Глобален договор за загадување со пластика
Земјите-членки на ООН преговараат за освојување на правно обврзувачки меѓународен договор за пластика кој ќе се однесува на целиот животен циклус на пластиката, од нејзиниот дизајн до производство и отстранување. На 2 март 2022 година, земјите-членки на ОН гласале за продолжување на петтото собрание за животна средина на ОН (UNEA-5.2) за формирање Меѓувладин преговарачки комитет (МПК) со мандат за унапредување на правно-обврзувачки меѓународен договор за пластика.[1][2][3] Резолуцијата е насловена како „Крај на загадувањето со пластика: кон меѓународен правно обврзувачки инструмент“.
Меѓународен правно обврзувачки договор за пластика | |
---|---|
Тип | Меѓународен договор |
Времеплов
уредиПо UNEA-5.2, мандатот прецизира дека Меѓувладиниот преговарачки комитет (МПК) морал да ја започне својата работа до крајот на 2022 година со цел „да се комплетира нацрт-глобален правно обврзувачки договор до крајот на 2024 година“.[4]
Работата кон договорот започнала со состанокот на ад хок отворена работна група (OEWG) во Дакар, Сенегал од 30 мај до 1 јуни 2022 година [5] За време на тој состанок, земјите-членки утврдиле временска рамка за одржување на следните состаноци до крајот на 2024 година, деловник за работа и првичниот обем на работа за првиот состанок на Меѓувладиниот преговарачки комитет (МПК).[6]
- Првиот состанок на преговарачкиот комитет (МПК-1) се одржал во Пунта дел Есте, Уругвај во периодот од 28 ноември 2022 година до 2 декември 2022 година. Дневниот ред содржел точки меѓу кои и формално усвојување на деловникот.[7] Учествувале преку 2.300 делегати од 160 земји.[8]
- Вториот состанок на преговарачкиот комитет (МПК-2) требало да се одржи во Париз, Франција во периодот од 29 мај 2023 година до 2 јуни 2023 година.[9]
До крајот на 2024 година се планирани уште три средби. Кенија, Канада и Република Кореја понудиле да бидат домаќини на МПК-3, МПК-4 и МПК-5. Во 2025 година, договорот треба да биде финализиран на конференцијата на ополномоштените претставници, со Еквадор, Перу, Руанда и Сенегал како потенцијални домаќини [10]
Содржина
уредиЧленовите се согласиле дека договорот ќе биде меѓународен по обем, правно обврзувачки и треба да се однесува на целосниот животен циклус на пластиката, вклучувајќи го и нејзиното дизајнирање, производство и отстранување.[4] Според договорот, ќе треба да се пронајде решение и за хемикалиите содржани во пластиката, како што се адитиви, помагала за обработка и ненамерно додадени супстанции.[11][12]
Поддршка за договорот
уредиПред УНЕА-5.2, мнозинството земји-членки на ООН ја изразиле својата поддршка за унапредување на глобален договор.[13] Други групи кои постојано даваат јавни изјави за потребата од договор го вклучуваат бизнис секторот,[14] граѓанското општество, домородните народи, работниците, синдикатите,[15] собирачите на отпад [16] и научниците.[17]
Наводи
уреди- ↑ Geddie, John (2 March 2022). „'Biggest green deal since Paris': UN agrees plastic treaty roadmap“. Reuters.
- ↑ „Plastic pollution: Green light for 'historic' treaty“. BBC News. March 2, 2022.
- ↑ Tabuchi, Hiroko (March 2, 2022). „The World Is Awash in Plastic. Nations Plan a Treaty to Fix That“. The New York Times.
- ↑ 4,0 4,1 „Historic day in the campaign to beat plastic pollution: Nations commit to develop a legally binding agreement“. UN Environment (англиски). 2022-03-02. Посетено на 2022-08-01.
- ↑ „Ad hoc open‑ended working group (OEWG) to prepare for the intergovernmental negotiating committee on plastic pollution“. UNEP - UN Environment Programme (англиски). Посетено на 2022-08-01.
- ↑ UNEA Resolution 5/14 – End plastic pollution: Towards an international legally binding instrument*
- ↑ „Proposed approach to the work of the intergovernmental negotiating committee (INC) developing an international instrument on plastic pollution, including in the marine environment“ (PDF). United Nations Environment Programme (UNEP). Посетено на 1 August 2022.
- ↑ IISD Summary report, 26 November – 2 December 2022
- ↑ UNEP Second session of Intergovernmental Negotiating Committee to develop an international legally binding instrument on plastic pollution
- ↑ IISD Negotiations on a Global Plastics Treaty Get Underway
- ↑ Wang, Zhanyun; Praetorius, Antonia (2022-11-22). „Integrating a Chemicals Perspective into the Global Plastic Treaty“. Environmental Science & Technology Letters (англиски). 9 (12): 1000–1006. doi:10.1021/acs.estlett.2c00763. PMID 36530847 Проверете ја вредноста
|pmid=
(help). - ↑ Simon, Nils; Raubenheimer, Karen; Urho, Niko; Unger, Sebastian; Azoulay, David; Farrelly, Trisia; Sousa, Joao; van Asselt, Harro; Carlini, Giulia (2021-07-02). „A binding global agreement to address the life cycle of plastics“. Science. 373 (6550): 43–47. doi:10.1126/science.abi9010. PMID 34210873 Проверете ја вредноста
|pmid=
(help). - ↑ „Global Plastic Navigator“. plasticnavigator.wwf.de. Посетено на 2022-08-01.
- ↑ „THE BUSINESS CALL FOR A UN TREATY ON PLASTIC POLLUTION“. www.plasticpollutiontreaty.org (англиски). Посетено на 2022-08-01.
- ↑ „Civil Society, Indigenous Peoples, Workers and Trade Unions, and Other Organizations - A New Global Treaty On Plastic Pollution“. www.plasticstreaty.org (англиски). 2022-02-05. Посетено на 2022-08-01.
- ↑ „The World Is Awash in Plastic. Nations Plan a Treaty to Fix That“. www.nytimes.com (англиски). 2022-03-02. Посетено на 2023-05-18.
- ↑ „Scientists - A New Global Treaty On Plastic Pollution“. A New Global Treaty On Plastic Pollution - (англиски). 2022-02-05. Архивирано од изворникот на 2023-04-05. Посетено на 2022-08-01.