Николо Макијавели

(Пренасочено од Макијавели)

Николо Макијавели (италијански: Niccolò Machiavelli; Фиренца, 3 мај 1469Фиренца, 20 јуни 1527) — италијански државник, писател, воен стручњак, поет, комедиограф и политичар. Најпознат е по својот политичка расправа „Владетелот“, и по погрешно толкуваната максима: „Целта ги оправдува средствата“.

Николо Макијавели
Портрет на Николо Макијавели од Санти ди Тито
Роден(а)3 мај 1469(1469-05-03)
Фиренца, Италија
Починал(а)21 јуни 1527(1527-06-21) (возр. 58)
Фиренца, Италија
Школаренесансна филозофија, реализам, класично републиканство
Претежна дејност
политикаполитичка филозофија), воена теорија, историја
Потпис

Животопис

уреди
 
Николо Макијавели

По создавањето на Фиренциската република, Макијавели 14 години ја извршувал функцијата секретар на „Советот на десеттемина“, главното владеачко тело на републиката.[1] Кога семејството Медичи повторно дошло на власт во Фиренца, во 1512 година, Макијавели бил сменет од сите политички должности поради пријателството со Пјеро Содерини, еден од главните ликови на Фирентинската Република. Во февруари 1513 година била откриена завера против семејството Медичи во која учествувале Агостино Капони и Пјер Паоло Босколи, но тогаш бил осомничен и Макијавели, поради што бил затворен и мачен, но успеал да ја докаже својата невиност.[2] По тие настани, Макијавели ја напуштил Фиренца и живеел повлечено на својот селски имот, занимавајќи се со лов на птици, со продажба на дрва од својата шума и играјќи карти и дама во месната гостилница. Исто така, тој многу читал, особено делата на Данте, Петрарка, Тибул и Овидиј. Навечер, се затворал во својата работна соба и го пишувал своето главно дело, „Владетелот“. Во тој период, Макијавели живеел сиромашен живот, пишувајќи: „За мојата цврстина и чесност најдобро зборува мојата сиромаштија.“[3]

Творештво

уреди

Своето творештво Макијавели го започнал со покладни песни, канцони и сонети. Покрај „Владетелот“, тој е познат е и по делата: „За воената вештина“, „Расправи за првите десет книги на Тит Ливиј“ (1513-1519), „Историја на Фиренца“, а неговото најважно дело од аспект на книжевноста е „Мандрагола“. Тоа е првата модерна европска комедија и најдоброто италијанско дело од овој жанр во периодот на ренесансата. Поимот макијавелизам е изведен од неговото име, а честопати се користи во негативна конотација опишувајќи појава на манипулирање и интриги, спротивност на морално однесување.

Наводи

уреди
  1. Nikolo Makijalveli, Vladalac, 5. izdanje. Beograd: Akia Mali princ, 2018.
  2. „Komentari“. Во: Nikolo Makijalveli, Vladalac, 5. izdanje. Beograd: Akia Mali princ, 2018, стр. 115-116.
  3. Nikolo Makijalveli, Vladalac, 5. izdanje. Beograd: Akia Mali princ, 2018, стр. 5-10.