Марк Она
Марк Она Есангуи ― основач на еколошката невладина организација „Brainforest“ и претседател на „Животна средина Габон“, мрежа на невладини организации. Марк Она Есангуи ги предводел напорите да се разоткријат договорите зад кинескиот проект за рударство во Габон, земја во западна Средна Африка, кој ги загрозувал екосистемите на екваторските прашуми. Според Она Есангуи, предложениот развој на Белинга, проект од 3,5 милијарди долари, бил тајно преговаран. Месните заедници не биле советувани и не се свесни за ефектот што ќе го има проектот врз нивната животна средина. Она ја добил Голдмановата еколошката награда за животна средина во 2009 година за неговата работа.[1] Проектот моментално е во мирување поради недостиг на финансии.[2] Во март 2013 година, Она Есангуи бил осуден на шестмесечна условна затворска казна и парична казна од околу 10.000 долари на САД за клевета на Либан Солеман, висок советник на претседателот Али Бонго Ондимба.[3]
Од јануари 2020 година, Марк Она Есангуи е претседател на движењето „Да ја свртиме страницата“ за демократија во Африка.
Наводи
уреди- ↑ 2009 Goldman Environmental Prize Recipient Marc Ona Essangui
- ↑ „BankTrack.org - dodgydeals - Belinga iron ore project“. www.banktrack.org. Архивирано од изворникот на 5 декември 2009.
- ↑ Reuters