Саксонска Шума
Саксонска Шума (германски: Sachsenwald) — една од двете слободни области во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн. Другата е Буххолц, во округот Зегеберг. Се наоѓа источно од Хамбург во југозападниот дел на округот Војводство Лауенбург и се граничи со округот Штормарн.
Саксонска Шума Sachsenwald | |
Местоположба на Саксонската Шума во округот Војводство Лауенбург, светлоцрвената е општинската заедница Хое Елбгест | |
Слободна област | |
---|---|
Местоположба: | источно од Хамбург |
Покраина: | Шлезвиг-Холштајн |
Округ: | Војводство Лауенбург |
Општ. заедница: | Хое Елбгест |
Површина: | 58,49 км2 |
Население: | официјално ненаселена |
Поштенски број: | 21521 |
Повикувачки број: | 04104 |
Администрација: | Рупрехт фон Хаген Am Schloßteich 1 21521 Фридрихсру |
Мрежно место: | Sachsenwald.de |
Делови: | 3 подрачја |
Шварце Ау источно од Штангентајх | |
Биле во северниот дел на Саксонската Шума кај Вицхафе |
Географија
уредиСаксонската Шума зафаќа површина од близу 70 км2 и со тоа е најголемата шумска област во Шлезвиг-Холштајн. Припаѓа на општинската заедница Хое Елбгест како слободна област.
Саксонската Шума поделена е на три подрачја:
- Аумиле
- Волторф
- Штангентајх
На пописот на населението од 25 мај 1987 година во областа се запишани шест станбени објекти, сите ненаселени.
Населените делови на шумата припаѓаат како енклави на општината Аумиле.[1]
Низ Саксонската Шума во насока исток-запад тече Шварце Ау. Долж северозападната граница на областа тече реката Биле, во која кај Аумиле се влева Шварце Ау.
Целокупната долина на Биле е прогласена за природна област.
Површина
уредиОбласта се состои 94% од шума, одвај три проценти од земјоделска површина и три проценти патишта:[2]
Површина 31 декември 2004 |
Хектари | Проценти |
---|---|---|
Шума | 5.490 | 93,9 |
Земјоделска површина | 145 | 2,5 |
Мор | 6 | 0,1 |
Сообраќајни површини | 22 | 0,4 |
Патишта | 132 | 2,3 |
Градби | 1 | 0,0 |
Слободна површина | 1 | 0,0 |
Претпријатија | 8 | 0,1 |
Водотеци | 23 | 0,4 |
Без употреба | 16 | 0,3 |
Вкупно | 5.849 | 100,0 |
Сообраќај
уредиПатен
уредиСаксонската Шума е важна област за одмор за Хамбург. Патишта кои поминуваат низ Саксонската Шума се:
- Автопатот А 24 (4км од исток на запад во северниот дел)
- Сојузниот автопат Б404 (5,5 км од Касебург на север кон Шварценбек на југоисток во источниот дел)
- Покраинскиот пат Л208 (10 км од Гранде на север кон Крепелсхаген-Фарендорф на југ во западниот дел)
- Покраинскиот пат Л314 (6 км од Аумиле на запад кон Дасендорф на југ во западниот дел)
Железнички
уреди- Низ областа поминува линијата Хамбург-Шверин-Росток во насока исток-запад, на која сообраќа регионалниот воз Р20. Блиски постојки се Аумиле, Фридрихсру и Шварценбек.
- Линијата С21 на хамбуршката С-Железница завршува на постојката Аумиле.
Знаменитости
уреди- Замок Фридрихсру со музеј и мавзолеј на Бизмарк (замокот не е јавен)
- Градина на пеперутки во Фридрихсру (отворен цела година)
- Клетергартен
- Фондација Ото фон Бизмарк во железничката станица на Фридрихсру
Наводи
уреди- ↑ Bodenflächen in Schleswig-Holstein und Hamburg am31.12.2011 nach Art der tatsächlichen Nutzung Архивирано на 21 октомври 2013 г. (PDF; 3,8 MB), Seite 2
- ↑ Bodenflächen in Schleswig-Holstein und Hamburg am31.12.2011 nach Art der tatsächlichen Nutzung Архивирано на 21 октомври 2013 г. (PDF; 3,8 MB)
Надворешни врски
уреди„Саксонска Шума“ на Ризницата ? |