Врбени (Воденско)

село во Воденско, Егејска Македонија

Врбени (грчки: Νέα Ζωή, Неа Зои; буквално: „нов живот“) — село во Воденско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Вртикоп, во Централна Македонија, Грција.

Врбени
Νέα Ζωή
Врбени is located in Грција
Врбени
Врбени
Местоположба во областа
Врбени во рамките на Вртикоп (општина)
Врбени
Местоположба на Врбени во општината Вртикоп и областа Централна Македонија
Координати: 40°51′N 22°06′E / 40.850° СГШ; 22.100° ИГД / 40.850; 22.100
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПостол
ОпштинаВртикоп
Општ. единицаВртикоп
Надм. вис.&10000000000000130000000130 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно151
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа североисточно од градот Воден, на самиот главен пат од градот Вртикоп за С’ботско и Меглен, на надморска височина од 130 метри.[2] Селскиот атар зафаќа површина од 18 квадратни километри.

Сместено е во областа Сланица, на околу 12 километри од општинското средиште Вртикоп.

Историја

уреди

Во минатото селото било мала чифлигарска населба, во која живееле неколку македонски семејства. Но, тие кон крајот на XIX век поради разбојништва побегнале во селото Цакони. Подоцна, на нивно место се населиле Роми.[2] Потоа, населбата се распаднала, така што повеќе не е таква.

Потоа, населбата била обновена по 1924 година како сосема нова населба во која биле сместени повеќе бегалски семејства од Понд и Кавказ и било преименувано во Неа Зои. Муслиманското население на Врбени било иселено во Турција во 1924 година во согласност со Лозанскиот договор и на негово место биле населени грчки бегалци. Во 1928 година, селото претставувало чиста бегалска населба со 71 бегалско семејства и 272 жители.[3]

Селото прилично настрадало за време на Граѓанската војна, во која неговото население било евакуирано.[2]

Стопанство

уреди

Селото е мошне пасивно, бидејќи е полупланинско. Главен земјоделски производ е тутунот, а во помал обем се произведува пченица и други земјоделски култури. Населението се занимава и со сточарство.[2]

Население

уреди

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Врбени (Varbéni) е село во Воденската каза на Отоманското Царство со 56 куќи со вкупно 233 жители.[4]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 21 жител Роми.[2][5]

На пописот во 1912 година, селото било забележано со ромски јазик и муслиманска религија.[6]

Со бегалците како нова населба, селото на пописот во 1928 година било забележано со 266, а во 1940 година со 344 жители, сите доселеници. Поради последици од Граѓанската војна, во пописот од 1951 година било забележано со 269 жители, во 1961 година со 281, во 1971 година со 228, во 1981 година со 246, а во 1991 година со 189 жители.[2]

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 1.409 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 1.396 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 981 996 1.276 1.276 1.292 1.459 1.409 1.396
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

уреди

Селото припаѓа на општинската единица Вртикоп со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Вртикоп, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Арсен, во кој е единствено село.

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Симовски, Тодор (1998). „Воденски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 46.
  3. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  4. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 158 - 159.
  5. К’нчов, Васил. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 149.
  6. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βοδενών 1886 - 1927 (διοικητικά όρια 1911)“. Архивирано од изворникот 2012-12-16. Посетено на 2012-12-16.

Белешки

уреди