Четврта влада на Никола Груевски
(Пренасочено од Влада на Република Македонија од 2014)
28. влада на Македонија — орган на извршната власт во Република Македонија избран по предвремените парламентарни избори од 26 април 2014. На изборите коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ освоила најмногу гласови, а нејзиниот водач Никола Груевски добил мандат за формирање влада од претседателот Ѓорге Иванов. Новата влада била изгласана во Собранието на Република Македонија на 19 јуни 2014.
Четврта влада на Никола Груевски Груевски IV | |
---|---|
28. влада на Македонија | |
2014-2016 | |
Груевски во 2014 | |
Конституирана | 19 јуни 2014 |
Распуштена | 18 јануари 2016 |
Организација | |
Претседател | Ѓорѓе Иванов |
Премиер | Никола Груевски |
Статус во собрание | Коалициска влада |
Историја | |
Избори | 2014 |
Претходен кабинет | Груевски III |
Следен кабинет | Димитриев |
Состав на владата
уредиСоставот на владата на Македонија од 2014 година е следен:[1]
- Никола Груевски (ВМРО-ДПМНЕ), Претседател на Влада
- Зоран Ставрески (ВМРО-ДПМНЕ), заменик на Претседателот на Владата и министер за финансии
- Муса Џафери (ДУИ), заменик на Претседателот на Владата задолжен за спроведување на Рамковниот договор
- Владимир Пешевски (ВМРО-ДПМНЕ), заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања
- Фатмир Бесими (ДУИ), заменик на Претседателот на Владата задолжен за европски прашања
- Никола Попоски (ВМРО-ДПМНЕ), министер за надворешни работи
- Зоран Јолевски (ВМРО-ДПМНЕ), министер за одбрана
- Гордана Јанкулоска (ВМРО-ДПМНЕ), министер за внатрешни работи
- Аднан Јашари (ДУИ), министер за правда
- Миле Јанакиески (ВМРО-ДПМНЕ), министер за транспорт и врски
- Беким Незири (ДУИ), министер за економија
- Михаил Цветков (СПМ), министер за земјоделство, шумарство и водостопанство
- Никола Тодоров (ВМРО-ДПМНЕ), министер за здравство
- Абдулаќим Адеми (ДУИ), министер за образование и наука
- Иво Ивановски (ВМРО-ДПМНЕ), министер за информатичко општество и администрација
- Лирим Шабани (ДУИ), министер за локална самоуправа
- Елизабета Канческа Милевска (ВМРО-ДПМНЕ), министер за култура
- Диме Спасов (ВМРО-ДПМНЕ), министер за труд и социјална политика
- Нурхан Изаири (ДУИ), министер за животна средина и просторно планирање
- Фуркан Чако (ДУИ), министер без ресор
- Висар Фида (ДУИ), министер без ресор
- Неждет Мустафа (СРМ), министер без ресор
- Веле Самак (ВМРО-ДПМНЕ), министер без ресор
- Горан Мицковски (ВМРО-ДПМНЕ), министер без ресор
- Џери Наумоф (ВМРО-ДПМНЕ), министер без ресор
- Бил Павлески (ВМРО-ДПМНЕ), министер без ресор
Реконструкција на владата на 13 мај 2015
уредиНа 12 мај 2015 година оставка од функцијата министер си поднесоа:
- Гордана Јанкулоска (ВМРО-ДПМНЕ), министер за внатрешни работи [2]
- Миле Јанакиески (ВМРО-ДПМНЕ), министер за транспорт и врски[3]
Следниот ден на 13 мај 2015 година на функциите беа назначени:
- Митко Чавков - Министер за внатрешни работи на Македонија[4]
- Владо Мисајловски - Министер за транспорт и врски на Македонија [5]
На 15 септември 2015 година Собранието на РМ ја констатираше оставката на министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски.[6]
Наводи
уреди- ↑ http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=35682[мртва врска]
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2015-05-15. Посетено на 2015-05-13.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2015-05-16. Посетено на 2015-05-13.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2015-05-14. Посетено на 2015-05-13.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2015-07-21. Посетено на 2015-05-13.
- ↑ „Незабележано, констатирана оставката на Иво Ивановски“[мртва врска]
Надворешни врски
уреди- Влада на Република Македонија Архивирано на 11 април 2011 г.