Беше еднаш во Холивуд
„Беше еднаш во Холивуд“ (англиски: Once Upon a Time in Hollywood) — американски филм од 2019 година, режиран од Квентин Тарантино (Billy Wilder), кој е автор и на сценариото. Во филмот глумат: Леонардо Ди Каприо, Бред Пит, Маргот Роби, Дакота Фенинг, Лук Пери, Демиен Луис и Ал Пачино. Филмот освоил два „Оскара“: за најдобра продукција и за споредна машка улога (Пит), а бил номиниран уште во осум категории. исто така, бил номиниран за „Златен глобус“ во пет категории од кои победил во три, а од десетте номинации за БАФТА победил само во онаа за споредна машка улога (Пит). Вкупно, филмот освоил 147 награди, а имал уште 341 номинација.[1]
Синопсис
уредиРик Далтон (го игра Ди Каприо) е поранешна ТВ-ѕвезда која сега глуми по разни ТВ-серии, но има проблеми со алкохолизмот. Неговиот најблизок соработник е касакдерот Клиф Бут (го игра Пит), кој истовремено му е возач и најблизок пријател. Рик живее во Холивуд, каде први соседи му се Роман Полански и Шерон Тејт. По наговор на продуцентот Шварц (го игра Пачино), Рик оди во Италија, каде снима шпагети-вестерни, а оттаму се враќа со девојка и истовремено му соопштува на Клиф дека ќе ја прекинат натамошната соработка. По тој повод, тие се опиваат, а потоа Рик оди да се одмори во својот базен, додека Клиф го шета своето куче. Тогаш, во нивната куќа влегуваат едно момче и две девојки (сите хипици) кои ги напаѓаат Клиф и девојката на Рик, кој пак не знае ништо за нападот. Со помош на своето куче, Клиф ги убива момчето и едната девојка, а другата излегува надвор, каде ја убива Рик со помош на пламенофрлач. За време на борбата е ранет Клиф кого го носат на болница, а Рик оди во посета на своите соседи.[2]