Враништа (Населичко)

село во Населичко, Егејска Македонија
(Пренасочено од Вронџишта)

Враништа или Вроништа (дијалектно: Врондишча; грчки: Καλονέρι, Калонери; до 1927 г. Βρόγγιστα, Вронгишта[2]) — село во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Горуша на Кожанскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 403 жители (2021).

Враништа
Καλονέρι
Враништа is located in Грција
Враништа
Враништа
Местоположба во областа
Враништа во рамките на Горуша (општина)
Враништа
Местоположба на Враништа во општината Горуша и областа Западна Македонија
Координати: 40°18′N 21°30′E / 40.300° СГШ; 21.500° ИГД / 40.300; 21.500
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКожански
ОпштинаГоруша
Општ. единицаСињак
Надм. вис.&10000000000000630000000630 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно403
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Селото е сместено 11 км југоисточно од гратчето Лапчишта, крај самиот пат кој води од Сачишта до Лапчишта. Селото Враништа е сместено во историско-географската област Населица.[3]

Историја

уреди

Во XIX век Вранчишта било муслиманско гркојазично село во Населичката каза на Серфиџенскиот Санџак. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во Враништа живееле 150 Грци христијани и 250 Грци-муслимани.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Враништа (Vranichta) има 575 Грци.[5]

Според податоците на грчкиот конзулат во Еласона, во 1904 г. во Враништа живееле 515 Валахади (Грци-муслимани) и 80 Грци христијани.[6]

Стопанство

уреди

Населението се занимава со земјоделство. Одгледува жито, тутун, компири и други култури.[3]

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 788 702 661 588 588 617 486 483 403
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Општествени установи

уреди

Културни и природни знаменитости

уреди

Редовни настани

уреди

Личности

уреди

Култура и спорт

уреди

Иселеништво

уреди

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. http://pandektis.ekt.gr/dspace/handle/123456789/171667
  3. 3,0 3,1 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 336.
  4. „Makedonija. Etnografija i statistika - 2.45“. macedonia.kroraina.com. Посетено на 2023-07-10.
  5. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.226-227.
  6. Σπανός, Κώστας. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 48-49, 2001.

Надворешни врски

уреди