Рупишта
Рупишта | |
---|---|
![]() Плоштадот во Рупишта | |
Податоци | |
Округ: | Костур |
Население: | 7 482 (2011) |
Надм. вис.: | 650 м |
Геог. положба: | 40° 28' 0" СГШ 21° 16' 0" ИГД |
Пошт. бр.: | 5 22 00 |
Повик. бр.: | 24670-2 |
Рупишта или Хрупишта (дијалектно: Рупишча; грчки: Άργος Ορεστικό, Аргос Орестико, до 1926 г. Χρούπιστα, Хруписта[1]) — град во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Рупишта (Орестида) во Костурскиот округ, Грција.
Географиja и местоположбаУреди
Гратчето Рупишта е оддалечено 9 км од градот Костур, на северозападната страна на реката Бистрица на надморска височина од 650 метри[2].
ИсториjaУреди
Рупишта е стара македонска населба во која поради економскиот просперитет и сообраќајните врски почнале постепено да се населуваат турски, влашки и грчки семејства, така што тоа станало мешана населба со четири народносни групи[2]. Етнографски, гратчето Рупишта е мешано македонско-влашко-грчко населено место на самата линија на разграничување на македонскиот и грчкиот јазик и етнос. По иселувањето на Турците во 1924 година, тука се населиле бегалски семејства со вкупно 863 лица[2]. За време на Граѓанската војна во Рупишта имало голема концентрација на жители од околните села, а по нормализирањето на состојбата во непосредна близина на гратчето биле изградени две нови населби - Каслас преименувана во Стадион во 1962 година и Аеродром (Аеродромион), кои по пописот од 1971 со наредба се споени со Рупишта и со тоа избришани и престанале да се водат како посебни населби во евиденцијата[2].
СтопанствоУреди
Освен со трговија, жителите на Рупишта се занимаваат главно со земјоделство и овоштарство, како исо изработка на ракотворби од кои прочуени се влашките јамболии[2]. Рупишта има доста големо стопанско и управно значење за поголемиот дел од јужниот крај на костурското подрачје. Рупишта е главниот центар на крзнарско-кожарската индустрија која што е застапена во поширокиот регион на западниот дел на Егејска Македонија и Костурско во областа на планините Вич, Грамушта и Пинд.
НаселениеУреди
Според бројот на жителите Рупишта, го зазема второто место во Костурскиот округ[3]. Според статистиката на К’нчов во Рупишта живееле 1.100 Македонци, 700 Турци, 720 Власи и 170 Роми, додека Бранков е пообјективен кога споменува дека тука живееле и 100 Грци[2]. Милоевиќ, пак споменува дека Рупишта се состои од 270 македонски, 180 влашки, 50 грчки или погрчени и 250 турски куќи, односно вкупно 750 куќи[2]. Според пописите во XXI век, во 2001 година Рупишта броела 7838 жители, а во 2011 имала 7473 жители.
години | население |
---|---|
1928 | 3605 |
1940 | 4215 |
1951 | 4196 |
1961 | 3978 (5104) |
1971 | 5147 |
1981 | 5979 |
1991 | 6653 |
2001 | 7838 |
2011 | 7473 |
Општествени установиУреди
Гратчето е седиште на поголем дел од костурското подрачје на југ од Рупишта и во него се концентрирани повеќе административни и други служби[2]. Поради големината и стопанското значење Рупишта е прогласено за градска општина и има статус на град.
Културни и природни знаменитостиУреди
Редовни настаниУреди
ЛичностиУреди
Култура и спортУреди
ИселеништвоУреди
Надворешни врскиУреди
НаводиУреди
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Χρούπιστα -- Άργος Ορεστικό
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 2,7 Симовски, Тодор (1998). „Костурски округ (VIII/1)“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. Скопје: Институт за национална историја. стр. 39.
- ↑ Симовски, Тодор (1998). „8“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. Скопје: Институт за национална историја. стр. 39.
Надворешни врскиУреди
„Рупишта“ на Ризницата ? |
- Општински портал на Рупишта (грчки)