Илменау
Илменау (германски: Ilmenau; службено Гетештат Илменау со значење „град на Гете“) — град во округот Илм, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Градот се наоѓа на околу 33 километри југозападно од покраинскиот главен град Ерфурт во долината на реката Илм на северниот раб од Тириншката Шума. Градот е најголем во рамки на округот и е осми најголем во целата покраина Тирингија. По површина претставува трет најголем град во покраината.
Илменау
Ilmenau | |
Градско собрание на Илменау | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Тирингија |
Округ | Илм |
Градски единици | Градот и 16 места |
Градоначалник | Даниел Шултхајс (независен) |
Основни податоци | |
Површина | 198,69 км2 |
Надм. височина | 500 м |
Население | 39.127 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 197 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | IK |
Пошт. бр. | 98693 |
Повик. бр. | 03677 |
Портал | www.ilmenau.de |
Местоположба на градот Илменау во рамките на округот Илм | |
Координати | 50°41′2″N 10°55′10″E / 50.68389° СГШ; 10.91944° ИГД |
Градот е сместен во јужниот дел на округот и претставува единствен град во Тирингија, кој не е окружен град, а има статус на „голем град“. Најважна установа во градот е Техничкиот универзитет, на кој има околу 5.200 студенти (состојба 2020/21).[2]
Градот низ годините станал релативно незначаен. Се развил по основањето на Германското Царство во 1871 година со индустријализацијата.
Во времето на Гете, градот претставувал омилено место за излети и одмори. Освен тоа, до Првата светска војна претставувал и бањско одморалиште.
Потекло на името
уредиИмето потекнува од германските зборови Ulmen (т.е. брестови) и Aue (т.е. долина, онаа низ која минува реката Илм, која била пошумена со брестови пред основањето на градот. „Градските животни“ на Илменау се кокошките и козите.
Географија
уредиИлменау се наоѓа на височина од околу 500 метри на североисточниот раб од Тириншката Шума. Градот е сместен во долината на Илм, која тече во насока запад-исток низ градот.
Јужно од градот се наоѓа Кикелхан, кој со своите 861 метар е највисока точка во градското подрачје, додека најниската точка се наоѓа во долината на Випфра на височина од 396 метри.
Градски единици
уредиИлменау е составен од градското јадро и 16 единици и 21 посед:[3]
- Градот Илменау (со поседот Гренцхамер) со местата Рода, Оберперлиц и Унтерперлиц образува една целина
- североисточните места: Хојда, Бихело, Вимбах и Грефинау-Ангштет (два поседа, со малата населба Лемансбрик)
- југоисточните места: Ереншток, Лангевизен (порано град), Герен (порано град), Језуборн, Пеневиц и Меренбах
- југозападните места: Манебах (со поседот Камерберг), Штицербах (со повеќе поседи) и Фрауенвалд (со малата населба Алцуна)
Соседни општини
уреди- Ерфурт, 40 км на север
- Гота, 40 км на северозапад
- Вајмар, 50 км на североисток
- Арнштат, 25 км на север
- Залфелд и Рудолштат, 35 км на исток
- Зул, 20 км на југозапад
- Мајнинген, 40 км на југозапад
Близина
уредиОколу 80.000 луѓе живеат околу градот на површина од 540 км2, што Илменау го прави нивен центар за работа, училишта, продавници и административни работи. Поголеми градови и села во близина се Грефенрода (3.600 жит.), Кенигзе (3.500 жит.), Герен (3.300 жит.) и Лангевизен (3.200 жит.). Дел од овие места биле припоени кон градот во 2018 година со новата административна поделба на Тирингија.
Историја
уредиИлменау бил основан во XIII век и првпат е споменат во 1273 година. Во 1341 година ги добива градските права. Помеѓу 1660 и 1920 година припаѓал на Саксо-Вајмар, додека порано владетели на градот биле династијата Кевернбург (сега Кефернбург (од Арнштат), династијата Шварцбург (од Арнштат, подоцна Рудолштат) и династијата Хенеберг (од Мајнинген).
Помеѓу 1471 до 1626 година, рудниците за бакар придонеле значително во економскиот развој на Илменау. Во 1611 година, овие рудници произведувале 38 тони бакар и 188 кг сребро. Производството ги достигнало овие бројки повторно во 1730-тите, во текот на кратката обнова на рударството под водството на Јохан Волфганг фон Гете. Подоцна, во XIX и XX век, биле ископувани флуорит и манган.
На почетокот на XIX век, Илменау бил едно од неколкуте места, каде луѓето доаѓале за лечење со топла вода. До 1870 година, Илменау останал мал град од околу 3.000 жители, но по индустриската револуција, градот се зголемил. Се појавиле неколку фабрики за порцелан (Graf von Henneberg Porzellan од 1777 г.), стакло (Sophienhütte од 1852 г.) и играчки. Во 1879 година градот добил железничка врска со Ерфурт (на север), 1881 година до Герен/Гросбрајтенбах (на југоисток) и 1904 година до Шлојзинген (на југозапад).
