Биокапацитетот или биолошкиот капацитет на екосистемот е проценка на неговото производство на одредени биолошки материјали како што се природните ресурси и неговата апсорпција и филтрирање на други материјали како јаглерод диоксид од атмосферата.[1][2]

Биокапацитетот се користи заедно со еколошкиот отпечаток како метод за мерење на човековото влијание врз животната средина. Биокапацитетот и еколошкиот отпечаток се алатки создадени од Глобалната мрежа за отпечаток, кои се користат во студиите за одржливост низ целиот свет.

Биокапацитетот е изразен во глобални хектари по лице, па затоа зависи од човечката популација. Глобален хектар е приспособена единица која ја претставува просечната биолошка продуктивност на сите продуктивни хектари на Земјата во дадена година (бидејќи не сите хектари произведуваат иста количина на екосистемски услуги). Биокапацитетот се пресметува од податоците на Обединетите нации за населението и податоци за искористувањето на земјиштето и може да се пресметува на различни регионални нивоа, како град, земја или на светот во целина.

На пример, на оваа планета во 2016 година имало околу 12,2 милијарди хектари биолошки продуктивна земја и вода. Ако се подели со бројот на живи луѓе во таа година, 7,4 милијарди, се добива биокапацитет за Земјата од 1,6 глобални хектари по човек. Овие 1,6 глобални хектари ги вклучуваат областите за диви видови кои се натпреваруваат со луѓето за простор.[3]

Примени на биокапацитетот

уреди

Зголемувањето на глобалното население може да резултира со намалување на биокапацитетот. Ова обично се должи на фактот што ресурсите на Земјата луѓето треба да ги делат; затоа, остануваат малку ресурси за снабдување на зголемената побарувачка на зголемената популација.[4] Во моментов, ова прашање може да се реши со аутсорсинг. Сепак, ресурсите ќе ги снема поради зголемените барања и како резултат на тоа, може да настане колапс на екосистемот како последица на таквите активности.[4] Кога еколошкиот отпечаток станува поголем од биокапацитетот на населението, постои сомневање за дефицит на биокапацитет.[5] „Глобален биокапацитет“ е термин кој понекогаш се користи за да се опише вкупниот капацитет на екосистемот да поддржува различни континуирани активности и промени. Кога еколошкиот отпечаток на населението го надминува биокапацитетот на средината во која тоа живее, ова се нарекува „дефицит на биокапацитет“. Таквиот дефицит поттекнува од три извори: прекумерна употреба на сопствените екосистеми („пречекорување“), нето увоз или користење на глобалните заеднички работи.[5][6] Најновите податоци од Global Footprint Network сугерираат дека човештвото искористило еквивалентност од 1,7 Земји во 2016 година.[7] Доминантниот фактор на глобалното еколошко пречекорување доаѓа од емисиите на јаглерод диоксид што произлегуваат од согорувањето на фосилните горива.[8] Дополнителните стресови од стакленички гасови, климатските промени и закиселувањето на океаните исто така можат да го влошат проблемот.[4] Во однос на дефиницијата за биокапацитетот: 1.7 Земји значи дека обновливите извори се ликвидираат затоа што се трошат побрзо отколку што ресурсите можат да се регенерираат.[4] Затоа, ќе биде потребна една година и осум месеци за ресурсите што човештвото ги искористи за една година да можат повторно да се регенерираат, вклучувајќи ја и апсорпциатја на целиот отпад што го создаваме.[4] Така, наместо да користиме ресурси во вредност од една година годишно, ние годишно трошиме ресурси кои треба да ни траат една година и осум месеци.

Дополнително, ако оваа состојба се влоши, ќе се постави еколошки резерват на области за да се зачуваат нивните екосистеми. Свеста за нашите ресурси кои се исцрпуваат ги вклучува земјоделското земјиште, шумските ресурси и пасиштата.[9] Затоа, биокапацитетот што се користи во корелација со еколошкиот отпечаток може да покаже дали одредена популација, регион, земја или дел од светот живее со средствата на нивниот капитал. Последователно, проучувањето на биокапацитетот и еколошкиот отпечаток е познато како Анализа на еколошки отпечаток (EFA).[1]

Врз биокапацитетот влијае и технологијата што се користи во текот на годината. Технологијата значително влијае на понудата и побарувачката на ресурси, што пак влијае на биокапацитетот.[1] Оттука, она што се смета за „корисно“ може да се менува од година во година..

