моето име е Сем“, за ментално хендикепиран човек кој се бори за старателство над својата ќерка, која ја игра Дакота. Шон Пен бил номиниран за Оскар, додека осумгодишната Дакота добила номинација за престижното здружение на филмските глумци САД , со што станала најмладата глумица некогаш номинирана за таа награда. За улогата ја добила наградата за најдобар млад глумец на Здружението на телевизиски филмски критичари. Холивуд репортер ја оценил Дакота како „ангел со интелигенција“ и дека таа ја одиграла улогата во филмот како долгогодишен професионалец.[4][6]

 
Дакота Фенинг 2013 година

Во следните години, Дакота добила голем број улоги во тимови со познати и почитувани глумци и режисери, освојувајќи ги и критичарите. Некои од нив биле во филмовите: Алабама, Сладок дом од 2002 година, Девојки од горниот дел од градот од 2003 година, Во жарот на одмаздата од 2004 година, Девет животи, Криенка, Војна на световите, Сонувач, инспириран од вистинска приказна од 2005 година. Почитуваниот критичар Роберт Еберт напишал за Дакота дека таа е професионалец на само 10 години и дека ги прави нејзините улоги да освојуваат срца.[7] Познатата глумица Глен Клоус, која била дел од екипата на филмот Девет животи, ја пофалила Дакота како талентирана звезда.[8] Критичарот Чак Вилсон напишал дека младата глумица го надминала Роберт Де Ниро во филмот Криенка.[9] Крис Кристоферсон, кој ја играл улогата дедо на ликот на Дакота во филмот Сонувач, рекол дека таа е реинкарнација на глумицата Бет Дејвис.[10] Во овој период, Дакота снимала за анимираните филмови Лило и Стич 2 и Коралина, позајмувајќи им го гласот на ликовите, девојките, Лило и Коралина. Лило и Стич 2 бил емитуван во 2005 година, а Коралина дури во 2009 година.

Дакота продолжила со обемно снимање во следните години. Се издвојуваат улогите во контроверзниот филм Хаундог од 2006 година и Тајниот живот на пчелите од 2008 година. Кои ја претставуваат нејзината транзиција во улоги за млади возрасни лица. Додека како дете била позната по своите улоги на интелигентни и зрели деца, во тинејџерските години таа играла повеќе девојки со проблеми.[1][11]

 
Дакота Фенинг на премиерата на Американски пасторал на филмскиот фестивал во Торонто 2016 година.

Во текот на 2006 година таа била поканета да се приклучи на Академијата за филмски уметности и науки, која и го доделува Оскарот, станувајќи нејзин најмлад член во историјата на возраст од 12 години.[12] Во текот на истата година, списанието Форбс ја рангирал на 4-то место на списокот на славни лица под 21 година кои заработуваат најмногу, со проценета плата од 4 милиони долари таа година.[13] На списокот на истото списание во 2009 година, таа го зазела третото место меѓу најценетите млади звезди, заработувајќи околу 14 милиони долари.[14]

Дакота Фенинг била дел од филмската сага Самрак, филмовите Млада месечина од 2009 година, Затемнување од 2010 година и Зора 2 од 2012 година, играјќи го ликот на Џејн кој е дел од вампирскиот клан Волтури [15] Во играниот филм „Ранавеис“ од 2010 година. Таа ја играла пејачката Шери Кари заедно со Кристен Стјуарт, која ја играла улогата на Џоун Џет. Филмот добил претежно позитивни критики, а младите глумици биле пофалени за нивните улоги.[16]

Во текот на втората деценија на овој век, таа играла претежно во филмови со помал буџет, маркетинг кампања и заработка во споредба со периодот пред тоа. Тука спаѓаат филмовите: Сега е добро од 2012 година, Многу добри девојки и ноќни потези од 2013 година, Секоја тајна работа од 2014 година, Бримстон и Американски пасторал од 2016 година, Помош, те молам од 2017 година.[17][18] Таа била дел од Осумтемина на Оушн во 2018 година. година, а во филмот „Си беше еднаш во Холивуд“, таа ја игра Скики Фром, дел од кланот Менсон.[19][20]