Универзитетот бил основан во 1894 година како Thüringisches Technikum. Денес, тој го носи името Технички универзитет Илменау (Technische Universität Ilmenau). Европското првенство во санкање во 1934 се одржало во градот.
Во 1952 година бил основан истоимениот округ (Kreis Ilmenau). Имал површина од 380 км2 и население од околу 70.000 жители. Илменау бил главен град на овој округ. Во 1994 година, бил припоен со округот Арнштат во новиот округ Илм, а Арнштат станал главен град.
Развој на бројот на жители
уреди
|
|
Политика
уредиГрадски совет
уредиГрадскиот совет на Илменау се состои од 40 членови, по зголемувањето на градот во 2018 година. Распределбата на местата по години била следна:[4]
- CDU: 10 места
- AfD: 5 места
- Die Linke: 5 места
- Про Боквурст: 5 места
- Слободни гласачи Илменау: 4 места
- Граѓански сојуз / Сојуз 90/Зелени: 4 места
- SPD: 3 места
- Илменау Директ: 2 места
- FDP: 1 место
- независни: 1 место
Градоначалник
уредиМоментален градоначалник е независниот Даниел Шултхајс.
- Список на градоначалници
- 1821–1830: Јохан Георг Карл Кристијан Блумредер
- 1831–1837: Адолф Лудвиг Фридрих Конта
- 1838–1848: Константин Лајриц
- 1849–1873: Јохан Кристијан Херцер
- 1874–1890: Фридрих Херунг
- 1890–1900: Паук Екарт
- 1901–1906: Александер Блојмилер
- 1906–1911: Конрад Ангерман
- 1911–1918: Карл Вилигман
- 1918–1920: без градоначалник
- 1920–1922: Херман Цахојс
- 1923–1925: Хајнрих Брауер
- 1925–1931: Паул Хинц
- 1931–1933: Хелмут Бирнбаум
- 1933–1934: Херман Шулц (NSDAP)
- 1934–1945: Рихард Валтер (NSDAP)
- 10 мај 1945-12 јули 1945: Херман Цахојс
- 1945–1950: Паул Флиднер (KPD/SED)
- 1950–1961: Шарлот Глајхман (SED)
- 1961–1979: Курт Хојнеман (SED)
- 1979–1989: Зигфрид Гитхоф (SED)
- 1989–1990: Петер Бишоф (SED)
- јануари 1990–мај 1990: Ханс-Георг Рамелт (независен)
- мај 1990–јуни 2018: Герд-Михаел Зебер (CDU)
- од ноември 2018: Даниел Шултхајс (независен)
Меѓународни односи
уредиИлменау е збратимен со:
Во 2002 година партнерството со градот Блу Еш (Охајо), САД било затворено.
Стопанство
уредиВо Илменау најмногу се произведува стакло, како и софтверски програми. Илменау има подобра економија отколку другите региони во Источна Германија и нејзината стапка на невработеност изнесува 11,3% (октомври 2009), што не се смета за многу висока.
Во Илменау е сместен и Техничкиот универзитет Илменау, на кој студираат повеќе од 6.200 студенти.
Инфраструктура
уредиНиз градот поминуваат автопатот А4 (Ерфурт-Нирнберг), А87 (Илменау-Лајпциг) и А88 (Ајзенах-Илменау-Јена). Сојузниот автопат Б71 од Ерфурт до Вирцбург поминува пет километри на север. Сè уште функционира железничкиот сообраќај кон Ерфурт, додека на другите железнички линии до Шлојзинген и Гросбрајтенбах нема сообраќај. Брзата железничка линија Нирнберг-Ерфурт во близина е во изградба.
Познати луѓе
уреди- Јан Берент — санкач
- Роберт Депел — јадрен физичар
- Волфрам Фидлер — санкач
- Мари Гутхајл-Шодер — сопрано-пејач
- Андреа Хенкел — биатлонец
- Карл Лудвиг фон Кнебел — поет
- Штефан Краусе — санкач
- Андре Ланге — боб-возач
- Андрас Либавиус — хемичар
- Паул Лебе — политичар
- Јенс Милер — санкач
- Уте Оберхофнер — санкач
- Матијас Плацек — политичар
- Фриц Рајнхарт — политичар
- Фриц Заукел — нацистички злосторник
- Корона Шретер — пејач
- Петер Зендел — биатлонец
Галерија
уреди-
Некогашниот хотел „Цум Левен“
-
Градската црква
-
Градскиот плоштад
-
Управна зграда (Amtshaus)
-
Зексишер Хоф (Sächsischer Hof)
-
Стара шумска управа
Наводи
уреди- ↑ „Население по општини, надлежни општини и општински заедници во Тирингија“. Статистичка служба на Тирингија. јуни 2023. (германски)
- ↑ „Daten der Universität Ilmenau auf ihrer Homepage“. Архивирано од изворникот на 2020-12-16. Посетено на 2021-11-02.
- ↑ „Stadtverwaltung Ilmenau“. Архивирано од изворникот на 2011-07-14. Посетено на 2021-11-02.
- ↑ „Gemeinderatswahl 2019 in Thüringen, Plaue, Stadt“ (германски). Thüringer Landesamt für Statistik. Посетено на 2019-06-29.