Црква „Св. Атанасиј“ - Градец
Свети Атанасиј — главна манастирска црква на Градешкиот манастир во валандовското село Градец, Македонија.[1]
Свети Атанасиј
| |
Поглед на црквата (2023 г.) | |
македонска православна црква | |
Епархија | Повардарска |
Архијерејско намесништво | Гевгелиско |
Парохија | Валандовска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°22′42″N 22°24′17″E / 41.37833° СГШ; 22.40472° ИГД |
Место | Градец |
Општина | Валандово |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Атанасиј Александриски |
Изгорена | 2001 |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | трикорабна |
Местоположба
уредиЦрквата се наоѓа на едно ритче над селото, лево од регионалниот пат 1102 (Скопје-Гевгелија).
Историја
уредиИзградена е кон крајот на средниот век, но во текот на своето постоење била неколкупати обновувана.
Црквата била опожарена во 2001 година, кога изгорела до темел.[2] Била обновена во нов стил во поново време.
Архитектура
уредиЦрквата е ниска градба. Според архитектурната форма, црквата е трикорабна, чии сводови се покриени со рамни дрвени тавани, од кои средниот ги надвишува двата странични кораба. Покривната конструкција е на две води, потпрена на шест дрвени столбови.
Црквата е градена од обичен камен, во основата долга 14, а широка 8 метри.[3]
Фрескоживопис
уредиЅидовите на црквата биле покриени со фрески, од кои денес се сочувани само остатоци.
Икони и иконостас
уредиИконите датираат од XIX век.
Галерија
уреди-
Воздушен поглед на црквата со селото Градец
-
Куполата
-
Поглед на црквата
-
Влезната порта
-
Црковниот двор
-
Воздушен поглед
-
Апсидата
-
Помошниот објект
-
Камбанаријата
-
Иконостасот
-
Ниша над влезот
-
Влезот
-
Страничен поглед
-
Црквата со камбанаријата од селото
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ „Градец го потопи неизградена акумулација“. Дневник. 2016-03-04. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2024-01-28.
- ↑ „Цркви во Валандовско“. Повардарска епархија. 2 јуни 2008. Посетено на 30 ноември 2021.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Атанасиј“ - Градец на Ризницата ?