Вештица Берска
Вештица Берска или само Вештица (грчки: Αγγελοχώρι, Ангелохори; книжевно: Αγγελοχώριον, Ангелохорион; до 1926 година: Βέτιστα, Ветиста или Βέτσιστα, Вециста[2]) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Негуш, во Централна Македонија, Грција.
Вештица Берска Αγγελοχώρι | |
---|---|
Координати: 40°41′N 22°12′E / 40.683° СГШ; 22.200° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Иматија |
Општина | Негуш |
Општ. единица | Иринуполи |
Надм. вис. | 25 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 1,701 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 590 34 |
Повик. бр. | 23320-4 |
Вештица Берска е средиште на архијерејското намесништво Иринуполи на Берско-негушко-камбаниската епархија на Грчката православна црква.[3]
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа на 14 километри североисточно од градот Негуш и 12 километри југоисточно од Вртикоп, на надморска височина од 25 метри.[4] Селскиот атар зафаќа површина од 14 квадратни километри.
Сместено е во Солунското Поле. Маалото, сместено на западната страна на реката Вода, од 1920-тите години на XX век се смета за одделно село - Вештица Воденска.
Историја
уредиИ ова село, како и сите села во околината, до 1924 година била населено исклучително со македонско население.[4]
По 1924 година, по Лозанскиот договор, турското население на Вештица е иселено во Турција, а многу од нив заминале во Бугарија.[5] По Првата светска војна, во селото биле населени понтски Грци, бегалци од Турција. Во 1928 година, Вештица претставува мешана населба со 97 бегалски семејства со вкупно 375 жители.[6]
Во 1926 година, селото било преименувано во Ангелохори (Αγγελοχώρι).[7]
Стопанство
уредиБидејќи се наоѓа во богатото Солунско Поле, каде што се извршени мелиорации и каде постои развиена мрежа за наводнување, селото е многу богато, а неговото население главно се занимава со земјоделство. Главни земјоделски производи се големите количества овошје, пченица и памук. Развиено е и сточарството со голем добиточен фонд, посебно на млечни крави.[4]
Население
уредиСпоред статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година во Вештица живееле 500 Македонци.[4][8] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Вештица имало 664 Македонци.[9]
Во 1910 година, во Вештица имало 244 жители.[10]
Во пописот од 1913 година било забележано со 513, а во 1920 година со 592 жители. По 1923 година тука биле населени поголем број бегалски семејства од Понд (според официјалните податоци 385 бегалци), така што селото станало мешана населба со македонско и грчко население, кое во 1928 година броело 721 жител. Поради понатамошното населување и на други бегалски семејства по 1928 година, во 1940 година селото нараснало на 1.132 жители, во 1951 година имало 1.292, во 1961 година 1.511 жители, во 1971 година 1.575, а во 1981 година 1.670 жители. Во пописот од 1991 година, Берска Вештица била забележана со 2.635 жители, во која бројка биле пресметани и жителите од соседното село Воденска Вештица, кое како такво престанало да постои како посебна населба.[4]
Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 1.707 жители. Со овој попис, селото Воденска Вештица повторно се водело како посебна населба. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 1.701 жител.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 1.132 | 1.292 | 1.511 | 1.575 | 1.670 | 2.635 | 1.707 | 1.701 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
уредиСелото припаѓа на општинската единица Иринуполи со седиште во селото Вештица Берска, која припаѓа на поголемата општина Негуш, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Берска Вештица, во кој е единствено село.
Општествени установи
уреди- Полициска станица
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Βέτιστα - Αγγελοχώρι
- ↑ „Ιερά Μητρόπολη Βεροίας, Ναούσης και Καμπανίας. Ενορίες“. Архивирано од изворникот на 2008-04-12. Посетено на 2016-03-12.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 31.
- ↑ Μιχαηλίδης, Ιάκωβος. Σλαβόφωνοι μετανάστες και πρόσφυγες από τη Μακεδονία και τη Δυτική Θράκη (1912 – 1930), διδακτορική διατριβή, Θεσσαλονίκη 1996. Цитирано по: Δημήτρης Λιθοξόου. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βέροιας, 1886 - 1927
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ К’нчов, Васил. Македонија. Етнографија и статистика, София, 1902, стр. 144.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 190-191.
- ↑ Αθανάσιος Χαλκιόπουλος, Εθνολογική στατιστική των βιλαετίων Θεσσαλονίκης και Μοναστηρίου, Αθήναι 1910. Цитирано по: Δημήτρης Λιθοξόου. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βέροιας, 1886 - 1927
Белешки
уреди- Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.