Википедија:Вики за човековите права 2023
Вики за човековите права 2023 — меѓународна иницијатива за создавање содржини за поголема покриеност на темите поврзани со човековите права и здравата животна средина на Википедија. Иницијативата се одржала под крилатицата „Право на здрава житовна средина“ со посебен осврт на врската меѓу отровите и загадувањето со човековите права. Таа вклучувала меѓународен предизвик во организација на Фондацијата Викимедија во соработка со Канцеларијата на Високиот комесар за човекови права на Обединетите нации, Програмата на ООН за животна средина и УНИЦЕФ.
Во насока на поголема застапеност на темите поврзани со човековите права и здравата животна средина на македонски јазик, заедницата на Википедија на македонски јазик земла учество преку организирање уредувачка седмица на тема „Еколошка правда и човекови права“ во периодот 25–31 мај 2023 година.
Упатство за учество
уредиОсновни податоци
уреди- Почеток: 25 мај 2023 г. во 00:00 ч. (CEST).
- Крај: 31 мај 2023 г. во 23:59 ч. (CEST).
- Место на одржување: секое место со пристап до интернет.
- Тема: Еколошка правда и човекови права.
Пријава
уреди- Чекор 1: Создајте корисничка сметка тука или најавете се доколку веќе имате.
- Чекор 2: Додадете го корисничкото име во списокот на учесници и одберете статија од списокот на статии за уредување. Со цел да се спречи истовремено уредување на една статија од повеќе учесници, задолжително додадете ги статиите коишто планирате да ги уредувате во списокот на учесници.
- Чекор 3: Додека сте најавени, додадете го корисничкото име во списокот на учесници во меѓународната иницијатива и пријавете се со своето корисничко име на контролната табла на иницијативата. Последното овозможува преглед на сите уредувања направени за време на уредувачката седмица.
Награди
уредиНаградиим биле доделени на тројцата најплодотворни учесници во облик на вредносни купони за облека, и тоа:
- Прва награда: купон во вредност од 4.000 денари.
- Втора награда: купон во вредност од 3.000 денари.
- Трета награда: купон во вредност од 2.000 денари.
Важно: За да се освои било која награда, потребно било да се создадат или подобрат најмалку 25 статии!
Содржина за уредување статии
уредиВо овој дел е направен преглед на корисни материјали за уредување, наведен е список со потребни статии, а прикажана е и табела за евиденција на придонесите. Додавањето нови содржини можело да се врши преку превод на содржини од другите јазични изданија на Википедија, но особено се охрабрувало дополнување со информации од други расположливи материјали. Препорака за новите и помалку искусни корисници било да ја користат алатката за превод на статии на Википедија (видео-упатство од десната страна).
Материјали за уредување
уреди- Надворешни врски
- Право на здрава животна средина
- Еколошки бегалци
- Биоразновидноста и човековите права
- Заштитници на човековите права за животна средина
- Еколошки расизам
Списоци на статии за уредување
уредиИзборот на статии за уредување било препорачано да се врши од следниот список којшто покрива теми за врската на отровите и загадувањето со човековите права:
Дополнително, за создавање или подобрување на статии можело да се користат другите јазични изданија на Википедија, дигитализирани и други материјали.
- од Википедија на англиски јазик
Список на учесници
уреди- (Н) — новосоздадена статија
- (П) — подобрена статија
Резултати
уредиБрој | Корисник | Збирен резултат1 |
---|---|---|
1 | Тиверополник | 1.266.588 |
2 | 19user99 | 930.376 |
3 | Ivka20 | 481.173 |
1 Збирниот резултат претставува број на додадени знаци на Википедија преку уредените статии, за што е користена контролната табла на иницијативата на којашто биле пријавени сите учесници.
Надворешни врски
уреди- Вики за човековите права 2023 — службена страница на иницијативата на Мета.
- Renewing #WikiForHumanRights in 2023: Advancing regional knowledge around the right to a healthy environment — напис на платформата Диф.