Бугарски воз
Бугарски воз — политички поим со којшто се означува злоупотреба на правото на гласање со цел да се издејствуваат изборни резултати во сопствена полза.[1] Карактеристично за гласањето со „бугарски воз“ е тоа што едно лице гласа на повеќе гласачки места во корист на својата опција и така создава резултат што не одговара на вистинското расположение во гласачкото тело. Ваквиот поим најчесто се користи делумно на Балканот[2][3][4], а се инспирира од недемократските избори во Бугарија кон крајот на 20. век.[5]
Тек
уредиЛокомотивата (организаторот) некако зема празно ливче и на него го заокружува редниот број на посакуваната партија. Потоа, ливчето го предава на некој гласач, кој зема празно ливче, истото го става в џеб, а заокруженото го пушта во гласачката кутија. Празното ливче се предава на локомотивата, кој одново го заокружува посакуваниот реден број, па повторно го предава ливчето на некој друг гласач. Постапката продолжува на ист начин понатаму, така што со сигурност се знае дека гласачите ќе „гласаат“ за посакуваната партија.[6]
Контроверзии
уредиВо Бугарија се смета дека овој политички поим е навредлив за земјата и во тој контекст во 2006 година бугарската амбасада во Македонија побарала од политичките партии, невладините организации и медиумите за одредени изборни малверзации повеќе да не го користат овој поим,[7] иако истиот не е измислен во Македонија и не се користи само во Македонија.
Поврзано
уреди- Бугарска глоба — плаќање на фиктивни глоби од корумпирани полицајци;
- Кинески прстен — вид на изборна манипулација.
Наводи
уреди- ↑ „An "innovative" vote-buying practice called "Bulgarian train"“ (англиски). arirusila.wordpress. October 10, 2010. Посетено на 2011-08-29.
- ↑ „Sprema se velika izborna krađa?“ (босански). Дневни Аваз. Архивирано од изворникот на 2010-12-24. Посетено на 2011-08-29.
- ↑ „Bugarski vlak?!?!“ (хрватски). Srijeda, 6 октомври 2010 21:39. Архивирано од изворникот на 2012-09-07. Посетено на 2011-08-29. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „Budimir: "Bugarski vlak" iz Srbije stigao u Mostar, Relota: To je obmana, Čović će ih pozvati na sastanak“ (српскохрватски). Srijeda, 06 Oktobar 2010 14:04. Посетено на 2011-08-29. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)[мртва врска] - ↑ „Bosnians Name Vote-Buying Technique after Bulgaria“ (англиски). September 30, 2010, Thursday. Посетено на 2011-08-29. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „Изборни измами со кинески прстен и бугарски воз!“. Вечер. Посетено на 2011-08-29.[мртва врска]
- ↑ „Бугарија навредена од „бугарскиот воз"“. Архивирано од изворникот на 2008-10-13. Посетено на 2011-08-29.