Википедија:Уредувачки денови

Кратенки:
ВП:УД

Уредувачки денови — тековен проект на здруженијата на граѓани Викимедија МКД (2024-), и поранешен проект на Споделено знаење (2017-2023). Проектот се состои од одредување на ден за уредување на претходно определена тема чија цел е подобрување на постоечките и создавање нови статии од различни области на Википедија на македонски јазик од страна на учесниците.

Правила уреди

Во уредувачкиот ден право на учество имаат сите регистрирани корисници на Википедија на македонски јазик. Уредувањата на корисници со IP-адреса, односно без постоечка сметка на Википедија, нема да бидат земени предвид.

Времетраењето на потфатот е од 00:00 (Средноевропско време или средноевропско летно време) до 23:59 (Средноевропско време или средноевропско летно време) на денот кој што е одреден за уредување. Сите уредувања што се забележани надвор од оваа временска рамка нема да бидат земени предвид.

Статиите коишто се предмет на уредување мора да бидат поврзани со темата на уредувачкиот ден. Со цел да се олесни изборот на тема за уредување и да се спречи истовременото уредување на една иста тема од страна на повеќе корисници, обично се прават списоци со дадени теми кои им стојат на располагање на учесниците за уредување.

Предмет на уредување во уредувачкиот ден се: 1) статии кои не постојат на Википедија на македонски јазик (создавање на нови статии) и 2) постоечки статии на Википедија на македонски јазик (подобрување на статии).

Список на уредувачки денови уреди

2016 уреди

 
Логото на Споделено знаење, организаторот на проектот од 2016 до 2023 година.

2017 уреди

2018 уреди

2019 уреди

2020 уреди

2021 уреди

2022 уреди

2023 уреди

2024 уреди

Поврзано уреди