Црква „Св. Димитриј“ - Градец
Св. Димитриј — православна црква во валандовското село Градец, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Гевгелиското архијерејско намесништво во Повардарската епархија на МПЦ - ОА.
![]() ![]() Свети Димитриј
| |
македонска православна црква | |
Епархија | Повардарска |
Архијерејско намесништво | Гевгелиско |
Парохија | Валандовска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°22′32″N 22°24′13″E / 41.37556° СГШ; 22.40361° ИГДКоординати: 41°22′32″N 22°24′13″E / 41.37556° СГШ; 22.40361° ИГД |
Место | Градец |
Општина | Валандово |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Илија |
Изградба | средина на XIX век |
Живопис | 1873 |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | трикорабен |
Архитектура Уреди
Црквата е изградена во средината на XIX век (пред 1860 г.). Живописана е во 1873 г., за што сведочат двата натписа (на грчки и црковнословенски) на насликаниот фрескоживопис на северната страна од надворешниот ѕид со претстава на композицијата „Страшниот суд“, дело на познатиот струмички зограф Григориј Пецанов. Датумот на натписот е 28 август 1873 г. а насликаната површина е долга околу 11 метри и го опфаќа просторот од левата и десната страна вратата. Црквата е трикорабна, со рамни дрвени тавани и повисок средиштен кораб; со нартекс на западната страна и голема полукружна олтарна апсида од надвор на источниот ѕид, над кој има округли окна. Црквата е вкопана и изградена од обичен камен со калкански покрив.
Икони и иконостас Уреди
Иконите се насликани во 1869 г. од познатиот зограф Исаија Џиков од с. Осој, Дебарско. Храмот е живописан во XIX век, но фреските се во лоша состојба.[1] Иконостасот, исто така дело на Исаија Џиков, е пренесен во црквата „Св. Атанасиј Велики“ во Удово.[2]
Поврзано Уреди
Наводи Уреди
- ↑ „Цркви во Валандовско“. Повардарска епархија. 2 јуни 2008. Посетено на 30 ноември 2021.
- ↑ „Цркви во Пиравската парохија“. Повардарска епархија. 2 јуни 2008. Посетено на 30 ноември 2021.