Војводство Саксо-Лауенбург (германски: Herzogtum Sachsen-Lauenburg; или само Саксо-Лауенбург, некогаш нарекуван само Војводство Лауенбург) — слободно војводство кое постоело во периодот 1296–1803 и 1814–1876 во крајниот југоисточен регион на денешната покраина Шлезвиг-Холштајн. Неговото средиште било во современиот округ Војводство Лауенбург и првично неговиот главен град бил во Лауенбург на Елба, кој во 1619 година бил префрлен во Рацебург.

Војводство Саксо-Лауенбург
Herzogtum Sachsen-Lauenburg
1296–1803
1814–1876
Flag of Саксо-Лауенбург
Flag
Грбот користен во периодот 1507–1671 of Саксо-Лауенбург
Грбот
користен во периодот 1507–1671
Саксо-Лауенбург во 1848 година (картата е на холандски)
Саксо-Лауенбург во 1848 година (картата е на холандски)
СтатусДржава на Светото Римско Царство
Држава на Германскиот Сојуз
Држава на Северногерманскиот Сојуз
Држава на Германското Царство
Главен градЛауенбург на Елба
Рацебург (од 1619 г.)
Уредувањекнежевство
Историски периодСреден век
• Одделено од Војводство Саксонија
1296
• Поделено во Саксо-Мелн-Бергедорф и Саксо-Рацебург


1303–1401

1689–1705
1705–1803
• Распуштено во текот на
Наполеоновите војни

1803–1814
• Личен сојуз: - со Данска - со Прусија

1814–1864
1865–1876
• Споено со Прусија
1876
Претходници
Наследници
Војводство Саксонија Војводство Саксонија
Покраина Шлезвиг-Холштајн
Саксо-Лауенбург околу 1400 година (зелено), вклучувајќи ги пределите јужно од Елба и Амт Нојхаус, но без Хаделн низводно по Елба.

Поранешни територии кои не се дел од денешниот округ

уреди

Покрај средишните територии на современиот округ Војводство Лауенбург, некогаш и други територии припаѓале на војводството, главно јужно од реката Елба:

  • Појасот земја долж јужниот брег на Елба (германски: Marschvogtei), започнувајќи од Маршахт до Амт Нојхаус, поврзувајќи го јадрото на војводството со овие јужни области. Овој дел преминал кон Кралството Хановер во 1814 година. Сега е дел од долносаксонскиот округ Харбург.
  • Имотот Амт Нојхаус, тогаш вклучувајќи области на обете страни на Елба, преминал кон Кралството Хановер во 1814 година. Денес, ова е дел од долносаксонскиот округ Линебург.
  • Енклавата Хаделнски крај во областа на естуарот на Елба била преземена од Саксо-Лауенбург во 1689 година и владеена како одвоена територија под царска надлежност, пред да биде предадена на Бремен-Верден во 1731 година. Сега е дел од денешниот долносаксонски округ Куксхафен.
  • Некои општини во Северна Елба од поранешното средишно војводство не се дел од денешниот округ Војводство Лауенбург, бидејќи биле отстапени на тогашната советска окупациска зона со договорот Барбер-Лјашченко во ноември 1945 година.

Историја

уреди
 
Грбот на Саксо-Лауенбург утврден од војводата Јулиус Франсис и потврден од царот на Светото Римско Царство Леополд I во 1671 година.

Во 1203 година, кралот Валдемар II, крал на Данска, ја освоил областа на Саксо-Лауенбург, но ја вратил на Алберт I, војвода на Саксонија, во 1227 година.[1] Во 1260 година, синовите на Алберт I, Алберт II и Јохан I го наследиле нивниот татко.[1] Во 1269, 1272 и 1282 година, браќата постепено ги поделиле нивните области на владеење во рамките на три територијално неповрзани саксонски области долж реката Елба (едната наречена Хаделнски крај, друга околу Лауенбург на Елба и третата околу Витенберг), пред да следи формалната поделба.

