Важно: Внимателно прочитајте ја статијата, доколку забележите дека има нешто што би можеле да го промените, променете го! Ако имате предлог за тоа каде треба да се подобри статијата, слободно искажете го! Гласот „За“ дадете го само ако утврдите дека статијата навистина ги исполнува критериумите за избрана статија.
Како да гласам за овој предлог?
Гласањето се одвива така што секој може да остави свој глас {{за}} ( ), {{против}} ( ) или {{воздржан}} ( ), како и свое мислење преку {{коментар}} ( ), користејќи ги за сето ова соодветните предлошки. Само гласовите од утврдените корисници ќе бидат земени предвид при сумирањето на резултатите. Гласањето завршува една недела по предлогот.
Понекогаш, некоја статија и со доволно гласови {{За}} може да не биде избрана доколку така одлучи заедницата (Видете: Википедија:Занемарете ги сите правила). Бидејќи предложените статии претставуваат нечиј труд, се замолува секој оној којшто сака да гласа {{Против}}, да го поткрепи својот глас со соодветни аргументи, кои ќе помогнат статијата да биде подобрена.
Владетелот (итал.Il Principe) е политичкарасправа од фирентинскиот чиновник и политички теоретичарНиколо Макијавели. Била напишана во 1513 год, и првобитно била насловена како „За кнежевствата“. Но, книгата не била издадена сѐ до 1532, пет години по смртта на Макијавели. Оваа расправа не е претставителна за неговиот творечки опус издаден додека бил жив, но е најпрочуената, како делото одговорно за создавање на поимот „макијавелистички“, како термин со негативна смисла. Некои критичари сметаат дека делото е всушност сатира, но тоа е спорно.
„Владетелот“ го проучува стекнувањето на власт, зацврстувањето на неа и употребата на власта. Макијавели не го предвидел делото како академска расправа по политичка теорија, туку за да покаже дека е голем државник, советувајќи како еден владетел да дојде на власт и како да ја задржи власта. Макијавели го оправдувал владеењето со сила наместо со закони. Според ова, „Владетелот“ оправдува низа постапки извршени со единствена цел за зацврстување на власта. Ова е класична студија за власта — нејзиното стекнување, експанзија и нејзина делотворна употреба.
Идеалите на Макијавели за управувањето со државата биле од големо значење за делата на политичките водачи. Макијавели е претставен како лик во поговорот на делото „Малтешкиот Евреин“ од Кристофер Марлоу. Кралот на Прусија, Фридрих Велики упатил остри критики кон Макијавели во неговото дело „Антимакијавели“, издадено во 1740 година. На неколку наврати во животот, Наполеон Бонапарт пишувал опширни коментари за „Владетелот“. По поразот кај Ватерло, овие коментари биле пронајдени во царската кочија и одземени од пруската војска. Повеќе...
Оваа статија можеби го нема естетскиот изглед како што го имаат другите избрани статии, но нејзината содржина целосно и на многу добар начин ја обработува темата. Википедија е енциклопедија, а ова е вистинска енциклопедиска статија, па затоа мислам дека истата заслужува да биде избрана. Сепак, нема да биде лошо, во статијата да се додадат и насловите на поглавјата, со краток опис, како што е на Википедија на италијански. Бклагодарам. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:11, 14 август 2009 (UTC)
Не е лоша. Чекај што зборам, воопшто не е лоша, супер е. Само што мислам дека треба да има повеќе референци, но гледајќи според тоа што е изложено, не треба секоја реченица да биде со извор. --Макс(разговор) 11:22, 15 август 2009 (UTC)
Па доколку на англиската нема проблеми за извори, тоа е индикација дека содржината е непроблематична. Не знам точно какви се сите правила, но искрено речено јас книгава ја знам напамет и знам дека сè што е напишано е сосем точно. Тука се исклучок туѓите мислења, за кои мислам дека има соодветни наводи. Ви благодарам на поддршката! --Б. Јанкулоски (разговор) 05:16, 16 август 2009 (UTC)
А што се однесува до естетиката, т.е. илустрациите - оваа статија не може да го постигне тоа. Самата книга нема баш некои илустрации бидејќи не е наменета како таква. Единствено би можело да се вметнат некои сцени од она за кое се зборува во некои делови, како да речеме подвизите на Чезаре Борџија. Но не знам дали тоа е во духот на статијава и на самото дело кое го обработува. Дајте мислење. --Б. Јанкулоски (разговор) 05:20, 16 август 2009 (UTC)
Да се согласувам за наводите, тоа што го кажа и го мислев. А што се однесува до сликите, не се разбирам многу, но некои сигурно би годеле, сепак зависи какви се. --Макс(разговор) 11:38, 16 август 2009 (UTC)
Еве, поставив некои релевантни илустрации на статијата, и се надевам дека со тоа ја направив уште попривлечна. --Б. Јанкулоски (разговор) 22:14, 17 август 2009 (UTC)
Покрај тоа, сега ставив и карта на Италија во 1494 г. која специјално ја преведов по овој повод. Картава ја илустрира територијалната и политичка поделба на Италија во времето на Макијавели, што е од големо значење за доловување на духот и смислата на она што го обработува Макијавели. --Б. Јанкулоски (разговор) 22:54, 17 август 2009 (UTC)
Одлична работа. Мислам дека статијата ако биде избрана, може да ја објавиме на главната страница уште следната седмица. Не гледам некои датуми во неа, а датумите на раѓањето и смртта на Макијавели поминаа. Па, затоа ако немате ништо против може уште за следната седмица статијата да ја објавиме на главната страница.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:58, 17 август 2009 (UTC)
Јас дефинитвно не сум против :) --Б. Јанкулоски (разговор) 23:09, 17 август 2009 (UTC)