Покрај ова, еколозите создадоа калкулатори за еколошки отпечаток за едно лице(и) за да утврдат дали тие опфаќаат повеќе од она што е достапно за нив во нивната популација.[10] Следствено, резултатите од биокапацитетот ќе се применат на нивниот еколошки отпечаток за да се утврди колку тие можат да придонесат или одземат од одржливиот развој.

Општо земено, биокапацитетот е количината на ресурси достапни во одреден момент во времето за одредена популација (понуда) и за да се направи разлика помеѓу еколошкиот отпечаток - што е еколошка побарувачка за регионалниот екосистем.[10] Биокапацитетот може да ги одреди човеовите влијанија врз Земјата. Со одредување на продуктивноста на земјиштето (т.е. ресурсите достапни за човекова потрошувачка), биокапацитетот ќе може да ги предвиди и можеби да ги испита ефектите врз екосистемите врз основа на собраните резултати од човековата потрошувачка. Биокапацитетот на областа се пресметува со множење на вистинската физичка површина со факторот на принос и со соодветниот фактор на еквивалентност. Биокапацитетот обично се изразува во глобални хектари (gha).[11] Бидејќи глобалните хектари можат да ја претворат човековата потрошувачка како храна и вода во нешто што може да се измери, биокапацитетот може да се примени за да се одреди носивоста на Земјата. Исто така, бидејќи економијата е поврзана со различни производни фактори како што се природните ресурси, биокапацитетот може да се примени и за одредување на човечкиот капитал.[12]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 „Frequently Asked Questions“. Global Footprint Network: Advancing the Science of Sustainability. Посетено на 11 August 2014."Frequently Asked Questions". Global Footprint Network: Advancing the Science of Sustainability. Retrieved 11 August 2014.
  2. Yue, Dongxia; Guo, Jianjun; Hui, Cang (2013). „Scale dependency of biocapacity and the fallacy of unsustainable development“. Journal of Environmental Management. 126: 13–19. doi:10.1016/j.jenvman.2013.04.022. PMID 23648317. |hdl-access= бара |hdl= (help)
  3. „Ecological Wealth of Nations: Earth's Biocapacity as a new framework for International Cooperation“. Архивирано од изворникот на 2012-05-06. Посетено на 2011-12-21.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 „What does ecological overshoot mean?“. World Wildlife Fund. WWF. Посетено на 11 August 2014.
  5. 5,0 5,1 „Natures regenerative capacity“. World Wildlife Fund. WWF. Посетено на 11 August 2014.
  6. Venetoulis, Jason; Talberth, John (5 January 2007). „Refining the ecological footprint“. Environment, Development and Sustainability. 10 (4): 441–469. doi:10.1007/s10668-006-9074-z.
  7. „Open Data Platform“.
  8. Blomqvist, Linus; Brook, Barry W.; Ellis, Erle C.; Kareiva, Peter M.; Nordhaus, Ted; Shellenberger, Michael (2013). „Does the Shoe Fit? Real versus Imagined Ecological Footprints“. PLOS Biology. PLOS biology journal. 11 (11): e1001700. doi:10.1371/journal.pbio.1001700. PMC 3818165. PMID 24223517.
  9. Hayden, Anders (December 30, 2013). „ecological footprint (EF)“. Encyclopædia Britannica. Encyclopædia Britannica Inc. Посетено на 11 August 2014.
  10. 10,0 10,1 Hopton, Matthew E.; White, Denis (2012). „A simplified ecological footprint at a regional scale“. Journal of Environmental Management. 111: 279–286. doi:10.1016/j.jenvman.2011.07.005. PMID 22033065.
  11. „Bioresources, Biocapacity of Ecosystems, and related terms“. Michel Serres Institute: for resources and public goods. Посетено на 11 August 2014.
  12. Ünal, Huseyin; Aktuğ, Muhammet (11 February 2022). „The impact of human capital and bio-capacity on the environmental quality: evidence from G20 countries“. Environ Sci Pollut Res. 29 (30): 45635–45645. doi:10.1007/s11356-022-19122-0. PMID 35149945 Проверете ја вредноста |pmid= (help). Посетено на 29 April 2023.

Надворешни врски

уреди

Видеа

Наоѓање на биокапацитетот на Австралија Д-р Матис Вакернагел го објаснува биокапацитетот и како се пресметува.
Еколошки биланси за 180+ земји Глобална мрежа за отпечаток

Рецензирани статии

Важноста на безбедноста на ресурсите за искоренување на сиромаштијата;
Пркосејќи на отпечатокот Oracle: Импликации од трендовите на ресурсите во земјата

Податоци

Резултати од Националните пресметки за отпечаток и биокапацитет