По отстапувањето на Јохан I, Алберт II владеел со неговите помали внуци Алберт III, Ерик I и Јохан II, кои до 1296 година дефинитивно го поделиле Војводство Саксонија, така што Саксо-Лауенбург припаднала на браќата, додека Саксо-Витенберг на нивниот чичко Алберт II. Последниот документ, кој ги спомнува браќата и нивниот чичко Алберт II како саксонски војводи потекнува од 1295 година.[2] Декрет од 20 септември 1296 година, ги спомнува Фирланде, Заделбанде (Ланд Лауенбург), Ланд Рацебург, Ланд Дарцинг (подоцна Амт Нојхаус) и Хаделнски крај како одвоена територија на браќата.[2]

 
Замок Бергедорф во Бергедорф, поранешно седиште на постарата линија Лауенбург

До 1303 година, тројцата браќа што владееле со Саксо-Лауенбург, го поделиле на три дела, меѓутоа, Алберт III умрел уште во 1308 година, па така преостанатите браќа востановиле, по територијалната прераспределба во 1321 година, постара линија на Лауебург на чело со Јохан II која владеела со Саксо-Бергедорф-Мелн, заснована во Бергедорф и помлада линија на Лауенбургна чело со Ерик I која владеела со Саксо-Рацебург-Лауенбург, заснована во Лауенбург на Елба. Јохан II, најстариот брат, поседувал изборно право за асканијците, меѓутоа на ова му се спротивставил неговиот братучед Рудолф I од Саксо-Витенберг.

Во 1314 година, расправата прераснала во избор на двајца противнички германски кралеви, Хабсбурговецот Фридрих Убавиот и неговиот братучед од династијата Вителсбах Лудвиг IV Баварски. Лудвиг добил пет од седумте гласа, меѓу кои надбискупот Балдуин од Трир, кралот Јохан од Бохемија, војводата Јохан II од Саксо-Лауенбург користејќи го неговото тврдење дека е саксонски принц-изборен кнез, надбискупот Петер од Мајнц и изборниот кнез Валдемар од Бранденбург.

Фридрих Убавиот на истите избори добил четири од седум гласа, кралот Хајнрих од Бохемија, надбискупот Хајнрих II од Келн, братот на Лудвиг изборниот кнез Рудолф I од Пфалц и војводата Рудолф I од Саксо-Витенберг, тврдејќи дека тој е саксонскиот принц-изборен кнез. Меѓутоа, само Лудвиг Баварски бил назначен за цар на Светото Римско Царство. Меѓутоа, златната була од 1356 година, ги навела војводите од Саксо-Витенберг како електори.

Во 1370 година, четвртиот наследник на Јохан II, Ерик III од Саксо-Бергедорф-Мелн ги Бергедорф, Фирланде, половина од Саксонската Шума и Гестхахт на Либек за да добие кредит во износ од 16.262,5 либечки марки.[3] Овие поседи се наоѓале на трговскиот пат помеѓу Хамбург и Либек, со што обезбедувале сигурно патување за товарите помеѓу градовите. Ерик III единствено задржувал доживотна станарина.

Градот Либек и Ерик III пропишале дека по неговата смрт, Либек ќе ја преземе сопственоста на заложените области додека неговите наследници не го отплатат кредитот и истовремено го откупат Мелн (договорено во 1359 г.), севкупно изнесувајќи сума од околу 26.000 либечки марки.[4]

Во 1401 година, Ерик III умрел без наследник. Така, постарата линија на Лауенбург била истребена и Ерик III го наследил неговиот втор братучед Ерик IV од Саксо-Рацебург-Лауенбург од помладата линија. Во истата година, Ерик IV, поддржан од неговите синови Ерик (подоцна владеел како Ерик V) и Јохан, насилно ги освоиле заложените области без да ги исплатат, пред Либек да може да ја преземе сопственоста над нив. Во тоа време, Либек се помирил со состојбата.[5]

 
Перлебершки договор, 1420 г.

Во 1420 година, Ерик V го нападнал принц-изборниот кнез Фридрих I на Бранденбург и Либек се здружил со Хамбург како поддршка на Бранденбург. Војските на обата града отвориле втор фронт и ги освоиле Бергедорф, замокот Рипенбург и речната царинска испостава во Еслинген (денес ферибот Цоленспикер). Така го приморале Ерик V да се договори со хамбуршкиот градоначалник Хајн Хојер и градоначалникот Јордан Плесков од Либек на Перлебершкиот договор на 23 август 1420 година, кој пропишува дека сите заложени области, кои Ерик IV, Ерик V и Јохан IV насилно ги презеле во 1401 година, мора неотповикливо да бидат предадени на градовите Хамбург и Либек, станувајќи нивна заедничка сопственост (Beiderstädtischer Besitz).

