Блаштица
Блаштица — река во Македонија, сместена во подрачјето помеѓу планините Мариовски Козјак и Кожуф.[1]
Блаштица | |
---|---|
Местоположба | |
Држава | Македонија |
Општина | Кавадарци |
Села | Мрежичко, Рожден |
Физички особености | |
Извор | |
• место | Кожуф |
Устие | |
• координати | 41°15′37″N 21°57′10″E / 41.26028° СГШ; 21.95278° ИГД |
• надм. вис. | 271 м |
Големина на сливот | 184,32 км2 |
Особености на сливот | |
Течение | Црна Река→ Вардар→ Егејско Море |
Се наоѓа источно од селото Рожден, а се влева во Црна Река.[1] Реката претставува значајно геонаследство од сферата на хидрологијата во Македонија.[2]
Течение
уредиРеката Блаштица е збирно име кое реката го добива во долниот тек. Водотекот извира под врвот Голем Козјак (1.814 м.) на надморска височина од 1.720 метри, тогаш позната како Мајденска Река, која настанува со спојување на водите на Бистричка Река и на Јаворска Река. Кај селото Рожден, реката е позната како Бистра, а кога започнува да се движи кон селото Мрежичко е позната како Блаштица и се движи кон северозапад.[3]
Слив
уредиСливното подрачје на реката изнесува 184,32 км2.[1]
Клисура
уредиПомеѓу селата Рожден и Мрежичко, изградена е импозантна клисуреста долина, која на места има кањонски карактер. Овде речното дно се всекува во цврста карпеста подлога претставена со тријаски мермеризирани варовници и доломити. Долж речното корито се забележуваат и помали каскади и џиновски лонци.[3]
Долината низводно од селото Рожден има должина од 11 километри.[2]
Загадување
уредиРеката годишно носи нанос од 50.000 м3, кој главно се слива од отворениот коп на рудникот ’Ржаново, чиј нанос завршува во Блаштица преку притоката Казарик.[4]
Галерија
уреди-
Реката покрај локалниот пат Мрежичко-Рожден
-
Реката над селото Мајден
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 13. ISBN 978-9989-2117-6-8.
- ↑ 2,0 2,1 Група автори (2016). „5“. Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. стр. 260. ISBN 978-9989-110-90-0.
- ↑ 3,0 3,1 Јанчев, Митко (2012). Одредување на потеклото на термоминералните води на Кожуф Планина со примена на стабилните изотопи на кислород и водород. Штип: Универзитет „Гоце Делчев“. стр. 17.
- ↑ Студија за ревалоризација на природните вредности на заштитеното подрачје строг природен резерват „Тиквеш“. Скопје: УНДП. 2010.