Википедија:Вики за човековите права 2022

Вики за човековите права 2022 — меѓународна иницијатива за одбележување на Денот на планетата Земја преку создавање содржини за поголема покриеност на темите поврзани со човековите права и здравата животна средина на Википедија. Иницијативата се одржала под крилатицата „Право на здрава житовна средина“ и вклучува меѓународен предизвик во организација на Фондацијата Викимедија во соработка со Канцеларијата на Високиот комесар за човекови права на Обединетите нации, Програмата на ООН за животна средина и УНИЦЕФ.

Во насока на поголема застапеност на темите за човековите права и здравата животна средина на македонски јазик, заедницата на Википедија на македонски јазик зема учество преку организирање уредувачки потфати. Меѓународната иницијатива се одржува од 15 април до 15 мај 2022 година, но заедницата на Википедија на македонски јазик во периодот 1–30 април 2022 година го организирала уредувачкиот натпревар „СИЕ Пролет 2022“ во чии рамки биле вклучени списоци со предложени статии на теми за човековите права.

Меѓународен предизвик уреди

Во рамки на иницијативата бил организиран меѓународен предизвик којшто имал за цел збогатување на викимедиините проекти со содржини на теми поврзани со здравата животна средина преку создавање и подобрување статии на Википедија, додавање слики во статиите и уредување предмети на Википодатоци. Повеќе информации за тоа како можело да се учествува во предизвикот и на кој начин биле вреднувани придонесите може да се најдат на оваа страница.

Награди и признанија уреди

Најплодотворните учесници во предизвикот добиле вредносни награди од википедиината продавница, и тоа:

  • Прва награда: купон во вредност од 150 американски долари;
  • Втора награда: купон во вредност од 100 американски долари;
  • Трета награда: купон во вредност од 80 американски долари.

Следните тројца најплодотворни учесници на јазиците коишто не се службени на ООН, односно на било кој јазик освен англиски, арапски, кинески, руски, француски и шпански, добиле купон во вредност од 50 американски долари. Освен наградите, најдобрите десет учесници во предизвикот добиле уверение од Канцеларијата на Високиот комесар за човекови права на Обединетите нации.

Наградни потфати уреди

Сите уредувачки потфати во склоп на иницијативата на Википедија на македонски јазик организирани во периодот на времетраење на меѓународната иницијатива биле дел од меѓународниот предизвик, односно придонесите на учесниците во нив биле засметани во трката за освојување награда во предизвикот. Тие се:

Забелешка: Во описот на секое уредување задолжително требало да се внесе #WikiForHumanRights. (Ова било важно за придонесите во меѓународниот предизвик да бидат пронајдени.)

Уредувачки потфати уреди

СИЕ Пролет 2022 уреди

Во периодот 1-30 април 2022 година е одржан уредувачкиот натпревар „СИЕ Пролет 2022“ во чии рамки биле вклучени списоци со предложени статии на теми за човековите права.

Список на уредени статии за човекови права
Бр. Корисник Придонеси
1 Bojan9Spasovski
2 Тиверополник

Еколошко право уреди

 
Уредувачки викенд „Еколошко право“

Во периодот 16-17 април 2022 година е одржан уредувачки викенд на тема „Еколошко право“.

Материјали

За создавање или подобрување на статии во врска со еколошкото право можело да се користат другите јазични изданија на Википедија, дигитализирани и други материјали.

Список на учесници
Бр. Корисник Придонеси
1 Dandarmkd
  • (Н) — новосоздадена статија
  • (П) — подобрена статија

Еколошки активисти уреди

 
Уредувачки ден „Еколошки активисти“

На 21 април 2022 година е одржан уредувачки ден на тема „Еколошки активисти“.

Материјали

За создавање или подобрување на статиите за еколошки активисти можело да се користат другите јазични изданија на Википедија, дигитализирани и други материјали.

Список на учесници
Бр. Корисник Придонеси
1 Dandarmkd
  • (Н) — новосоздадена статија
  • (П) — подобрена статија

Заштита на природата уреди

 
Уредувачки викенд „Заштита на природата“

Во периодот 23-24 април 2022 година е одржан уредувачки викенд на тема „Заштита на природата“.

Материјали

За создавање или подобрување на статии во врска со заштитата на природата можело да се користат другите јазични изданија на Википедија, дигитализирани и други материјали.

Список на учесници
Бр. Корисник Придонеси
1 Dandarmkd
  • (Н) — новосоздадена статија
  • (П) — подобрена статија

Климатски промени уреди

 
Уредувачка седмица „Климатски промени“

Во периодот 4-10 мај 2022 година е одржана уредувачка седмица на тема „Климатски промени“.

Надворешни врски
Списоци на статии

Изборот на статии за уредување било препорачано да се врши од предложениот список којшто ги покрива следните теми поврзани со климатските промени:

Дополнително, изборот на статии можел да се врши и од следната предлошка на Википедија на англиски јазик:

Списоци на учесници
Бр. Корисник Придонеси
1 Тиверополник
  1. Климатско финансирање (Н)
  2. Судски спор за климатски промени (Н)
  3. Климатска криза (Н)
  4. Климатско инженерство (Н)
  5. Заеднички, но диференцирани одговорности (Н)
  6. Образование за климатски промени (Н)
  7. Климатски промени во уметноста (Н)
  8. Климатска белетристика (Н)
  9. Индекс на перформанси за климатски промени (Н)
  10. Климатски договор од Глазгов (Н)
  11. Климатски долг (Н)
  12. Климатски ризик (Н)
  13. Осигурување од климатски ризик (Н)
  14. Енергетски премин (Н)
  15. Климатските промени и сиромаштијата (Н)
  16. Час на Земјата (Н)
  17. Екоанксиозност (Н)
  18. Историска климатологија (Н)
  19. Протокол од Кјото (Н)
  20. Брза климатска промена (Н)
  21. Сателититско мерење на температурата (Н)
  22. Џудит Кари (Н)
  23. Сандрин Бони (Н)
  24. Хелга Вејс (Н)
  25. Паскал Браконо (Н)
  26. Суша (Н)
  • (Н) — новосоздадена статија
  • (П) — подобрена статија

Зелени политички партии уреди

 
Уредувачки ден „Зелени политички партии“

На 12 мај 2022 година е одржан уредувачки ден на тема „Зелени политички партии“.

Материјали

За создавање или подобрување на статиите за зелени политички партии можело да се користат другите јазични изданија на Википедија, дигитализирани и други материјали.

Список на учесници
Бр. Корисник Придонеси
1 Dandarmkd
  • (Н) — новосоздадена статија
  • (П) — подобрена статија

Друштвени медиуми уреди

Споделувањето на меѓународната иницијатива на друштвените медиуми било препорачано да се врши со тарабните ознаки #WikiForHumanRights, #Wiki4Climate, #EarthDay и #EarthMonth.

Надворешни врски уреди