Од XIV век, Саксо-Лауенбург се нарекувал себеси како Долна Саксонија (германски: Niedersachsen).[6] Меѓутоа, Саксонија како име за областа веќе била дел од постарото Војводство Саксонија, кога постоела до 1180 година. Така, кога во 1500 година биле основани царските кругови на Светото Римско Царство за собирање на даноци и воени окрузи, кругот во кој влегувал Саксо-Лауенбург и сите негови соседи биле означени како Долносаксонски круг, додека саксонското изборно кнежевство и војводствата во тоа време биле дел од Горносаксонскиот круг. Именувањето Долна Саксонија станало повообичаено и Саксонскиот круг подоцна бил преименуван во Долносаксонски круг. Во 1659 година, војводата Јулиус Хајнрих наложил во неговото „општо распоредување“ (водич за неговото владеење) „да се почитуваат шумите како срце и живот на Кнежевството Долна Саксонија“.[7]

Луѓето на Хаделн ја прифатиле лутеранската Реформација во 1525 година и војводата Магнус I го потврдил лутеранскиот црковен ред на Хаделн во 1526 година, основајќи одвоено црковно тело за Хаделн кое постоело до 1885 година.[8] Магнус не го поддржал ширењето на лутеранството во остатокот од војводството.[9] Лутеранските свештеници, најчесто од соседното Кнежевство Линебург, лутеранско од 1529 година, ги одржувале првите лутерански служби.[9] Молчеливо, верските собири назначувале лутерански свештеници па така посетите од 1564 и 1566 година, наредени од Франц I, синот на Магнус I, видел многу лутерански свештеници во многу парохии.[10] Во 1566 година, Франц I го назначил управникот Франциск Барингиј како прв духовен водач на црквата во војводството, не вклучувајќи го Хаделн.[11]

Франц I имал штедливо владеење и отстапил во корист на неговиот најстар син Магнус II во 1571 година. Магнус II ветил дека ќе ги поврати заложените војводски поседи со средства кои ги собрал како шведски воен командант и со неговиот брак со принцезата Софија од Шведска. Меѓутоа, Магнус не ги повратил заложените поседи, туку дополнително отуѓил војводски поседи, што довело до конфликт помеѓу Магнус и неговиот татко и браќата Франц (II) и Морис, како и советот на војводството, дополнително влошувајќи го лошиот карактер на Магнус.

Во 1573 година, Франц I го сменил Магнус и се вратил на престолот додека Магнус пребегал во Шведска. Следната година Магнус повел трупи со цел да го преземе Саксо-Лауенбург со насилство. Франц II, искусен воен командант во царска служба, и војводата Адолф од Шлезвиг-Холштајн, тогаш полковник на долносаксонскиот округ (Kreisobrist), му помогнале на Франц I да го порази Магнус. За возврат Саксо-Лауенбург морал да се откаже од управување на Штајнхорст во 1575 година. Франц II повторно му помогнал на неговиот татко да го спречи вториот воен обид за превласт во 1578 година.[12] Потоа, Франц I го прогласил Франц II за негов заменик при владеењето на војводството.

 
Замок Лауенбург во Лауенбург на Елба кон крајот на XVI век, до неговото уништување во 1616 година бил седиште на помладата линија на Лауенбург.

Во 1581 година — кратко пред да умре и по советување со неговиот син принц-архиепископот Хајнрих од Бремен и Рудолф II, свет римски цар, но не со другите негови синови Магнус и Морис — Франц I го направил неговиот трет син Франц II, кој го сметал за најспособен, негов единствен наследник, нарушувајќи ги правилата на првородство.[13] Ова ги нарушило и онака лошите односи со советот на војводството, кој се борел со војводската практика на растечка задолженост.[13]

Општата посета на црквите во 1581 година, поведена од Франц II, покажала слаби резултати на знаењето, практикувањето и однесувањето на многу свештеници.[14] Барингиј бил најден за одговорен за овие жалби и бил заменет од Герхард Сагитариј во 1582 година.[15] Конечно во 1585 година, по советувања со неговиот брат принц-архиепископот Хајнрих, Франц II објавил устав, од управникот Андреас Пухениј Постариот, за лутеранската црква на Саксо-Лауенбург.[16] Ја воспоставил лутеранската државна црква на Саксо-Лауенбург, со општ управник (до 1592 г.) и консисториум со седиште во Лауенбург, кој бил споен со оној на Шлезвиг-Холштајн во 1877 година. Обидот на Франц II да го спои лутеранското црковно тело на Хаделн со она од остатокот на војводството било едногласно одбиено од свештенството и советот на Хаделн во 1585 и 1586 година.[17]

