Долно Родиво
Долно Родиво (грчки: Κάτω Κορυφή, Като Корифи: до 1925 г. Κάτω Ράδοβος, Като Радовос[2]) — село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Меглен на Постолскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 78 жители (2021), сочинето исклучиво од Македонци.[3]
Долно Родиво Κάτω Κορυφή | |
---|---|
Координати: 40°55.0′N 21°55.38′E / 40.9167° СГШ; 21.92300° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Постолски |
Општина | Меглен |
Општ. единица | С’ботско |
Надм. вис. | 840 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 78 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото е сместено во западниот дел на областа Меглен, 16 км југозападно од С’ботско, во источното подножје на планината Мала Ниџе (Кајмакчалан). Горното маало, наречено Горно Родиво (Ано Корифи, Άνω Κορυφή) денес е напуштено.
Историја
уредиВо Отоманското Царство
уредиВо османлиските дефтери на Воденскиот вилает за 1619-20 г. селото се води како Родилова-и зир со 37 даночни домаќинства.[4]
Во 1885 г. во Долно Родиво проработела бугарската пропаганда со отворањето на бугарско училиште.[5]
Меѓу 1896 и 1900 г. селото потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија[6]. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Долно Родиво живееле 250 Македонци христијани.[7][8]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Долно Радово (Dolno Radovo) имало 504 Македонци под егзархијата и работело бугарско училиште.[7][9] Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, во периодот пред Балканските војни селото се состоело од 45 македонски куќи.[3]
Во Грција
уредиПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 491 жител, кои во 1920 г. биле на 435.[3] Во 1922 г. селото е преименуваново Като Корифи, што значи „горен врв“.[10]
Во 1940 г. селото пораснало на 599 жители. Меѓутоа, тоа многу настрадало во Граѓанската војна кога поголем дел од жителите морале да се иселат во Р Македонија, а останатите биле преселени од власта во Бизово. По војната, овие малобројни жители се вратиле во селото, па во 1951 г. Долно Родиво е попишано со само 65 лица.[3] Во текот на 1950-тите населението се удвоило, броејќи 121 жител во 1961 г. Оваа бројност се одржала устојчиво[3] сè до почетокот на XXI век, кога почнало да опаѓа, за да се сведе на 62 лица во 2011 г.
Според истражување од 1993 г. селото е чисто „словенојазично“ (т.е македонско) и во него македонският јазик е зачуван на високо ниво.[11]
Личности
уреди- Ѓорѓи Симеонов — деец на ВМРО, војвода на чета во Воденско за време на Илинденското востание, роден во Долно или Горно Родиво[12]
- Ристо Јачев (1942 - 2019) — поет, романописец, театарски критичар и преведувач
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 599 | 65 | 121 | 128 | 126 | 114 | 96 | 62 | 78 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство
уредиИако ова е планинско село, има поволна клима која овозможува одгледување на многу квалитетни цреши и ореви. Развиено е и сточарството, што се должи на пространите пасишта околу селото.[3]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Κάτω Ράδοβος -- Κάτω Κορυφή
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 87–88.
- ↑ Турски извори за българската история, т. VII, София 1986, с. 269.
- ↑ Илюстрация Илинден, година 9, книга 9 (89), ноември 1937, стр. 2.
- ↑ Илюстрация Илинден, 1936, бр.79, стр. 1
- ↑ 7,0 7,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 150.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 190-191.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Άνω Ράδοβος -- Άνω Κορυφή
- ↑ Riki Van Boeschoten. "Usage des langues minoritaires dans les départements de Florina et d’Aridea (Macédoine)"
- ↑ Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 150.