Видолушта

село во Населичко, Егјеска Македонија, Грција
(Пренасочено од Видулуш)

Видолушта, Видолуш или Видулуш (наречено и Виделушта или Виделуш; грчки: Δαμασκηνιά, Дамаскинија; до 1927 г. Βιντελούστι, Виделусти или Βεδυλούστι, Ведилусти[2]) — село во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Горуша на Кожанскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 77 жители (2021), сочинето од погрчени Македонци.[3]

Видолушта
Δαμασκηνιά
Поглед на селото
Поглед на селото
Видолушта is located in Грција
Видолушта
Видолушта
Местоположба во областа
Видолушта во рамките на Горуша (општина)
Видолушта
Местоположба на Видолушта во општината Горуша и областа Западна Македонија
Координати: 40°20′N 21°11′E / 40.333° СГШ; 21.183° ИГД / 40.333; 21.183
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКожански
ОпштинаГоруша
Општ. единицаЦотил
Надм. вис.&10000000000000990000000990 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно77
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа во областа Населица, југозападно од градот Рупишта и северозападно од Лапчишта, во источните падини на планината Одре, на надморска височина од 990 м.[3]

Историја

уреди

Во Отоманското Царство

уреди

Во XIX век Видолушта било македонско село во Населичката каза. Селото се наоѓало на самата македонско-грчка етничка граница — на југ има само грчки (т.е. погрчени македонски) и влашки села.

Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Видолуш имало 405 жители, сите Македонци. Според К'нчов, машкото население добро зборело грчки јазик, поради што неколку автори погрешно го воделе селото како „грчко“.[4][5]

По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Видолиште имало 368 Македонци под врховенство на патријаршијата.[4][6]

На почетокот на XX век во Видолушта имало комитет на ВМОРО. Во 1904 г. андартскиот капетан Георгиос Цондос убил три негови членови.[7]

Во егзархиската статистика за 1908/09 г. Атанас Шопов го води Видолуште во списокот на македонските патријаршистички, полупогрчени села во Населичката каза.[4][8]

На етничката карта на Костурското братство е обележано дека во 1912 г. Виделуш било „грчко“ село.[9]

Во Грција

уреди

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 642 жители. Нивниот број во 1920 г. се намалил на 573.[3]

Во 1927 г. името на селото било променето во Дамаскинија (Δαμασκηνιά).[2]

Стопанство

уреди

Населението одгледува компири, жито, тутун и други земјоделски производи, а делумно се занимава и со сточарството.[3]

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 737 678 570 383 345 354 306 152 77
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

уреди
 
Поранешната селска управа

Во 1918 година, селото станало самостојна општина, чиј атар зафаќал површина од 14 квадратни километри.[3] Општината Видолушта била приклучена во општината Цотил во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Горуша.

Селото припаѓа на општинската единица Цотил со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Горуша, во округот Кожани. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Видолушта, во кој е единствено село.

Општествени установи

уреди
  • Полициска станица

Културни и природни знаменитости

уреди

Цркви

Личности

уреди

Починати во Видолушта

  • Христо Насков (? - 1944) — македонски револуционер, раководител на паравоената организација „Охрана“ во Костурско

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 335.
  4. 4,0 4,1 4,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 274. ISBN 954430424X.
  6. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 226–227.
  7. Силяновъ, Христо (1933). Освободителнитѣ борби на Македония (PDF). I. Илинденското възстание. София: Издание на Илинденската Организация. стр. 197.
  8. Георгиев, Величко, Стайко Трифонов (уред.) (1996). История на българите в документи 1878 - 1944. I, част втора: Българите в Македония, Тракия и Добруджа. София: Издателство „Просвета“. стр. 247. ISBN 954-01-0558-7.
  9. Костурско. Софија: Издание на Костурското братство. 1940.

Надворешни врски

уреди