Меѓутоа, нарушувањето на првородството му дало основа на советот да го гони новиот војвода Франц II како незаконски. Ова го приморало на преговори, кои завршиле на 16 декември 1585 година со документот на „Вечен сојуз“ (германски: Ewige Union) на претставници на благородништвото на Саксо-Лауенбург и други лица, главно од градот, Лауенбург и Рацебург, тогаш заедно собрани како совет на војводството, предводени од ландмаршал, наследна титула носена од семејството Фон Билов. Франц II го прифатил неговото основање како постојана институција со големо влијание во управните работи. За возврат, советот го прифатил Франц II како законски наследник и му оддале почит како војвода во 1586 година.

Односите помеѓу советот и војводата се подобриле откако Франц II ги испратил војводските залози со пари кои ги заработил како царски командант.[18] Откако замокот во Лауенбург на Елба (започнат во 1180-1182 од војводата Бернард I) изгорел во 1616 година, Франц II го преместил главниот град во Нојхаус на Елба.[19]

 
Поглед на Рацебург, 1590, со замокот во преден план.

Во 1619 година, војводата Август го преместил главниот град на Саксо-Лауенбург од Нојхаус на Елба во Рацебург, каде и останал.[19] Во текот на Триесетгодишната војна (1618–1648), Август останал неутрален, меѓутоа сместувањето и прехранувањето на странските трупи претставувало тежок товар за војводството.[18] Август бил наследен од неговиот постар полубрат Јулиј Хајнрих во 1656 година. Тој преминал од лутеранство во католицизам кога очекувал да биде прогласен за кнезови-епископи на Оснабрик во 1615 година, но гарантирал дека ќе ја остави лутеранската државна црква и долносаксонскиот црковен ред.[20]

Ги потврдил постоечките повластувања на благородништвото и на советот. Во 1658 година, им забранил на неговите вазали да заложуваат или да ги отуѓуваат феудите, така борејќи се од вклопувањето на малите имоти во Саксо-Лауенбург во монетарни економии на соседните стопански развиени Ханзини градови Хамбург и Либек. И со обете градови-држави започнал гранични спорови за имотите кои ја избегнувале власта на Саксо-Лауенбург.

Со смртта на војводата Јулиј Франц, син на Јулиј Хајнрих, лауенбуршката линија на Асканиската династија исчезнала на машка страна.[1] Меѓутоа, женското наследување било возможно според законите на Саксо-Лауенбург. Така, двете преживеани од трите ќерки на Јулиј Франц, Ана Марија Франциска и Зибиле Августа се бореле за наследство на првата постара сестра. Нивната слабост била искористена од војводата Георг Вилхелм од соседното Кнежевство Брауншвајг-Линебург, кој го нападнал Саксо-Лауенбург со неговите трупи,[1] така спречувајќи го стапувањето на престолот на законската престолонаследничка војвотката Ана Марија.

Имало најмалку осум монархии кои тврделе дека имаат право на наследство,[1] предизвикувајќи борба помеѓу соседните војводства Мекленбург-Шверин и данскиот Холштајн, како и петте држави на Асканијците: Кнежевство Анхалт, Изборно кнежевство Саксонија, Шведска и Бранденбург. Воено биле вмешани Целе и дански Холштајн, кој се согласил на 9 октомври 1693 година (Hamburger Vergleich), дека Целе кој де факто го поседува најголем дел од Саксо-Лауенбург ќе го задржи војводството, додека тврдината во Рацебург, утврдена под водство на Целе и насочена против Холштајн, ќе биде уништена. За возврат дански Холштајн, кој го нападнал Рацебург и ја уништил тврдината, ќе ги повлече неговите трупи.

