Випфратал
Випфратал (германски: Wipfratal) — поранешна општина во округот Илм, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Од 1 јануари 2019 година претставува дел од градот Арнштат.
Випфратал | |
Место во Арнштат | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Тирингија |
Округ | Илм |
Општина | Арнштат |
Место единици | 12 |
Основни податоци | |
Површина | 49,80 км2 |
Надм. височина | 319 м |
Население | 2.907 (31 декември 2017) |
- Густина | 58 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | IK |
Пошт. бр. | 99310 |
Повик. бр. | 03629 |
Портал | www.wipfratal.de |
Координати | 50°47′8″N 10°59′34″E / 50.78556° СГШ; 10.99278° ИГД |
Општината се наоѓала помеѓу трите големи градови во округот: Арнштат на север, Илменау на југ и Штатилм на исток. Била основана во 1994 година и опфаќала дванаесет единици, од кои Марлисхаузен била најголема. Сепак, седиштето на општинската управа била во селото Бранхевинда. Надлежна општина била окружниот град Арнштат.
Општината била именувана по реката Випфра, на која се наоѓале седум од дванаесетте единици.
Географија
уредиОпштината се наоѓала помеѓу Тириншката Котлина на север и Тириншката Шума на југ на височина од 319 метри.
Соседни општини
уредиОпштината се граничела со следниве општини (почнувајќи од север, надесно): Алкерслебен, Беслебен-Вилерслебен, Штатилм, Илменау, Плауе, Арнштат и Дорнхајм.
Општински единици
уредиОпштината била составена од следниве единици:
Единица | Жители 2013 |
Површина | Височина | Прво споменување | |
---|---|---|---|---|---|
Бранхевинда | 153 | 3,33 км² | 387 м | 876 | |
Данхајм | 267 | 6,47 км² | 377 м | 750 | |
Етишлебен | 148 | 3,49 км² | 312 м | 750 | |
Гербицхаузен | 116 | 1,62 км² | 341 м | 1186 | |
Хаузен | 176 | 1,67 км² | 332 м | 932 | |
Кетмансхаузен | 89 | 2,01 км² | 414 м | 1450 | |
Марлисхаузен | 1210 | 7,74 км² | 319 м | 750 | |
Нојрода | 201 | 5,12 км² | 402 м | 1378 | |
Рајнсфелд | 174 | 5,49 км² | 448 м | 1209 | |
Рода | 62 | 2,81 км² | 340 м | 1239 | |
Шмерфелд | 96 | 2,99 км² | 430 м | 1303 | |
Випфра | 172 | 5,06 км² | 402 м | 1348 |
Галерија
уредиВо сите места постојат селски цркви.
-
Бранхевинда
-
Данхајм
-
Етишлебен
-
Гербицхаузен
-
Хаузен
-
Кетмансхаузен
-
Марлисхаузен
-
Нојрода
-
Рајнсфелд
-
Рода
-
Шмерфелд
-
Випфра