Приватен живот

уреди

Дакота Фанинг во 2011 година го завршила средното средното образование во приватното средно училиште Кембел Хол во Лос Анџелес.[21] После тоа, од 2011 до 2014 година студирала студии за жени, со фокус на прикажувањето жени во филмот и културата, на Фалатинскиот факултет (анг. Gallatin School of Individualized Study) на Универзитетот во Њујорк.[22]

Таа се обидува да го задржи својот приватен живот подалеку од очите на јавноста.[18]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Green, Rachel. „IMDb Mini Biography“. imdb.com. Посетено на 29 септември 2019.
  2. Williams, Isla (27 септември 2019). „Elle Fanning admits sister Dakota was driving force behind her own acting career“. www.metro.co.uk. Посетено на 29 септември 2019.
  3. Law, Sophie (27 септември 2019). „Elle Fanning reveals she and sister Dakota were meant to be SPORTS STARS but acting 'felt like home'... as she discusses pressure to be 'perfect'. www.dailymail.co.u. Посетено на 29 септември 2019.
  4. 4,0 4,1 Brennan, Carol. „Dakota Fanning Biography“. www.notablebiographies.com. Посетено на 29 септември 2019.
  5. „DAKOTA FANNING“. usmagazine.com. US magazine. Посетено на 29 септември 2019.
  6. Green, Rachel. „Dakota Fanning Biography, Mini Bio“. imdb.com. Посетено на 28 септември 2019.
  7. „Man on Fire (review)“. rogerebert.com. Архивирано од изворникот на 2013-03-19. Посетено на 13 март 2006.
  8. „Glenn Close raves about Dakota Fanning“. monstersandcritics.com. Архивирано од изворникот на 21 ноември 2006. Посетено на 13 март 2006.
  9. „Hide and Seek review“. laweekly.com. Архивирано од изворникот на 23 април 2005. Посетено на 13 март 2006.
  10. „Dreamer: Inspired By a True Story (2005) DVD Review“. reel.com. Архивирано од изворникот на 1 јануари 2007. Посетено на 28 јануари 2007.
  11. „Dakota Fanning“. www.empireonline.com. Посетено на 29 септември 2019.
  12. „Brokeback stars to join Academy“. BBC. април 2007.
  13. „Young Hollywood's Top-Earning Stars“. Forbes Magazine. 26 февруари 2007.
  14. Vena, Jocelyn (12 март 2009). „Daniel Radcliffe, Miley Cyrus Top Forbes List of Valuable Young Stars“. MTV. Архивирано од изворникот на 2016-03-29. Посетено на 29 септември 2019.
  15. Sandwell, Ian (29 ноември 2018). „11 people you forgot were in the Twilight series“. www.digitalspy.com. Посетено на 29 септември 2019.
  16. Carrol, Larry (11 март 2019). „Kristen Stewart and Dakota Fanning capture 'essence' of The Runaways“. www.mtv.com. Архивирано од изворникот на 2021-04-21. Посетено на 29 септември 2019.
  17. Seymour, Tom (22 август 2014). „Interview Dakota Fanning: 'I don't remember people not knowing who I am'. theguardian.com. Посетено на 29 септември 2019.
  18. 18,0 18,1 Gardner, Will (3 јули 2019). „Hey, What Happened To Dakota Fanning?“. www.directexpose.com. Архивирано од изворникот на 2019-09-29. Посетено на 29 септември 2019.
  19. „Dakota Fanning looks to have joined the cast of Ocean's 8“. dailymail.co.uk. Посетено на 25 јуни 2017.
  20. „Quentin Tarantino's 'Once Upon A Time In Hollywood' Adds Luke Perry, Damian Lewis, Dakota Fanning, More“. Deadline Hollywood. 6 јуни 2018. Посетено на 29 септември 2019.
  21. Daily Mail Reporter (14 јули 2011). „Twilight star Dakota Fanning celebrates her high school graduation“. www.dailymail.co.uk. Посетено на 30 септември 2019.
  22. Macnab, Geoffrey (8 октомври 2016). „Dakota Fanning: I wanted to go to college but acting came first“. Посетено на 30 септември 2019.

Надворешни врски

уреди