Плауе (германски: Plaue) — мал град во округот Илм, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Се наоѓа на реката Гера, сместен помеѓу градовите Илменау и Арнштат.

Плауе

Plaue

Градското собрание
Градското собрание
Градското собрание
Грб на Плауе
Плауе во рамките на Германија
Плауе
Управа
Земја Германија
Покраина Тирингија
Округ Илм
Градски единици 4
Градоначалник Јерг Там (ДХС)
Основни податоци
Површина 22,69 км2
Надм. височина 330 м
Население 2.007 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 88 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. IK
Пошт. бр. 99338
Повик. бр. 036207
Портал www.plaue-thueringen.de
Местоположба на градот Плауе во рамките на округот Илм
Карта
Карта
Координати 50°46′46″N 10°53′56″E / 50.77944° СГШ; 10.89889° ИГД / 50.77944; 10.89889Координати: 50°46′46″N 10°53′56″E / 50.77944° СГШ; 10.89889° ИГД / 50.77944; 10.89889

Географија уреди

Местоположба уреди

Плауе се наоѓа околу 10 километри јужно од Арнштат. Во Плауе се создава реката Гера при спојувањето на Цаме Гера и Вилде Гера.

Соседни општини уреди

Градот се граничи со Арнштат, Илменау, Мартинрода и Гератал.

Градски единици уреди

Кон Плауе припаѓаат следниве три места:

  • Клајнбрајтенбах, еден километар источно
  • Нојзис, четири километри јужно (од 2019 г.)
  • Риперсрода, три километри југозападно

Политика уреди

Градски совет уреди

Градскиот совет на Плауе се состои од 12 членови. По општинските избори на 26 мај 2019 година, распределбата на местата е следна:[2]

Партии и листи Места Удел
CDU 5 45,4
Граѓани за Плауе 3 26,7
Граѓ. иницијатива Плауе 2 12,7
Независна листа 1 8,2
Граѓ. иницијатива Нојзис 1 6,9
Вкупно 12 100,0
Излезност 69,6 %

Градоначалник уреди

Градоначалник на градот е Јерг Там (CDU) од октомври 2004 година.[3]

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. „Население по општини, надлежни општини и општински заедници во Тирингија“. Статистичка служба на Тирингија. јуни 2021. (германски)
  2. „Gemeinderatswahl 2019 in Thüringen, Plaue, Stadt“ (германски). Thüringer Landesamt für Statistik. Посетено на 2019-06-29.
  3. http://arnstadt.thueringer-allgemeine.de/web/lokal/politik/detail/-/specific/Joerg-Thamm-bleibt-Plaues-erster-Mann-33181406

Надворешни врски уреди