Макијавелизам — поим во психологијата каде лицето има склоност да ги мами и манипулира другите со цел да постигне некоја лична добивка. Овој концепт е инспириран од ренесансниот политиколог Николо Макијавели, поточно од неговото дело „Владетелот“, од кое подоцнежните мислители ја имаат изведено максимата: „Целта ги оправдува средствата“.

Во 1960-тите Ричард Кристи и Флоренс Л. Гаијс осмислиле тест за проверка на макијавелизмот на една личност. Подоцна овој текст бил дообработен и наречен MACH-IV тест, што е прашалник од 20 прашања кој денес претставува стандарднен тест за самооценка за макијавелизам. Луѓето кои добиваат над 60 од можни 100 бода на тестот MACH-IV се сметаат за „високомакијавелистички“; т.е. кои се согласуваат со искази како: „Никогаш никому не кажувај зошто си направил нешто, освен ако од тоа има корист“, (Бр. 1) но не се согласуваат со искази како: „Највеќето луѓе во суштина се добри“ (Бр. 4). Луѓето кои добиваат под 60 бода од можните 100 на MACH-IV тестот се сметаат за „нискомакијавелистички“; тие пак веруваат во искази како: „Не постои оправдание за лажење“, (Бр. 7) и „Највеќето луѓе кои успеваат во светот водат чист и морален живот“ (Бр. 11). Во низа студии предводени од Кристи, Гајс и неговиот помошник Дејвид Бергер, поимот (претставата за) макијавелизам бил експериментално потврден. Тој претставува и религија во зародиш, која се заснова на верувањето дека нема ништо вредно на светот освен логиката и самиот себе.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди