Кристофер Марлоу
Кристофер Марлоу,[1] исто така познат како Кит Марлоу (крстен на 26 февруари 1564; починал на 30 мај 1593), бил англиски драматург, поет и преведувач во Елизабетинската ера. Марлоу бил најсилниот Елизабетански писател на трагедии во неговиот ден.[2] Тој во голема мера му влијаел на Вилијам Шекспир, кој е роден во истата година како и Марлоу, и кој станал познат по раната и мистериозна смрт на Марлоу. Драмите на Марлоу се препознатливи според примената на белиот стих и по големиот број на ликови.
Кристофер Марлоу Christopher Marlowe | |
---|---|
Анонимен портрет во колеџот Корпус Кристи, за кој се верува дека е на Кристофер Марлоу | |
Роден/а | крштеван на 26 февруари 1564 Кантербури, Кент, Англија |
Починат/а | 30 мај 1593 (29 години) Детфорд, Кент, Англија |
Занимање | драматург, поет |
Јазик | Раносовремен англиски јазик |
Националност | Англиско |
Апсолвент на | Колеџ Корпус Кристи, Кембриџ |
Период | 1564–93 |
Книжевно движење | Елизабетски театар |
Значајни дела | Херојот и Леандер, Едвард Втори, Трагичната историја на доктор Фауст |
На 18 мај 1593 беше издадена наредба за апсењето на Марлоу. Немаше конкретна причина, иако некои мислеле дека е поврзано со наводите на хула—ракопис за кој се верува дека бил напишани од страна на Марлоу и содржел "непријатни еретички концепти". На 20 мај, тој наводно бил изведен пред суд за да го испрашуваат. Не постојат докази дека навистина излегол пред суд, но сепак, му било наредено да доаѓа секој ден на испрашување сè додека не му било дозволено спротивното. Десет дена подоцна, тој бил избоден до смрт од страна на Инграм Фрејзер. До ден денес не се знае дали неговата смрт има врска со неговото апсење.[3]
Личен живот
уредиРан живот
уредиМарлоу е роден во Кантербери како син на чевларот Џон Марлоу и неговата сопруга Кетрин. Неговиот датум на раѓање не се знае, но тој бил крстен на 26 февруари 1564, и веројатно се родил неколку дена порано. Според тоа, тој бил само два месеци постар од неговиот современик Вилијам Шекспир, кој бил крстен на 26 април 1564 во Стратфорд на Ејвен.
Марлоу одел во кралското училиште во Кантербери (каде што има куќа што е именувана по него) и Корпус Кристи Колеџ, Кембриџ, каде што студирал на стипендија и ја добил својата диплома за Уметности во 1584.[4] Во 1587 универзитетот се двоумел дали да го награди со степенот „Мајстор на уметност“ поради гласините дека има намера да оди во англискиот колеџ на Ремс, веројатно за да се подготви да работи како свештеник во Римокатоличката црква. Но, неговиот степен му го доделил државниот совет поради неговата верност кон и служба на Кралицата.[5] Видот на неговата служба не била наведена од страна на Советот, но нивното писмо до Кембриџ предизвика многу шпекулации, особено теоријата дека Марлоу бил таен агент беше кои работел за разознувачката служба на Сер Френсис Валсигнам .[6] Нема директни докази кои ја поддржуваат оваа теорија, иако писмото од советот е доказ дека Марлоу работел за владата во некои тајности.
Сексуалност
уредиКако и за Вилијам Шекспир, за Марлоу често се тврди дека е хомосексуалец. Проучувачите укажуваат на хомосексуалните теми во неговите дела. Во Херојот и Леандер Марлоу пишува за младиот Леандер: "во неговиот изглед беше сè што мажите го посакуваат"[7] и дека кога тој допливал да го посети Херојот во Сестос, богот на морето Нептун станал возбуден, замислувајќи го како Ганимед.[8] Едвард Втори содржи пасус кој ги поддржува хомосексуалните односи, наведувајќи познати двојки како: Александар и Хефестион, Херкул и Хилас, Патрокле и Ахил, Цицерон и Октавијан, и Сократ и Алкибијад.[9]
Марлоу ја напишал единствената претстава за животот на Едвард II во неговото време, земајќи ја хуманистичката книжевна дискусија за машката сексуалност многу подалеку од неговите современици. Претставата беше исклучително директна, сврзана со љубовната приказна на Едвард Втори и Пирс Гавестон. Иако беше вообичаена практика во тоа време да се откријат некои ликови како хомосексуалци за публиката да се сомнева дека се виновници за некој криминал, Едвард II е прикажан како симпатичен карактер.[10]
Книжевна кариера
уредиБелешки
уредиНаводи
уреди- ↑ "Christopher Marlowe was baptised as 'Marlow,' but he spelled his name 'Marley' in his one known surviving signature."
- ↑ Robert A. Logan, Shakespeare's Marlowe (2007) p.4.
- ↑ Nicholl, Charles (2006).
- ↑ „Marlowe, Christopher (MRLW580C)“. A Cambridge Alumni Database. University of Cambridge.
- ↑ For a full transcript, see Peter Farey's Marlowe page Архивирано на 23 декември 2016 г. (Retrieved 30 April 2015).
- ↑ He died in a deadly brawl.
- ↑ Hero and Leander, 88 (see Project Gutenberg).
- ↑ Hero and Leander, 192–193.
- ↑ Simon Barker, Hilary Hinds (2003). The Routledge Anthology of Renaissance Drama. Routledge. Посетено на 9 February 2013.
- ↑ Marlowe, Christopher; Forker, Charles R. (15 October 1995). Edward the Second. Manchester University Press. ISBN 9780719030895.