Википедија:Кориснички кутии

Оваа страница е напатствие на македонската Википедија. Општоприфатен стандард е уредувачите да ги следат правилата, но сепак треба да се користи здрав разум и да се прават повремени исклучоци. Ако ја уредувате оваа страница, Ве молиме прво уверете се дека за вашата промена постои консензус. Ако се двоумите, прво дискутирајте на страницата за разговор.
Кратенки:
ВП:КК
Следниве упатства подеднакво важат за сите кориснички предлошки (кориснички кутии и предлошки слични на нив), без разлика за тоа каде стои кодот; и без разлика дали се превметнати, заменети или напишани од почеток. Корисничките кутии кои не ги следат следниве напатствија можат да бидат избришани.
Оваа страница дава информации за дизајнот, создавањето и користењето на кориснички кутии, кои се наменети исклучиво за употреба на корисничките страници и само заради комуникациски причини, како што е помагањето на википедијанците да соработуваат поефикасно при уредување на статии.
Скокни до галеријата со кориснички кутии
Корисничка кутија е мала кутија која изгледа вака. Подолу има повеќе примери.
Корисничките кутии доаѓаат во многу различни стилови и бои.
Корисничките кутии може да имаат една или две странични кутии.


Корисничка кутија (скратено само КК) е мала обоена кутија дизајнирана да се појави на корисничката страница на википедијанците како забелешка за корисникот. Корисничките кутии обично користат еден или два графички симбола или слики и краток текст. Понекогаш може да содржат вики-врски или вики-код кој го сместува корисникот во некоја категорија.

Корисничките кутии најчесто се создаваат како предлошки и се превметнати во корисничките страници, иако е можно нивниот код директно да биде заменет во страниците (без повикување преку предлошки или превметнување). Корисничките кутии не смеат да се користат во статии.

Првите кориснички кутии беа запознаени за поддршка на Вавилон меѓујазичниот проект, за да ги индицира знаењата на корисниците на други јазици.

Општи правила

уреди
  1. Корисничките кутии се со слободна содржина и израз на корисникот. Темелот на Википедија е принципот на неутралност, но корисниците го имаат правото на менување на своите страници по сопствено мислење, со единствено ограничување кон навредливи, нецивилизирани, незаконски, провокативни содржини или содржини кои ги кршат авторските права, ја ограничуваат слободата или ја посрамотуваат Википедија на непромислен начин.
  2. Предлошките кои се создадени за користење во корисничкиот именски простор се ограничени на оние кои придонесуваат во процесот на создавање на енциклопедијата, или се доволно општи и се користени од поголем број на корисници. Тие се создавааат во именскиот простор Предлошка и се однесуваат на јазик, други способности и вештини, специјалност, стручност, интереси или припадности на проекти. Пожелно е да се избегнуваат кориснички кутии кои искажуваат или поддржуваат лични ставови на поединци (со што вики се користи за средство за изразување на политичко определување, вера, вкусови, теми од поединечни интереси и сл. Местото на таквите кутии без исклучоци е во корисничкиот именски простор.

Групирање на кориснички кутии

уреди

Употреба на предлошката ККПочеток

уреди
Пример 1
  Овој корисник живее во Македонија.
  Овој корисник е ОВЕН.
  Овој корисник е од машкиот пол.

Слично на Вавилон кутијата, овде има кутија која ги групира корисничките предлошки заедно. Само направете листа на сите кориснички кутии користејќи {{ККПочеток|име на кутијата}} на врвот, проследено со листа на кориснички кутии и ставете {{КККрај}} на дното. На пример, кутијата десно е создадена преку следнава листа:

{{ККПочеток|Пример 1}}
{{Корисник Македонија}}
{{Корисник:КК/зодијак овен}}
{{Корисник Машко}}
{{КККрај}}

Користејќи го Вавилон системот на групирање

уреди

Слични резултати можат да се добијат со следново:

{| style="float: right; margin-left: 1em; margin-bottom: 0.5em; border: #99B3FF solid 1px"
|-
| style="text-align: center" | '''Пример 1'''
{{Корисник Македонија}}
{{Корисник:КК/зодијак овен}}
{{Корисник Машко}}
|}

Користејќи табели

уреди

Трета алтернатива е да ги ставите корисничките кутии во табела. На пример:

{| style="margin: 1em auto 1em auto"
| {{Корисник:КК/лаптоп}} {{Корисник html-1}}
|-
| {{Корисник Клавир}} {{Корисник:КК/rc patrol}}
|}


ќе го создаде следново:

  Овој корисник придонесува со користење на лаптоп.
HTML-1 Овој корисник може почетнички да користи html.
 Овој корисник свири на клавир.
 Овој корисник ги надгледува скорешните промени.

Галерија

уреди


Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди
  • The Super-Simple Userbox Maker - Надворешна алатка за лесно градење на кориснички кутии. (англиски)