Георг Вилхелм го надоместил Јохан Георг III, изборен кнез на Саксонија, за неговото тврдење со значителна сума на пари, бидејќи наследниците на обата принца направиле договори за заедничко наследување со поранешните војводи на Саксо-Лауенбург.[1] Потоа, советот му укажал почит на Георг Вилхелм како нивен војвода.[1] На 15 септември 1702 година, Георг Вилхелм го потврдил постоечкиот устав, закони и законодавните тела на Саксо-Лауенбург.[21] На 17 мај 1705 година, лутеранскиот управник се преместил од Лауенбург во Рацебург и продолжил со свештенството од црквата Св. Петар.[22] Кога умрел на 28 август истата година, Саксо-Лауенбург преминал на неговиот внук Георг I Лудвиг, изборен кнез на Хановер, потоа крал на Велика Британија како Џорџ I.[1] Долносаксонската лутеранска црква го одржала нивниот црковен ред со конзисториумот и општиот управник Валтер Слитер (1646–1697) во Лауенбург.[23]

Така, Саксо-Лауенбург, освен за Хаделн, преминал на Велфската династија и нејзината Хановерска династија, додека законските наследници, Ана Марија Франциска од Саксо-Лауенбург и Зибиле Августа од Саксо-Лауенбург, никогаш не одрекувајќи се од престолот, биле избрикани и испратени во бохемиско Плосковице. царот на Светото Римско Царство Леополд I го одбил наследувањето на Целе и така го задржал Хаделн, кој бил надвор од владеењето на Целе, во негов посед. Дури во 1728 година, неговиот син царот Карло VI го признал Џорџ II за владетел на Саксо-Лауенбург, признавајќи го де факто преземавањето на неговиот дедо во 1689 и 1693 година.[1] На 27 август 1729 година ги потврдил постоечкиот устав на Саксо-Лауенбург, закони и советот.[21] На 5 април 1757 година, долносаксонското училишно тело (Niedersächsische Landschulordnung) наложил задолжително образование за сите деца во Саксо-Лауенбург.[24] Џорџ III дошол во 1760 година и ги одобрил сите закони, уставот и советот на Саксо-Лауенбург во документ издаден во дворецот Св. Џејмс на 21 јануари 1765 година.[21] Во 1794 година, Џорџ III ги доделил годишни награди за најдобрите учители во Саксо-Лауенбург.[25]

 
Грбот на Саксо-Лауенбург по 1864 година. Овој грб ја сменил данската верзија, тогаш златна глава од коњ на црвено. Прусија ја додала црно-белата рамка околу грбот, нејзините официјални бои, и ја сменила главата на коњот во сребрено.

Војводството било окупирано од француските сили во 1803-05,[1] откако француските окупациски сили заминале во борба против Австрија. Тогаш, британски, шведски и руски сили го освоиле Саксо-Лауенбург во есента 1805 година на почетокот на војната на Третата коалиција против Франција (1805–06). Во декември, Француското Царство, го предало Саксо-Лауенбург на Кралството Прусија.

Но, кога Кралството Прусија било поразено во Битката кај Јена (11 ноември 1806 г.), Франција повторно го освоила Саксо-Лауенбург. Останал под француска окупација, пред на 1 март 1810 година најголем дел од него да биде припоен кон Кралството Вестфалија, француска соработничка држава. Мала област со 15.000 жители останала зачувана за цели на Наполеон. На 1 јануари 1811 година, поголем дел од поранешното војводство — освен Амт Нојхаус и Маршфогтај, кој останал со Вестфалија — бил припоен кон Првото Француско Царство.[1]

По Наполеоновите војни, Саксо-Лауенбург бил вратен како хановерски доминиум во 1813 година.[1] Виенскиот конгрес го основал Саксо-Лауенбург како земја-членка на Германскиот Сојуз. Во 1814 година, Кралството Хановер го разменил Саксо-Лауенбург за пруска Источна Фризија. На 7 јуни 1815 година, по 14 месеци владеење, Прусија го доделила Саксо-Лауенбург на Шведска, за возврат добивајќи ја Шведска Померанија, меѓутоа и плаќајќи дополнителни 2,6 милиони талери на Данска, за данските побарувања на Померанија.[26] Данска ја добила војводската територија северно од Елба, сега владеена во личен сојуз од данската Олденбуршка династија,[1] од Шведска, така што повторно биле надоместени данските побарувања на Шведска Померанија. На 6 декември 1815 година, Фредерик VI од Данска го издал „Осигурителниот закон“ потврдувајќи ги законите, уставот и советот на Саксо-Лауенбург.[21] In 1816 his administration took possession of the duchy.[1]

