Пајне
Пајне (германски: Peine) — град во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија, сместен на реката Фузе и на Средногерманскиот Канал.
Пајне
Peine | ||
Плоштадот во Пајне | ||
Управа | ||
Земја | Германија | |
---|---|---|
Покраина | Долна Саксонија | |
Округ | Пајне | |
Градоначалник | Михаел Кеслер (СДП) | |
Основни податоци | ||
Површина | 119,51 км2 | |
Надм. височина | 68 м | |
Население | 51.411 (31 декември 2022)[1] | |
- Густина | 430 жит/км2 | |
Други информации | ||
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) | |
Рег. табл. | PE | |
Пошт. бр. | 31224–31228 | |
Повик. бр. | 05171 | |
Портал | www.peine.de | |
Местоположба на градот Пајне во рамките на округот Пајне | ||
Координати | 52°19′13″N 10°14′1″E / 52.32028° СГШ; 10.23361° ИГД |
Претставува административно седиште на истоимениот округ, околу 25 километри западно од Брауншвајг и 40 километри источно од Хановер.
Географија
уредиМестоположба
уредиПајне се наоѓа на реката Фузе помеѓу планинскиот масив Харц и Линебуршкото Поле и со тоа помеѓе двата најголеми града во Долна Саксонија, 40 километри западно од Хановер и 25 километри источно од Брауншвајг. Други поголеми градови во околината се Хилдесхајм, Залцгитер, Гифхорн, Волфсбург и Целе.
Градот има површина од 119,51 км2 и со тоа густина на населеност од 417 жители на км². Нејзината највисока точка изнесува 70 метри.
Клима
уредиПајне се наоѓа под мешано влијание на океанска и континентална клима.
Градски единици
уредиМесто | Жители[2] |
---|---|
Пајне-Центар | 25.088 |
Беркум | 294 |
Дунгелбек | 1.839 |
Дутенштет | 963 |
Ајксе | 621 |
Есингхаузен | 1.783 |
Хандорф | 888 |
Рерзе | 260 |
Розентал | 1.054 |
Шмеденштет | 983 |
Швихелт | 1.250 |
Штедердорф | 5.440 |
Ферум/Ландвер | 6.919 |
Вендесе | 151 |
Волторф | 1.991 |
Самиот Пајне-Центар (Кернштат) — составен од девет статистички окрузи:[2]
- Иненштат
- Машланд
- Гунцелинфелд
- Валцверк
- Зидштат
- Зимонштифтунг
- Зидлихе Ауе
- Телгте
- Нердлихе Ауе/Херцберг
Историја
уредиДекрет од 1130 година го спомнува Бертолд фон Пагин, од кого потекнува името на градот. Замокот Пајне потекнува од тоа време или порано.
Во 1201 година, Хилдесхајмската хроника го опишува несогласувањето помеѓу епископот Хартберт од Хилдесхајм и браќата Екберт и Гунзелин фон Волфенбител. Гунзелин преовладал во кавгата и ја презел власта над замокот Пајне и околината.
Јужно од замокот, Гунзелин го основал градот Пајне во 1218 или во 1220 година. Во 1223 година, населбата ги добила градските права. Грбот на Гунзелин станал градски симбол.
Во 1256 година, Пајне бил освоен од војводата Албрехт од Бауншвајг-Линебург и по смртта на Гунзелин во 1260 година, неговите синови го изгубиле Пајне од епископот на Хилдесхајм.
Отон I од Брауншвајг-Линебург, епископ на Хилдесхајм, 1260–1279, му ги дал замокот, градот и околината на Пајне на Ведекинд фон Попенбург како феуд.
Исто така, во 1260 година, Пајне покрај пазарски права, добил и право да кова монети.
Познати луѓе
уреди- Фридрих фон Боденштет (1819–1892) — писател
- Рудолф Ото — протестантски теолог
- Фриц Хартјенштајн — СС командант
- Соломон Перел — израелски писател
Политика
уредиМеѓународни односи
уредиЗбратимени градови
уредиПајне е збратимен со следниве градови:
Галерија
уреди-
Поранешното Градско собрание од 1827 година на плоштадот
-
Црквата „Св. Јаков“
-
Воденица во Пајне
-
Челичарницата во Пајне
-
Водокулата во јужниот дел на Пајне
-
Железничката станица во градот
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
- ↑ 2,0 2,1 Stadt Peine: Ortschaften in Zahlen (31 јули 2015) (PDF; 13 kB)
- ↑ „Nanchang City and Sister Cities Intercommunion“. Nanchang Municipal Party Committee of the CPC and Nanchang Municipal Government. Nanchang Economic Information Center. Архивирано од изворникот на 22 мај 2013. Посетено на 5 ноември 2013.
Надворешни врски
уреди- Пајне на Ризницата ?
- Официјална страница (германски)