Градец (Валандовско)
Градец — село во Општина Валандово, во околината на градот Валандово.
Градец | |
Воздушен поглед на селото | |
Координати 41°22′45″N 22°24′05″E / 41.37917° СГШ; 22.40139° ИГД | |
Регион | Вардарски |
Општина | Валандово |
Население | 3 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 2464 |
Повик. бр. | 034 |
Шифра на КО | 04008, 04508 |
Надм. вис. | 105 м |
Градец на општинската карта Атарот на Градец во рамките на општината | |
Градец на Ризницата |
Поради планот за изградба на ХЕЦ „Градец“, жителите биле иселени во соседното село Удово во 1960-тите години, но бидејќи изградбата на браната и хидроцентралата никогаш не се случила, во поново време во него повторно се забележани жители.[2]
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во северозападниот дел на територијата на Општина Валандово, во Демиркаписката Клисура, на левиот брег на реката Вардар.[3] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 105 метри.[3]
Низ селото поминува регионалниот пат 1102, кој го поврзува Скопје со Гевгелија, и пред изградбата на автопатската делница Демир Капија-Смоквица претставувал дел од европскиот коридор Е75.
Тоа е сместено во подножјето на Градешка Планина, а низ него поминува Градечка Река, чиј влив во Вардар е во самото село.
Поради планот за изградба на ХЕЦ „Градец“, жителите се иселени во Удово во 1960-тите години.
Историја
уредиПодрачјето на Градец е населено барем од доцноантичкото време, за што сведочат остатоците од населба на наоѓалиштето Градиште, западно од селото.[4]
Селото било срамнето со земја при Валандовскиот земјотрес во 1931 година.[5]
Стопанство
уредиАтарот на селото зафаќа простор од 11,2 км2.[3]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Градец живееле 550 жители, сите Македонци.[6] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Градец имало 712 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 500 Македонци.[8]
Селото било наполно иселено по 1991 година, кога што броело четири жители.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото Градец немало жители.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3 жители, сите Македонци.[10]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 550 | 712 | 580 | 613 | 558 | 355 | 24 | 4 | 0 | 0 | 3 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]
Општествени установи
уреди- Поранешно основно училиште
Самоуправа и политика
уредиВо XIX век, Градец било македонско село во Тиквешката Каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Валандово, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Валандово.
Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Валандово.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Удово, во која покрај селото Градец се наоѓале градот селата Ајранли, Дразни, Баракли, Башали, Вејсели, Ѓулели, Јосифово, Плавуш, Терзели и Удово. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Удово, во која влегувале селата Аразли, Баракли, Башали, Градец, Ѓулели и Удово.
Избирачко место
уредиСелото е опфатено во избирачкото место бр. 0291 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште во селото Удово. Во ова избирачко место е опфатено и селото Удово.[15]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 700 гласачи.[16] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 668 гласачи.[17]
Културни и природни знаменитости
уреди- Археолошки наоѓалишта[4]
- Градиште — градиште од доцноантичкото време.
- Цркви[18]
- Црква „Св. Димитриј“ — главната селска црква;
- Црква „Св. Атанасиј“ — манастирска црква; и
- Црква „Св. Петка“ — најновата селска црква. Камен-темелник удрен на 1 октомври 2014 година;[19]
- Манастири
- Градешки манастир — манастир во селото
- Реки[20]
- Градечка Река — река низ селото, притока на Вардар
- Јаворина — мала река, западно од селото, притока на Вардар
- Острови
- Градечки Острови — речни острови кај Градец во Вардар
Личности
уреди- Родени во или по потекло од Градец
- Јанаки Абрашев (1889 - ?) - македоно-одрински доброволец од четата на Кочо Хаџиманов, четата на Дончо Златков, 4 чета на 14 воденска дружина[21]
Галерија
уреди-
Крст на Свети Ѓорѓи
-
Градечка Река
-
Голем речен остров кај Градец
-
Манастирот „Св. Атанасиј“
-
Воздушен поглед на главната селска црква
-
Манастирската црква „Св. Атанасиј“
-
Најновата селска црква „Св. Петка“
-
Селските гробишта
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ „Градец го потопи неизградена акумулација“. Дневник. 2016-03-04. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2024-01-28.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 84.
- ↑ 4,0 4,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 54. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ Порта3 (2017-12-21). „Разурнувачкиот земјотрес во Валандово од 1931 година“. Порта3 - градежништво, архитектура и екологија. Посетено на 2021-10-08.
- ↑ Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 155.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 104-105.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 28 јануари 2024.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2024-01-14. Посетено на 28 јануари 2024.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Камен темелник на црквата „Света Петка“ во валандовско Градец[мртва врска]
- ↑ Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 24. ISBN 978-9989-2117-6-8.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 11.
Извори
уреди- Монографија Градец - Скопје; Илија Московски
Надворешни врски
уреди- Градец на Ризницата ?
- Градец го потопи неизградена акумулација Архивирано на 4 март 2016 г. — Дневник