Во текот на Првата шлезишка војна (1848–1851), советот го спречил пруското освојување барајќи хановерски трупи како миротворни окупациски сили на товар на Германскиот Сојуз.[1] Во 1851 година, кралот Фредерик VII од Данска бил поставен како војвода на Саксо-Лауенбург.[1] Пруски и австриски сили го нападнале војводството во текот на Втората шлезишка војна. Со Виенскиот договор од 1864 година, кралот Кристијан IX од Данска отстапил како војвода и го предал војводството на Прусија и Австрија.[1] По добивање 300.000 фунти финансиски надоместок, Австрија се откажала од нејзиното побарување на Саксо-Лауенбург во август 1865 година.[1] Потоа, советот му понудил на кралот Вилхелм I да стане војвода на Саксо-Лауенбург. Во септември истата година, прифатил и оттогаш со војводството владеел во личен сојуз.[1] Вилхелм го назначил тогашниот министер-претседател на Прусија, Ото фон Бизмарк, како министер за Саксо-Лауенбург. Во 1866 година, Саксо-Лауенбург се приклучил на Северногерманскиот Сојуз.[1]

Во 1871 година, Саксо-Лауенбург била една од составните држави на обединета Германија.[1] Меѓутоа, во 1876 година, војводската влада и советот одлучиле да го распуштат војводството со почеток од 1 јули 1876 година.[1] Неговата територија била припоена кон пруската Покраина Шлезвиг-Холштајн како округ Војводство Лауенбург.

По распуштањето

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,00 1,01 1,02 1,03 1,04 1,05 1,06 1,07 1,08 1,09 1,10 1,11 1,12 1,13 1,14 1,15 1,16 1,17 1,18 1,19 1,20 1,21 „Лауенбург“, во: Енциклопедија Британика: 29 vols., 111910–1911, vol. 16 'L to Lord Advocate', p. 280.
  2. 2,0 2,1 Cordula Bornefeld, "Die Herzöge von Sachsen-Lauenburg", in: Die Fürsten des Landes: Herzöge und Grafen von Schleswig, Holstein und Lauenburg [De slevigske hertuger; германски], Carsten Porskrog Rasmussen (ed.) on behalf of the Gesellschaft für Schleswig-Holsteinische Geschichte, Neumünster: Wachholtz, 2008, pp. 373-389, here p. 375. ISBN 978-3-529-02606-5
  3. Elisabeth Raiser, Städtische Territorialpolitik im Mittelalter: eine vergleichende Untersuchung ihrer verschiedenen Formen am Beispiel Lübecks und Zürichs, Lübeck and Hamburg: Matthiesen, 1969, (=Historische Studien; vol. 406), p. 90, simultaneously: Hamburg, Univ., Diss., 1969.
  4. Elisabeth Raiser, Städtische Territorialpolitik im Mittelalter: eine vergleichende Untersuchung ihrer verschiedenen Formen am Beispiel Lübecks und Zürichs, Lübeck and Hamburg: Matthiesen, 1969, (=Historische Studien; vol. 406), pp. 90seq., simultaneously: Hamburg, Univ., Diss., 1969.
  5. Elisabeth Raiser, Städtische Territorialpolitik im Mittelalter: eine vergleichende Untersuchung ihrer verschiedenen Formen am Beispiel Lübecks und Zürichs, Lübeck and Hamburg: Matthiesen, 1969, (=Historische Studien; vol. 406), p. 137, simultaneously: Hamburg, Univ., Diss., 1969.
  6. Меѓутоа, денешната германска покраина Долна Саксонија содржела само мал дел од лауенбуршката долносаксонска територија, како: областите јужно од реката Елба, меѓу кои:
    i) Хаделнски крај
    ii) појас на земја долж јужниот брег на Елба, Маршфогтај, почнувајќи од Маршахт до Амт Нојхаус
    iii) Амт Нојхаус.
  7. :"... auch die Höltzung für des Fürstenthumbs Niedersachsen Kern und Brunquell zu achten." Generaldisposition of Julius Francis, 1659.
  8. Johann Friedrich Burmester, Beiträge zur Kirchengeschichte der Herzogthums Lauenburg, Ratzeburg: author's edition, 1832, p. 14.
  9. 9,0 9,1 Johann Friedrich Burmester, Beiträge zur Kirchengeschichte der Herzogthums Lauenburg, Ratzeburg: author's edition, 1832, p. 16.
  10. Johann Friedrich Burmester, Beiträge zur Kirchengeschichte der Herzogthums Lauenburg, Ratzeburg: author's edition, 1832, p. 18.
  11. Johann Friedrich Burmester, Beiträge zur Kirchengeschichte der Herzogthums Lauenburg, Ratzeburg: author's edition, 1832, p. 21.
  12. Cordula Bornefeld, "Die Herzöge von Sachsen-Lauenburg", in: Die Fürsten des Landes: Herzöge und Grafen von Schleswig, Holstein und Lauenburg [De slevigske hertuger; германски], Carsten Porskrog Rasmussen (ed.) on behalf of the Gesellschaft für Schleswig-Holsteinische Geschichte, Neumünster: Wachholtz, 2008, pp. 373-389, here p. 381. ISBN 978-3-529-02606-5
  13. 13,0 13,1 Cordula Bornefeld, "Die Herzöge von Sachsen-Lauenburg", in: Die Fürsten des Landes: Herzöge und Grafen von Schleswig, Holstein und Lauenburg [De slevigske hertuger; германски], Carsten Porskrog Rasmussen (ed.) on behalf of the Gesellschaft für Schleswig-Holsteinische Geschichte, Neumünster: Wachholtz, 2008, pp. 373-389, here p. 380. ISBN 978-3-529-02606-5
  14. Johann Friedrich Burmester, Beiträge zur Kirchengeschichte der Herzogthums Lauenburg, Ratzeburg: author's edition, 1832, p. 25.
  15. Johann Friedrich Burmester, Beiträge zur Kirchengeschichte der Herzogthums Lauenburg, Ratzeburg: author's edition, 1832, p. 27.
  16. Cordula Bornefeld, "Die Herzöge von Sachsen-Lauenburg", in: Die Fürsten des Landes: Herzöge und Grafen von Schleswig, Holstein und Lauenburg [De slevigske hertuger; германски], Carsten Porskrog Rasmussen (ed.) on behalf of the Gesellschaft für Schleswig-Holsteinische Geschichte, Neumünster: Wachholtz, 2008, pp. 373–389, here p. 379. ISBN 978-3-529-02606-5
  17. Johann Friedrich Burmester, Beiträge zur Kirchengeschichte der Herzogthums Lauenburg, Ratzeburg: author's edition, 1832, p. 15.
  18. 18,0 18,1 Cordula Bornefeld, "Die Herzöge von Sachsen-Lauenburg", in: Die Fürsten des Landes: Herzöge und Grafen von Schleswig, Holstein und Lauenburg [De slevigske hertuger; германски], Carsten Porskrog Rasmussen (ed.) on behalf of the Gesellschaft für Schleswig-Holsteinische Geschichte, Neumünster: Wachholtz, 2008, pp. 373–389, here p. 382. ISBN 978-3-529-02606-5
  19. 19,0 19,1 Cordula Bornefeld, "Die Herzöge von Sachsen-Lauenburg", in: Die Fürsten des Landes: Herzöge und Grafen von Schleswig, Holstein und Lauenburg [De slevigske hertuger; германски], Carsten Porskrog Rasmussen (ed.) on behalf of the Gesellschaft für Schleswig-Holsteinische Geschichte, Neumünster: Wachholtz, 2008, pp. 373-389, here p. 383. ISBN 978-3-529-02606-5
  20. Johann Friedrich Burmester, Beiträge zur Kirchengeschichte der Herzogthums Lauenburg, Ratzeburg: author's edition, 1832, p. 41.
  21. 21,0 21,1 21,2 21,3 Johann Friedrich Burmester, Beiträge zur Kirchengeschichte der Herzogthums Lauenburg, Ratzeburg: author's edition, 1832, p. 66.
  22. Johann Friedrich Burmester, Beiträge zur Kirchengeschichte der Herzogthums Lauenburg, Ratzeburg: author's edition, 1832, p. 96.
  23. Johann Friedrich Burmester, Beiträge zur Kirchengeschichte der Herzogthums Lauenburg, Ratzeburg: author's edition, 1832, p. 47.
  24. Johann Friedrich Burmester, Beiträge zur Kirchengeschichte der Herzogthums Lauenburg, Ratzeburg: author's edition, 1832, p. 49.
  25. Johann Friedrich Burmester, Beiträge zur Kirchengeschichte der Herzogthums Lauenburg, Ratzeburg: author's edition, 1832, p. 51.
  26. Pommern, Werner Buchholz (ed.), Werner Conze, Hartmut Boockmann (contrib.), Berlin: Siedler, 1999, pp. 363 seq. ISBN 3-88680-272-8

Надворешни врски

уреди